Забава
Јога за очи: Тренд што помага да се фокусирате и да се ослободите од стресот

Јога за очи е најновиот велнес тренд кој се најде на насловните страници, но всушност е стар колку и самата филозофија на јогата, со своите асани (јога пози), пранајама (вежби за дишење) и медитација.
Како и многу други древни пракси кои се темелат врз практични искуства и интуиција, современите научници дури неодамна почнаа да ги истражуваат придобивките од вежбите за очи, кои опфаќаат подобар фокус на очите и зголемено чувство на смиреност.
Да ја земеме најненамерно популарната навика на превртување на очите што стана позната во 2020 година. Всушност, превртувањето на очите е механизам кој мозокот го изразува во обид да влезе во алтернативна состојба на свест. Со други зборови, нашиот ум користи тркалање на очите за да го сврти вниманието од сегашната реалност.
Ако сè уште не сте подготвени да комбинирате движења на очите со пози на јога, можете да ја започнете оваа многу корисна практика без да станете од креветот или софата, а исто така да ја комбинирате со движења на вратот.
Јогата за очи и врат е особено важна ако поминувате многу време на вашата работна маса или гледате во телефонот, баш како што правите во моментов. Со редовно тренирање на очите, можете да ги активирате мускулите на горниот дел на цервикалниот ‘рбет и да ги елиминирате не само симптомите на напрегање на очите (астенопија) дома, туку и сите болки во главата и вратот што доаѓаат од долгото седење на вашето биро. На крајот на краиштата, вашите очи се буквално поврзани со вратот.
Супкоципиталните мускули се наоѓаат на задниот дел на вратот, веднаш под черепот и содржат огромен број на проприоцептори кои ја проценуваат напнатоста во мускулите, за да го информираат мозокот за положбата на главата и вратот.
Кога долго седите на биро или гледате во екранот, опсегот на движење на окото е ограничен, што ги ограничува информациите што ги добиваат вашите мускули. Како резултат, ограничениот опсег доведува до мускулно оптеретување на вратот и обратно, што на крајот придонесува за слаба рамнотежа.
Едноставни вежби што можете да ги направите од кревет, софа или работно столче:
Гледање нагоре (вртење со очите) – седнете исправено и движете ги очите хоризонтално налево и фокусирајте се на предметите во вашата периферија. Потоа, полека поместете го погледот трипати со кружни движења во насока на стрелките на часовникот. Повторете го истото во насока обратна на стрелките на часовникот, а потоа затворете ги очите за да се опуштите неколку моменти.
Фокусирање – држете ја едната рака директно пред вас со палецот нагоре, фокусирајте се на палецот и полека движете ја кон носот додека не се изгуби фокусот. Вратете ја раката во почетната позиција и повторете ја истата вежба 10 пати.
Гледање блиску и далеку – пронајдете две точки на фокус, една на растојание (по можност некаде надвор од вашиот прозорец ако сте дома) и друга многу поблиску до вас. Фокусирајте се на далечниот објект неколку долги циклуси на дишење, а потоа преместете го погледот кон предметот поблиску до вас.
Трепкање – Отворете ги широко очите, а потоа трепкајте брзо 10 пати. Затворете ги очите и земете пет длабоки вдишувања и пет долго издишување. Повторете ја оваа вежба пет пати.
Палминг – оваа вежба е измислена од тибетски јога-мајстори и вклучува нежно втиснување на рацете над очите. Треба да седите со затворени очи и да се концентрирате на темнината.
Гледање кон врвот на носот – оваа вежба често се користи во комбинација со медитација и пранајама (дишење) и се нарекува „Насикагра Дришти“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бритни Спирс позираше со своите синови во природа, обожавателите изненадени колку пораснале

Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс, чиј приватен живот повторно е тема во светот на славните, позираше со нејзините синови на семејна фотографија.
На фотографијата се 15-годишниот Шон Престон, 14-годишниот Џејден Џејмс и насмеаната Бритни, а наводно е снимена во Таузенд Оукс, Калифорнија, каде што живее Бритни. Фотографијата е објавена на инстаграм-профилот посветен на синовите на Бритни.
View this post on Instagram
Синовите ретко се гледаат со 39-годишната пејачка, па фановите се изненадени колку пораснале. Тие се почесто со нивниот татко, поранешниот сопруг на Бритни, Кевин Федерлајн.
По понишувањето на судската одлука за еднакво старателство на мајката и таткото над синовите, во 2019 година беше одлучено Федерлајн да добие 70 отсто старателство, поради што Шон Престон и Џејден Џејмс поминуваат значително помалку време со својата мајка, пишува „Мирор“.
Забава
Бијонсе и Хејли Бибер зрачат со сексапил во реклама на „Ајвипарк икс Адидас“

Бијонсе продолжи да внесува топлина на Инстаграм во уште еден маркетингшки повик за нејзината колекција „Ајви-парк икс Адидас“, и покрај тоа што е речиси распродадена.
Во средата, 39-годишната пејачка сподели нови фотографии со Хејли Бибер, на кои двете ги покажуваа своите феноменални фигури во нова Ајвипарк-фотосесија.
Облечени во спортски сет во бебешка сина боја, и спортски градник со геометриски дезен, двете дами зрачат со сексапил на неколку досега необјавени промо форографии.
Забава
Брус Спрингстин доби казна од 500 долари дека пиел на плажа каде што алкохолот е забранет

Брус Спрингстин е казнет со 500 долари откако се изјасни за виновен за конзумирање алкохол во националниот парк во Њу Џерси каде е забрането пиење алкохол.
71-годишниот музичар призна дека испил неколку текила на плажата „Сенди хук“ во неговата матична држава.
Но, обвинителите ги отфрлија обвиненијата за несовесно возење и возење во алкохолизирана состојба против Спрингстин, кој првично се изјасни за невин по сите три обвиненија.
Рокенрол легендата, кој беше уапсен во ноември, исто така мора да плати 40 долари за судски трошоци.
На онлајн рочиште во средата, тој призна дека пиел на плажа, која се наоѓа јужно од градот Њујорк и е дел од областа за рекреација на Националниот парк во Њу Џерси.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер