Контакт

Забава

Јапонските научници измислија гуми за џвакање што никогаш не губат вкус

Објавено пред

Ако идејата за уред кој со помош на струја го стимулира вашиот јазик ви звучи нехумано, научниците од Универзитетот Меиџи во Јапонија, дефинитивно, нема да се согласат со вас. Тие, всушност, развија мал електричен стимулатор на јазикот создавајќи ја првата гума за џвакање што трае вечно. Иако сè уште не успеаја да создадат вкус на шумско овошје и пеперминт, тие се убедени дека пред себе имаат светла иднина, пренесува „Дигитал трендс“.

На крајот на краиштата, за време на јавното тестирање на овој гаџет, секој што се осмели да го проба вели дека има горчлив или солен вкус. Гумата за џвакање од јапонскиот институт не губи вкус бидејќи поради џвакањето таа постојано го стимулира јазикот.

Научниот тим тврди дека со текот на времето ќе создадат горчлив, сладок и умами вкус (умами е ароматичен вкус карактеристичен за производите од ферментирана соја, сирењета или печурките шитаки). Уредот е претставен во Европа во рамки на ACM симпозиумот за софтвер за кориснички интерфејси и технологии во Германија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Гвинет Палтроу позира гола во градина на својот 48. роденден

Објавено пред

Холивудската актерка во неделата го прослави својот 48. роденден и ги изненади своите фанови и следачи на „Инстаграм“ со необичен потег, сосема нетипичен за неа.

„Денес на себе немам ништо, освен мојот роденденски костим“, напиша Гвинет Палтроу под фотографијата, на која позира гола како од мајка родена во својата градина.

И додека објавата предизвика воодушевувања кај безброј фанови, еден корисник на социјалната мрежа не се забавуваше – а тоа е нејзината ќерка, тинејџерка Епл Мартин (16).

„МАМА“, коментира очигледно засрамената Епл.

На фотографијата на која позира со телото делумно навалено кон камерата, Гвинет стратешки ги заштити своите интимни делови со вкрстени раце и свиткана нога, но сепак не стори ништо за да го скрие затегнатиот стомак, кој предизвикува завист, коментираат таблоидите.

Ѕвездата на „Вљубениот Шекспир“ изгледа безгрижно додека се смешка под сонцето, со слободно пуштена коса.

Прикажи повеќе...

Забава

Ким Кардашјан го повика Азербејџан да престане со нападот врз Ерменија

Објавено пред

Американската реална sвезда Ким Кардашјан, чие семејство по потекло е од Ерменија, проговори за конфликтот во Нагорно-Карабах и го повика Азербејџан да престане со офанзивната употреба на сила против ерменскиот народ.

Во серија твитови Ким Кардашјан го повика и Вашингтон да ја запре воената помош за Баку.

Сопругата на раперот Канје Вест исто така имаше порака за Турција, на која ѝ порача да престане да испраќа оружје и борци во зоната на конфликтот како поддршка на азербејџанската страна.

Ким Кардашјан исто така ја повика меѓународната заедница да преземе политички и дипломатски мерки за да спречи непотребна ескалација и трагедија, пренесува „Спутник“.

„Ерменија е жртва на неиспровоцирани напади од Азербејџан“, рече Ким Кардашјан додавајќи дека нападите се придружени со предвидлива кампања за дезинформација.

„Азербејџан, освен во случај на воена пропаганда, ги блокира социјалните мрежи“, тврди Ким Кардашјан.

Во неделата ескалираа судирите во Нагорно-Карабах, а двете страни меѓусебно се обвинуваа за почнување борбени дејства.

Прикажи повеќе...

Забава

Ди Каприо – наратор во документарец за правото на глас

Објавено пред

„Верувам дека никогаш нема да бидеме еднакви сè додека не гласаме сите,“ вели актерот Леонардо ди Каприо во трејлерот од нова документарна серија, заедничка продукција на „Нетфликс“ и „Вокс медија“.

45-годишниот актер е наратор во претстојниот документарец со наслов „Чиј глас е важен“, заедно со Селена Гомез и Џон Леџенд.

Во кус извадок од серијата, објавен во магазинот „Пипл“, Ди Каприо објаснува зошто треба да гласаат сите Американци и колку е важно тоа оваа година.

„Во 1776 година гласањето беше привилегија, речиси исклучиво за белите луѓе со имот“, вели Ди Каприо во клипот.

А една Афроамериканка вели: „Во основачкиот устав нема да го најдете правото на глас. Ова право на глас беше бојно поле во американската демократија“.

„Ако вашиот глас не беше важен, зошто по ѓаволите има толку многу системи и луѓе што се обидуваат да ве спречат да гласате“, вели друг Афроамериканец гласач.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Одбраната на Јанакиески: Ако бил близок соработник на Груевски, немало да биде прислушуван

Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено...

Македонија3 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија3 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион4 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет4 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет5 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија6 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион7 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија7 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија8 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија20 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија20 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион21 час

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет22 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет23 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ24 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија1 ден

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија1 ден

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ1 ден

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа1 ден

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Досие