Контакт

Забава

Што се случува? Алекс и Џеј Ло повторно се поврзаа со своите поранешни

Објавено пред

Алекс Родригез деновиве се дружеше со својата поранешна сопруга, па сѐ повеќе се шират шпекулации дека тие се повторно заедно. Од друга страна, латино-дивата е фотографирана како страсно се бакнува со Афлек, со кого беше во врска пред 17 години.

Џенифер Лопез (51) и бејзбол-легендата Алекс Родригез (45) кон средината на април годинава за странските медиуми го потврдија крајот на нивната љубов.

Не помина долго и на површина излегоа приказните за причината на нивната разделба и сите се посомневаа во реалната ѕвезда Медисон Лекрој (31), со која Алекс наводно имал афера. Џенифер негира дека трето лице е виновно за нивните проблеми. Тие се обидоа да ги решат, но неуспешно.

Џенифер, во меѓувреме, ѝ се врати на старата љубов – актерот Бен Афлек (48), со кого беше пред 17 години. Со денови се криеја, а потоа папараците ги фатија како се гушкаат и бакнуваат.

Иста е ситуацијата и со Алекс. Тој побегна во прегратките на својата поранешна сопруга Синтија Скуртис, со која беше во брак од 2002 до 2008 година.

За време на викендот, тој позира со неа и ја истакна потребата од редовен тренинг. Тој девет недели работеше со минувачи учесници во неговиот „Челинџ“ („Предизвик“), во кој очигледно учествувала и мајката на неговите деца. Фановите затоа го задеваа: „Бргу се врати кај сопругата. Дома, сепак, е најдобро, а?“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Никол Кидман се откажа од својата прекрасна долга коса!

Објавено пред

Во текот на децениската актерска кариера Никол Кидман често го трансформира својот изглед, но во најголем дел го задржа својот заштитен знак – долгата руса коса.

Многу корисници на социјалните мрежи бea прилично изненадени од нејзината последна објава на „Инстаграм“, каде што австралиската актерка позира со драстично пократка фризура – јагода блонд пикси.

Сепак, ова драстично кратење на косата се чини дека е уште едно во низата приспособувања на потребите за филмски проекти.

„На снимање!“, напиша актерката во објавата.

Повеќето нејзини фанови искрено признаа дека се надеваат оти сепак станува збор за перика. „Што се случува со вашата коса, ме исплашивте“, „Се надевам дека не им дозволивте да ви ја исечат убавата коса“, напишаа, меѓу другото.

Но, некои ја поздравија промената споредувајќи ја австралиската актерка со Џули Ендрус, sвездата на култниот филм „Мои песни, мои сништа“.

Прикажи повеќе...

Забава

Пилешко печено во лубеница: необичен рецепт што не сте го приготвувале досега

Објавено пред

Далеку од традиционален рецепт, пилешкото подготвено на овој начин звучи како јадење од мени на Ноќта на вештерките. Но, оние што веќе го приготвиле тврдат дека не треба да нè спречува да го пробаме во нашите кујни.

Како резултат може да добиете најмеко и најсочно печено пиле досега ако тоа е начинот на кој преферирате да го јадете своето омилено месо.

Рецептот, всушност, беше објавен во „Њујорк тајмс“ како првоаприлска шега, но кулинарските ентузијасти, како инфлуенсерката @emmymadeinjapan, решија навистина да се обидат со неколку приспособување на рецептот.

Вкусовите на лубеницата воопшто не се чувствуваат во готовото печење, а месото е меко бидејќи се пече во природна бања и сокови од ова овошје, што сега е лесно достапно.

Сега е сезона на сочни лубеници, тие може да се купат по разумни цени, а ќе ви требаат зачини по ваш избор. Рецептот вклучува неколку егзотични зачини, како што се куркума и кари, кои одлично одат со пилешко. Ако е бал, нека е маскенбал! Време е да пробаме нешто ново.

Состојки: 1 голема лубеница (околу 7 килограми), 1 печено пилешко (до 2,5 килограма), сол и бибер, 1 лимон прободен со виљушка, 1 лажица кари, 1 лажица куркума, 1 лажица чили во прав, 2 лажици лук во прав, 2 лажици кафеав шеќер, 2 лажици путер.

Приготвување: Вo пилешкото вметнете лимон, кој претходно сте го проболе со виљушка на неколку места.

Ставете го пилешкото во издлабена лубеница, а потоа ставете го капакот од лубеницата над него и прицврстете го на долниот дел со стапчиња за скара за да остане на место за време на печењето. Пилето во лубеница се пече два часа на температура од 200 степени. Намалете ја температурата на 150 степени и потоа печете уште 2 часа.

Внимателно извадете го пилешкото од лубеницата и одделете го сокот во мало тенџере. Загрејте го сокот до вриење. Потоа ставете две лажици ладен путер и мешајте додека не добиете вкусен сос.

Може да направите и вкусна салата со парчиња од испеченото месо.

Прикажи повеќе...

Забава

Љубовта ѝ годи: Џеј Ло оди на работа со мегаватна насмевка

Објавено пред

Џенифер Лопез изгледа среќно, насмеана од уво до уво додека влегува на деловен состанок во своите канцеларии во Вест Холивуд.

Актерката, танчарка и пејачка, која оваа сабота ќе наполни 52 години, беше забележана во елегантна тренди комбинација – геометриски бел топ и црни широки панталони со висок струк.

На почетокот на оваа недела магазинот „Пипл“ објави дека таа е лудо вљубена во старо-новиот партнер Бен Афлек и чувствува дека отсега ќе бидат заедно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион2 часа

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија4 часа

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет7 часа

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија7 часа

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија7 часа

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија7 часа

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија21 час

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија23 часа

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија1 ден

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Свет1 ден

(Видео) Илјадници луѓе излегоа на протест во Австралија поради карантинот

Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради...

Македонија1 ден

Од понеделник почнува вакцинирање во домашни услови

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Советничка на Заев е предложена за член на Судски совет, ете зошто Македонија не е правна држава

Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком – Тања Чачарова Илиевска, сега е претставена за...

Европа1 ден

За исчезнати се водат 150 лица по поплавите во Германија

Во поплавите што ја зафатија западна Германија на 14. и 15 јули загинаа 180 лица, а околу 150 се уште...

Свет2 дена

ЕМА ја одобри вакцината на „Модернa“ за деца над 12 години

Вакцината против коронавирус од американскиот производител Модерна може да се инјектира и на деца и адолесценти на возраст од 12...

Македонија2 дена

Димитров: Влогот е огромен, ЕУ да нѐ третира со достоинството што го заслужуваме

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска, на вториот ден од неформалниот состанок на министри за европски...

Македонија2 дена

И Катица Јанева е спроведена во „Идризово“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е спроведена од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија во затворот „Идризово“, каде...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 36 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на...

Спорт2 дена

Македонското знаме се развиори на олимпискиот стадион во Токио

Македонската олимписка експедиција со осум спортисти и се претстави на светската спортска јавност при претставувањето на свеченоста на отворањето на...

Македонија2 дена

(Видео) Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов одликувани со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за...

Досие