Забава
Шерон Озборн се извини дека застанала во одбрана на Пирс Морган

Шерон Озборн јавно го поддржа својот пријател Пирс Морган откако тој се откажа од „Добро утро Британија“ поради одбивањето да ѝ се извини на Меган Маркл за навредливите коментари.
А сега, таа се огласи на Твитер со извинување за нејзината поддршка за Морган, а ваквото извинување некои британски веснци го квалификуваа како понизно и грозно.
Пирс Морган, ѕвездата на Good Morning Britain, ја напушти својата улога на водител во изминатите пет години откако рече дека не ѝ верува ниту збор на Меган Маркл, алудирајќи на нејзиното тврдење во интервјуто со Опра Винфри дека помислувала на самоубиство.
Во екот на бурата, неговата пријателка Шерон (68) се појави во американското ток-шоу The Talk и рече: „Се чувствувам како да ќе ме стават на електричен стол затоа што имам пријател за кој многумина мислат дека е расист , па тоа ме прави и мене расист.“
Сепак, таа подоцна се огласи на Твитер со извинување.
Шерон, која е во брак со рок-легендата Ози Озборн речиси 40 години, напиша: „Отсекогаш сум бил прифатена со толку многу љубов и поддршка од афроамериканската заедница и имам длабока почит и љубов кон нив.“
„На сите Афроамериканци што го навредив и оние што се чувствуваат збунети или изневерени од она што го реков, навистина ми е жал.“
„Испаничив, се чувствував заслепена, застанав во одбрана и дозволив да преовлада стравот од обвинувања дека сум расист“.
По избувнувањето на Пирс, што предизвика повеќе од 41.000 поплаки до британскиот регулатор за комуникации „Офком“, Шерон беше меѓу првите кои застанаа во негова одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Софија Вергара и Хајди Клум во лежерно издание за судиските должности во „Америка има талент“

Тие се дел од четиричленото жири на забавното ТВ-шоу за таленти.
Sвездите на America’s Got Talent, Софија Вергара и Хајди Клум, пристигнаа во стил пред студиото за снимање во Лос Анџелес, Калифорнија.
48-годишната Софија во лежерно летно издание – бела плетена блуза во комбинација со кропнати фармерки. Ако некој во Холивуд сака да носи искинати фармерки, тогаш тоа е дефинитивно актерката Вергара. Атрактивната Колумбијка не може да го скрие својот сексапил, па дури и во секојдневна облека.
Поранешниот супермодел Хајди (47) на себе има светлозелено палто во боја на лимета со големи ревери.
Забава
„Годзила против Конг“ на врвот на киноблагајните со најголема заработка од почеткот на пандемијата

„Ворнер брос пикчрс груп“, една од најголемите филмски компании во светот, продолжува да докажува дека нејзинта стратегија на хибридни премиери во киносалите и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ се исплати.
„Годзила против Конг“ постави нов рекорд среде пандемија.
Чудовиштето од „Ворнер брос“ е официјално филм со најголема заработка во ерата на Ковид-19 на домашните киноблагајни завршувајќи во петокот со вкупно 60 милиони долари. Го престигна дотогашниот шампион „Тенет“ (58,2 милиони долари).
На глобално ниво „Годзила против Конг“ веќе заработи речиси 300 милиони долари ставајќи се на пат да ги надмине 363-те милиони долари на „Тенет“ во светски рамки некаде следната недела.
Минатата недела филмот со џиновското суштество го забележа најголемото деби од почетокот на пандемијата, со 28 милиони долари за три дена (се отвори во средата, 31 март) и 31,6 милион долари за време на викендот.
На високобуџетскиот блокбастер му беа потребни само две недели да стане филм со најголема заработка за време на пандемијата на Ковид-19.
Godzilla vs. Kong, всушност, додаде 20 киносали од својот дебитантен викенд, што значи дека се прикажа во 3.084 кина.
RelishMix исто така објави дека филмот има голем напредок во активноста на социјалните мрежи, со над 500.000 нови претплатници за канали на „Ворнер брос“.
Забава
(Видео) Принцот Хари ќе присуствува на погребот на својот дедо во цивилна облека

Се очекува принцот Хари да не носи воена униформа на погребот на принцот Филип откога тој се повлече од своите должности во кралското семејство.
Војводата од Сасекс ја изгуби улогата на главен капетан на кралските маринци, која ја презеде од својот дедо, како и на уште две почесни воени функции. Тоа значи дека тој не може да носи официјални униформи на настапи и, најверојатно, ќе пристигне на службата в сабота во костум како и другите поранешни војници. Тоа ќе биде сосем спротивно на татко му, принцот Чарлс, и на брат му, војводата од Кембриџ, за кои се очекува да присуствуваат во воена униформа.
Принцот Ендру е единствениот постар маж кој се очекува да пристигне во костум по повлекувањето од јавната функција во 2019 година поради неговата врска со милијардерот педофил Џефри Епштајн.
Хари не се врати во Велика Британија по поднесувањето оставка од сите функции во кралското семејство пред нешто повеќе од една година.
Војводата (36) наводно отпатувал од својот дом во Калифорнија, а на неговата бремена сопруга Меган Маркл ѝ било препорачано да не лета за Велика Британија. Секако, Меган направила сè за да му се придружи на сопругот, но докторот не ѝ дал дозвола да патува.
Војводата и војвотката објавија почит кон принцот Филип на интернет-страницата на својата фондација „Арчвел“, каде што пишуваше: „Во спомен на Неговото кралско височество, војводата од Единбург, 1921-2021 година. Ви благодариме за услугата… Многу ќе ни недостигате“.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш