Забава
Шварценегер вози велосипед низ Санта Моника една недела по вакцината против Ковид-19

Легендарниот акционен херој и фитнес-икона Арнолд Шварценегер минатата есен повторно беше подложен на операција на срцето.
Но, Арни се држи до својата секојдневна рутина за одржување добра форма. Тој во вторникот беше забележан како крстосува со својот велосипед во сончевата Санта Моника, Калифорнија, една недела откако ја прими вакцината против Ковид-19.
Поранешниот гувернер (73) на себе има кафеава кожена јакна обложена со теди-руно, во комбинација со црни панталони.
Во средата, sвездата на „Конан“ сподели видео на својот Инстаграм на кое се гледа како ја прима вакцината, и ги повика фановите да го следат примерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Фиби Диневор – од хероина на драма до современа модна муза

Со неверојатни 82 милиони домаќинства што ја гледале хит-серијата „Бриџертон“ во текот на првиот месец – со што драмата е најуспешното издание на „Нетфликс“ досега – слободно може да се каже дека Фиби Диневор е една од најголемите sвезди во 2021 година.
Сепак, додека ги освојува срцата на фановите од целиот свет како слатка, но со силна волја Дафне Бриџертон, Диневор стана најновото заштитно лице на современиот луксузен моден бенд Self-Potrait.
Збогум на корсетите, здраво на современиот шик за главната дама на „Бриџертон“.
Забава
Џорџ Клуни однел куче на аудиција

59-годишниот актер порано со себе носел разни предмети за да го запаметат режисерите за кастинг, но признава дека ваквиот пристап не бил секогаш успешен.
„Бев како човек за реквизити. Еднаш однесов куче на аудиција и само го држев под пазуви, иако немаше куче во сцената. Филмот беше за семејни врски. Не ја добив улогата, очигледно тоа не функционираше “.
Ѕвездата на „Полноќно небо“ им порача на младите амбициозни актери да не вршат премногу притисок врз себе кога станува збор за аудиција.
Тој за магазинот W изјави: „Актерите одат на аудиција, велејќи: ве молам да ви се допаднам, ве молам. Јас секогаш велам: Најлошото нешто што може да се случи е да не добиеш работа што ја немаш. Ми требаше долго време да сфатам дека веднаш штом ќе заборавам на притисокот, аудицијата поминува многу подобро.“
Забава
Канjе Вест потрошил 16.6 милиони долари сопствени пари за својата претседателска кампања

43-годишниот рапер кој се кандидираше за претседател на САД, наводно, го самофинансирал поголемиот дел од својата кандидатура.
Тој обезбедил само 2 милиони долари од надворешни соработници, пишуваат весниците, потсетувајќи дека тој доби само 66.000 гласови, што значи дека секое ливче во гласачката кутија чинело просечно по 200 долари.
Според извештајот на Федералната изборна комисија (ФЕЦ), поголем дел од средствата за кампањата на Канје во износ од 14.5 милиони долари биле платени за „пристап до гласачките ливчиња“, а на крајот на кампањата тој останал со 1.3 милиони долари.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран