Забава
Љубов на прв поглед: Метју Бродерик и Сара Џесика Паркер

Метју Бродерик се вљубил во Сара Џесика Паркер во моментот кога се запознале.
60-годишниот актер е во брак со Сара од 1997 година и тој признава дека нивната романса била љубов на прв поглед.
Запрашан кога станал свесен дека сака да го помине остатокот од својот живот со неа, Метју одговорил: „Првиот пат кога ја видов. Ја здогледав на улица и помислив „Тоа е тоа“.
За време на гостувањето во емисијата на Енди Кохен, Watch What Happens, Метју откри и на што најмногу се восхитува кај својата сопруга.
„Нејзиниот хумор и на мудроста“, рече тој. Парот има три деца, Џејмс (19) и близнаците Мерион и Табита (12).
Сара и Метју неодамна работеа заедно на Бродвеј во комедијата Plaza Suite на Нил Сајмон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
АББА повторно се обедини за виртуелен концерт во Лондон

Членовите на легендарниот шведски бенд АББА го направија своето прво јавно појавување по 14 години на премиерата на нивниот концерт Abba Voyage во Лондон во четвртокот.
Агнета, Фрида, Бени и Бјорн повторно се обединија на отворањето на виртуелниот концерт, кој всушност содржи дигитални верзии од нив.
Фрида го гледаше шоуто со широка насмевка на лицето, а Бени стана и ракоплеска на големиот хит Dancing Queen.
Тие на крајот се појавија пред завесата со заглушувачки аплауз од публиката.
„АББА никогаш не нè напушти, во моето срце“, изјави пејачката Агнета Фалтског за Би-би-си на црвениот тепих.
„Не беше толку тешка одлуката повторно да се собереме бидејќи музиката е дел од нас“.
„Сонував за ова со години“, додаде Ани-Фрид Лингстад. „Ја сакаме нашата музика, сакаме да пееме“.
На почетокот на вечерта присуствуваа голем број музички ѕвезди, меѓу кои Кајли Миног, Софи Елис-Бекстор, Џарвис Кокер и Кира Најтли.
Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф и неговата сопруга Силвија исто така ѝ се придружија на публиката – што значи дека присуствуваше вистинска кралица на танцувањето (асоцијација на песната Dancing Queen).
Концертот се подготвуваше уште од 2016 година и содржи револуционерна нова технологија, која ја рекреира глетката на АББА во нивниот врв од 70-тите, со хитовите како SOS, Voulez-Vous и Lay All Your Love On me.
За да се направи спектакл, бендот пет недели настапуваше во специјални костими за снимање движења, со 160 камери, кои го скенираа движењата на телата и изразите на лицето.
Познати како „АББА-тари“, ликовите не се 3D-холограми, како што сите инволвирани во продукцијата се трудат да истакнат.
Наместо тоа, ликовите се појавуваат на масивен екран од 65 милиони пиксели, со светла и други ефекти што ја бришат границата помеѓу дигиталните елементи и реалниот свет во арената.
Забава
Амбер Херд на суд: Деп води крстоносна војна за јавно да ме понижи

Амбер Херд во четвртокот го имаше последното сведочење во судската битка за клевета, иницирана од поранешниот сопруг Џони Деп.
Таа на поротниците им кажа дека се соочува со секојдневно вознемирување и смртни закани по обвинувањето на холивудскиот актер за семејно насилство.
Херд го заврши своето сведочење во четвртокот тврдејќи дека била „малтретирана, понижувана дека ѝ се заканувале“ на социјалните мрежи по обвинувањето на поранешниот сопруг за физичка и сексуална злоупотреба.
„Луѓето сакаат да ме убијат и тоа ми го кажуваат секој ден“, рече Херд додавајќи дека ваквото малтретирање било дел од крстоносната војна на Деп за јавно да ја понижи.
Деп (58) ја тужи Херд (36) и бара отштета од 50 милиони долари и тврди дека нејзините наводи оти била жртва на семејно насилство се чиста клевета. Херд поднесе противтужба за 100 милиони долари бидејќи Деп, наводно, ја оцрнил во јавноста нарекувајќи ја лажга.
Забава
Излезе видеоиграта „Топ ган: Маверик“, вклучува авиони и звучна подлога

Фановите на „Топ ган“ сега може да одат да полетаат во небото со авионите од штотуку објавениот филм „Топ ган: Маверик“ со видеоиграта Ace Combat 7: Skies Unknown, преку ДЛЦ-то Top Gun: Maverick Aircraft Set, што беше објавено во четвртокот.
ДЛЦ – содржина што може да се преземе – не ви дава нова приказна, мисии или мапи. Она што ви го дава е можност да летате со четири нови авиони, да добиете 10 нови амблеми, 12 нови повици (сите од Top Gun: Maverick) и два звучни записа, кои Кеики Кобајаши ги аранжира за повеќе играчи (мултиплеер), вклучително и Danger Zone и химната Top Gun.