Забава
Шпанскиот суд бара 8 години затвор за Шакира поради затајување данок

Канцеларијата на државниот обвинител во Барселона, во североисточна Шпанија, во петокот соопшти дека ќе бара повеќе од осум години затвор за затајување данок за колумбиската ѕвезда Шакира, која ja отфрли спогодбата за признавање вина и најави дека е подготвена за правна битка.
Во обвинението до кое дојде АФП од канцеларијата посочуваат дека ќе бараат и речиси 24 милиони евра од пејачката, која е обвинета дека од 2012 до 2014 година ги измамила шпанските даночни власти и не платила данок во висина од 14,5 милиони евра.
Адвокатите на Шакира тврдат дека пејачката во тој период не живеела во Шпанија.
Судот сега треба да одлучи дали и кога ќе поднесе обвинителен акт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Повторно пронајдени човечки останки во близина на плажа во Невада

Четврти човечки останки се пронајдени во езерото Мид, источно од Лас Вегас, во американската сојузна држава Невада, чие ниво на водата паѓа поради сушата од мај. Сушата предизвика реката Колорадо да ја повлече водата од познатата брана „Хувер“.
Официјалните лица рекоа дека остатоците од скелетот биле пронајдени во близина на плажата „Свим“.
Authorities say more human remains have been found at drought-stricken Lake Mead National Recreation Area east of Las Vegas. It’s the fourth time since May 1 that remains have been uncovered at the shrinking reservoir between Nevada and Arizona. https://t.co/XySh0tQVSl
— The Associated Press (@AP) August 7, 2022
Канцеларијата на судскиот лекар во округот Кларк ќе се обиде да ги утврди времето и начинот на смртта на лицето, велат тие.
На почетокот на мај буриња со човечки останки беа пронајдени недалеку од пристаништето Хеменвеј.
Полицијата смета дека е убиен маж, има рана од куршум во главата и дека телото, најверојатно, било фрлено во средината на седумдесеттите или почетокот на осумдесеттите години на минатиот век.
По помалку од седум дена, властите пронајдоа човечки останки во заливот Келвил. Човечки останки беа пронајдени и на 25 јули.
Полицијата шпекулира дека може да се најдат уште човечки останки бидејќи нивото на водата во езерото Мид продолжува да опаѓа.
Забава
Оливија Кулпо приреди виртуелна модна ревија за своите фанови

Поранешната мис универзум, денес модел и актерка, Оливија Кулпо, продолжува да фасцинира со својот изглед.
Таа, дефинитивно, е една од најубавите жени на светот, која често објавува фотографии на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“.
На фотографиите секогаш изгледа совршено, а во саботата ги израдува своите фанови со нова објава.
Во неа Кулпо објави неколку селфи во огледало пред настан во Лос Анџелес.
На првата фотографија 30-годишната актерка на себе има големо палто. На изгледот му додаде римјанки, црна чанта и очила за сонце.
А на другите атрактивната Оливија има разни комбинации.
Забава
Зелвегер не сака козметички производи против стареење: „За да бидете полетни и убави, мора да ги прифатите своите години“

Рене Зелвегер го брани природното стареење во новото интервју за „Сандеј тајмс“.
Во интервјуто двократната добитничка на „Оскар“ вели дека ѝ е доста од козметички производи што се рекламираат на начин да ги убедат луѓето дека треба да изгледаат помлади од својата вистинска возраст.
Зелвегер (53) ги критикува препаратите против стареење поради пораките до потрошувачите: „Ни кажуваат дека не треба да изгледаме како за нашата вистинска возраст“.
„Сите тие реклами дека ќе изгледаме помлади и поубави ако ги купиме сите нивни кремови и сето тоа ѓубре што сакаат да ни го продадат. Сакаат ли да ми кажат дека повеќе не сум вредна затоа што имам 53 години?“
„Постои голема разлика помеѓу тоа да бидете апсолутно најдобрата, највибрантна јас и да сакате да бидете она што не сте“.