Забава
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот клупски куп 2018

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ повторно во борба за европски медал. „Алкалоид“ како европски клупски шампион во шах за 2016 година и вицешампион за 2017 година и оваа година амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски клупски куп, кое ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција.
Минатата година успехот беше надополнет со 5 медали за индивидуални резултати по табли (4 златни и еден сребрен). По двата последователни историски резултати, новиот предизвик за екипата е освојување уште еден медал и со тоа да се запише во листата на 8 најуспешни екипи во современата историја на европските клупски шаховски натпреварувања.
Дотогаш екипата на „Алкалоид“ ќе учествува на екипниот Шампионат на Македонија, од 11 до 17 август во Струга. Шампионскиот состав и оваа година е непроменет и ќе се бори за 7. последователна титула или вкупно ја брка својата 21. шампионска титула во 27. настап од 1992 година. Покрај најдобрите македонски шахисти, стандардни членови на клубот, ВМ Трајко Недев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Дејан Стојановски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ВМ Влатко Богдановски, дел на екипата се и четворицата велемајстори од светскиот врв. Странските играчи во изминатите години повеќепати биле дел од составот на ШК „Алкалоид“ и на овој начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години.
Дмитриј Јаковенко – член на Руската шаховска репрезентација; европски шампион за 2012 година; светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година, двапати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), трипати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2005, 2006, 2016). На ЕКК 2016 играше на четврта табла, при што освои 3,5 поени од 6 партии. На ЕКК 2017 играше на петтата табла и со 5,5 поени од 7 партии освои златен медал за индивидуален резултат.
Јуриј Криворучко – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација која освои сребрен медал на Олимпијадата 2016 година; шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последните 7 години. Секогаш максимално мотивиран кога настапува за екипата на „Алкалоид“, во 2015 година освои бронзен медал за индивидуален резултат на Европскиот клупски куп, во 2016 година освои 5 поени од 7 партии и повторно во 2017 година со 6 поени од 7 партии освои златен медал.
Дмитриј Андрејкин – светски јуниорски првак за 2010 година и шампион на Русија за 2012 година, трипати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2009, 2010, 2016), трипати (2008, 2012, 2015) златен медал за индивидуален резултат на Европски клупски куп. На ЕКК 2016 играше на втора/дел од партиите и на прва табла, при што освои значајни 4,5 поени од 7 партии, без пораз! Во 2017 година настапи на третата табла и со 5,5 поени (без пораз) од 7 партии освои златен медал.
Павел Елјанов – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација, со која има освоено две олимписки злата и сребро во 2016; во 2015 година на Светскиот куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, три =пати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2009, 2010 и 2016). Со својата сигурна игра, како еден од најуспешните, на ЕКК 2016 освои бронзен медал за индивидуален резултат на трета/делумно и втора табла (4,6 поени од 6 партии).
Како најсилен шаховски клуб во Македонија, ШК „Алкалоид“ останува и понатаму главен столб на македонските репрезентации, а очигледно и странските играчи на ист начин се дел и од своите државни репрезентации. Функционирајќи веќе 42 години под континуирано спонзорство на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, клубот важи за еден од најуспешните во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кети Пери во црвен корсет како секси Баба Мразица

Американската пејачка Кети Пери (34) неодамна се пофали со предизвикувачки божикни фотографии на социјалните мрежи и ги воодушеви обожавателите. За да го сними спотот за песната „Cozy Little Christmas“, која собра повеќе од четири милиони прегледи за еден ден, Кети се преправи во Баба Мразица.
Таа позираше во црвен корсет и во фустан, и танцуваше во голема чаша мартини полна со алкохол.
„Дали некогаш сте се запрашале како Дедо Мраз го поминува денот по Божик“, ги праша Пери своите фанови на својот инстаграм-профил. Кон крајот на август се зборуваше дека пејачката очекува дете со својот свршеник, актерот Орландо Блум (42, но тоа беа само претпоставки.
„Кети сака да почека со мајчинството по свадбата. Сепак, на некои работи не може да се влијае“, пишуваат странските медиуми.
Двојката започна врска по доделувањето на Златните глобуси во јануари 2016 година, но раскинаа една година подоцна. Сепак, двојката се помири во април минатата година, а потоа и се свршија. Кети веќе беше во брак со Расел Бренд (44), но нивниот брак се распадна по две години.
Забава
Ема Стоун го покажа свршеничкиот прстен од своето момче

Актерката и оскаровка Ема Стоун (31), ѕвезда на „Ла ла ленд“, се сврши со своето момче, режисерот Дејв Мекери (34), пренесува „Дејли мејл“.
Нејзиниот партнер ја објави веста на социјалните мрежи, покажувајќи го свршеничкиот прстен и на описот ставил емотикон на срце. Двојката сè уште не се огласи по повод настанот, но тие се видно среќни на споделената фотографија.
Папараците првпат ја забележале двојката заедно во ноември 2017 година додека шетале низ Њујорк. Ема никогаш не објавувала детали за нејзиниот приватен живот, но се зборува дека се запознале во декември 2016 година на хумористичното шоу „Saturday Night Live“.
Минатата година таа зборуваше за брак и деца.
„Мојата перспектива за децата се менува како што стареам. Кога бев тинејџерка, цело време велев дека никогаш нема да се омажам или да имам деца. Кога бев малку постара, сфатив дека навистина сакам да се омажам и да имам деца“, рече Ема.
Забава
(Видео) Аланис Морисет и Џими Фалон пееле божикни песни во метро, никој не ги препознал

Пејачката Аланис Морисет (45) и ТВ-комичарот Џими Фалон (45) ги изненадиле минувачите и патниците во метрото во Њујорк, каде што заедно пееле божикни песни. Тоа всушност било дел од „The Tonight Show“ на Фалон, но во тие моменти малку луѓе знаеле за што станува збор.
Морисет се појавила со сина перика, очила за сонце и ретро шапка, а Фалон со долга брада и неизбежни очила за сонце, сè со цел маскирањето да биде што поуспешно.
Славното дуо го започнало својот неофицијален концерт со познатата божикна песна „The Little Drummer Boy“ од Бинг Крозби, дополнително зачинета од Дејвид Боуви во можеби најпознатата верзија. Публиката се собрала во поголем број, Морисет главно пеела, а Фалон се обидувал да го задржи ритамот. Тие ја завршиле свирката со „You Oughta Know“, голем хит на пејачката во 90-тите години, а потоа веќе не можеле да молчат и им се обратиле на насобраните.
„Ви благодарам многу на сите и среќни празници! Јас сум Џими Фалон и ова е Аланис Морисет“, открил комичар, додека ја вадел брадата.
Одушевените минувачи ја споделиле снимката на социјалните мрежи, а самиот Фалон го покажал интересниот перформанс во своето популарно ток-шоу на телевизијата Ен-би-си.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци