Забава
Јас сум среќник! Крис Прат напиша во роденденска порака за сопругата Кетрин Шварценегер

Крис Пат ѝ го честита роденденот на својата сопруга Кетрин Шварценегер, која на почетокот на август ја роди нивната, сега веќе четиримесечна, ќерка Лила Марија.
Во неделата, додека ѝ посака среќен 31. роденден на најпродаваната авторка, Крис (41) ѝ упати емотивна порака во која ѝ се заблагодарува за тоа што внела толку многу светлина во неговиот живот.
„Среќен роденден душо!“ актерот на „Одмаздници: Ендгејм“ го наслови својот колаж на Инстаграм. „Многу ми е мило што сум дома со тебе и Лила. Ти си одлична мајка, одлична маќеа, одлична сопруга, ќерка, сестра и пријателка“, напиша тој, и својата порака ја дополни со фотографии од нив двајца и малата Лила Марија.
„Светот е посветол со тебе. Јас сум еден среќник. Ти благодарам за љубовта, поддршката и партнерството. Те сакам!“
Актерот Крис Прат и ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, се венчаа во јуни 2019 година. Двојката се потруди максимално да ја задржи приватноста, па во јавноста се појави само една официјална фотографија. Свадбената церемонија на која присуствуваа само најблиските се одржа во Санта Барбара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Роберт де Ниро и Џон Бојега заедно во трилер за поранешен возач на Формула 1

Роберт де Ниро и Џон Бојега влегуваат во брза лента со новиот трилер The Formula за „Нетфликс“.
77-годишниот Де Ниро и 28-годишниот Бојега ќе бидат главни протагонисти во филмот, а Де Ниро ќе биде и продуцент, заедно со својот долгогодишен соработник Џејн Розентал, објави порталот „Дедлајн“.
Жерард Мекмареј го напиша сценариото и воедно и ќе го режира филмот, негова втора соработка со „Нетфликс“ откако претходно напиша и режираше еден од нивните први оригинални филмови, Burning Sands, од 2017 година.
Според најавата, „Формулата“ е возбудлива сторија за некогашен возач на трки, „тркачко чудо на Формула 1, кој е принуден да стане возач за бегство за да го спаси единственото семејство што му остана“.
Некогашниот тркач на Ф1 мора да вози за мафијата за да го спаси своето семејство.
Забава
Деми Ловато се враќа на телевизија со главна улога во нова комедија на Ен-би-си

Деми Ловато се враќа на малите екрани на голема врата, со главна улога во нов проект на Ен-би-си, комедија под наслов Hungry.
Доколку проектот се претвори во серија, тоа ќе биде прва редовна улога на 28-годишната пејачка и актерка откако го играше насловниот лик во Sonny with a Chance, која се прикажуваше од 2009 до 2011 година.
Според порталот „Холивуд репортер“, проектот сè уште нема добиено нарачка за серија.
Забава
Џенифер Гарнер на дневна дружба со стара пријателка

Тие заедно глумеа во 13 Going On 30, романтична комедија од 2004 година.
Џенифер Гарнер и Џуди Грир негуваат пријателство кое трае до денес.
Во понеделникот, по прошетката со Џуди, Џенифер ги задеваше своите следачи на Инстаграм предизвикувајќи ги да погодат со кого се дружи тој ден.
Таа ја покажа својата придружничка одзади на својата инстаграм-приказна и напиша: „Денес бев да се прошетам со една од моите најомилени личности“.
На друга фотографија, Џенифер напиша: „Совет: Застанува и разговара со секое куче што ќе го види!“
Гарнер е мајка на Вајолет (15), Серафина (12) и синот Семјуел (8), кои ги дели со поранешниот сопруг Бен Афлек. Таа и добитникот на „Оскар“ за „Арго“ се разделија во 2015 година по 10 години брак, а разводот го финализираа во 2018 година.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот