Забава
Њујорк буквално тоне под сопствената тежина и тоа не може да се запре
Ако Њујорк никогаш не спие, има уште една причина за непроспиени ноќи – градот тоне. Новото истражување покажа дека Големото јаболко постепено тоне, делумно поради тежината на облакодерите кои ја сочинуваат неговата позната бетонска џунгла. Во една статија објавена овој месец во списанието Earth’s Future (Иднината на Земјата), експертите се обидоа да проценат како огромната градска инфраструктура влијае на слегнување на земјиштето.
Геолозите пресметале дека повеќе од еден милион згради во Њујорк заедно создаваат маса од 762 милиони тони притисок на земјата. Експертите заклучија дека затоа американската финансиска престолнина тоне со просечна стапка од еден до два милиметри годишно. Некои делови од градот изградени на помеки карпи или на вештачки насипи тонат и до четири и пол милиметри годишно.
Решение – нема
Но, намалувањето на бројот на облакодери нема да го реши проблемот, изјави водечкиот автор на студијата Том Парсонс за АФП. „Примарната причина за слегнувањето во Њујорк и долж поголемиот дел од Источниот брег на САД е тектонска и не може да се запре“, рече геофизичарот од Геолошкиот институт на САД.
Слегнувањето на земјиштето ќе го влоши влијанието на порастот на нивото на морето предизвикано од затоплувањето и топењето на глечерите. Организацијата Sea Level Rise вели дека нивото на водата околу Њујорк е за 22,5 сантиметри повисоко отколку во 1950 година. Градските власти предвидуваат дека околните води до 2050 година би можеле да се искачат до 75 сантиметри.
Државата Њујорк троши милијарди долари за изградба на морски ѕидови, подигање патишта и подобрување на одводот за да се ублажат ризиците. Но, ниските области веќе го поднесоа товарот на разорните поплави предизвикани од поинтензивните бури.
Ураганот Сенди во 2012 година уби повеќе од 40 њујорчани, уништи околу 300 домови и остави десетици илјади луѓе без електрична енергија. Ураганот Ајда во 2021 година однесе повеќе од 10 животи во градот, а многумина не успеаја да побегнат од поплавените подруми.
Делови од Њујорк ќе завршат под вода, а кога – не се знае
Парсонс рече дека е невозможно да се каже кога делови од Њујорк ќе бидат под вода, но тој вели дека тоа ќе се случи. „Премногу е тешко да се предвиди дури и приближно време. Стапката со која градот тоне е релативно стабилна, но прогнозите за пораст на нивото на морето се неизвесни и зависат од идните стапки на емисии на стакленички гасови“, рече тој за АФП.
Њујорк не е единствениот голем град во светот што тоне. Слегнувањето на копното и зголемувањето на нивото на морето предизвикуваат стравувања дека Венеција еден ден може целосно да потоне. А Џакарта тоне со толку алармантна брзина поради прекумерното вадење на подземните води што доведе до одлука на Индонезија да го пресели својот главен град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Изнајмија куќа на плажа, ангажираа хрватска ѕвезда: Се појави снимка од прославата, Ноле и Јелена танцуваат како никогаш досега
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа колку е внимателен како сопруг, организирајќи ѝ на својата поубава половина, Јелена Ѓоковиќ, незаборавна забава по повод нејзиниот јубилеј 40-ти роденден.
Оваа гламурозна и весела прослава се одржа во Атина, Грција, во куќа лоцирана веднаш до плажата.
За да го прослават посебниот ден на Јелена, голем број гости се собраа на прославата, а судејќи според атмосферата од видеата, ова беше ноќ за паметење.
Сите гости се опуштија максимално, а цела вечер танцуваа и пееја во совршено расположение.
Познатата хрватска пејачка Индира Левак беше заслужна за одличното музичко уживање и подигнувањето на атмосферата до вжештување.
Славеничката блескаше во прекрасна, лелеава тоалета, во која неуморно танцуваше со својот сопруг цело време.
Забава
(Фото/Видео) Таа секогаш има причина да се соблече: Божицата на провокацијата ги откри и градите и задникот
Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави во кои позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Не ѝ треба многу за да започне лавина…
Моделот Емили Ратајковски се најде во центарот на вниманието кога објави непознати детали поврзани со нејзиниот развод и животот по него, таа откри сè за авантурите за една ноќ што ги имала, како и како се снашла како самохрана мајка.
Со ова привлече низа реакции, некои ја поддржаа, некои ја осудија, а сега Емили продолжи со своите провокации.
Бидејќи моментално ужива во одморот, ја избра својата омилена дестинација – Мајорка, Емили позираше во бикини открија премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.
Во секоја објава, нејзините гради или задник беа во преден план, што не е изненадувачки кога станува збор за оваа убавица, а Емили сега покажа уште попровокативни пози, кои со текот на времето станаа нејзин заштитен знак.
Таа покажа дека не е сè толку совршено во последното видео од серијата, каде што речиси падна од карпа додека се обидуваше да се смести. За среќа, сè помина добро.
Hitech
Лесно, брзо и прецизно: Genesis Zircon 880 PRO за гејмерите што сакаат контрола
Во гејминг светот понекогаш разликата меѓу победата и поразот е во само едно движење. Брзата реакција, стабилната конекција, прецизното следење и удобноста при долгите сесии се детали што гејмерите веднаш ги препознаваат, особено кога играта бара максимална концентрација и контрола.
Токму за таквите корисници Genesis го претставува Zircon 880 PRO, гејминг маус создаден за високи перформанси, прецизност и сигурност во секоја ситуација. Овој модел е позициониран како еден од најнапредните мауси во Genesis понудата, наменет за гејмерите што бараат брз одѕив, лесно движење и можност за детално приспособување според сопствениот стил на игра. Моделот е достапен ексклузивно во Анхоч, во продажните салони и онлајн преку anhoch.com во црна и бела варијанта.
Прецизност што се чувствува во секое движење
Во основата на Genesis Zircon 880 PRO е PAW3950 сензорот, создаден за прецизно следење на движењата дури и при брзи и интензивни гејминг ситуации. Во комбинација со dual-chipset архитектура и polling rate до 8000 Hz во жичен и безжичен режим, маусот овозможува исклучително брз одѕив и стабилни перформанси.
Ова е особено важно за корисниците што играат на монитори со висока стапка на освежување, каде што може да се почувствува секое мало задоцнување. Zircon 880 PRO е дизајниран да обезбеди мазно движење, прецизна контрола и сигурен одговор во моментите кога брзината навистина прави разлика.
Лесен дизајн за подолги гејминг сесии
Покрај перформансите, големо внимание ѝ е посветено и на удобноста. Genesis Zircon 880 PRO тежи само 64 г, што овозможува лесно и природно управување, без дополнително оптоварување на раката при подолго користење.
Стаклените лизгачи придонесуваат за мазно движење по површината, додека внимателно обликуваната форма овозможува подобра контрола и стабилност. Ова го прави овој производ практичен избор не само за натпреварувачки гејминг, туку и за секојдневна употреба, работа и забава.
Издржливост и приспособување според стилот на игра
Zircon 880 PRO користи Kailh оптички прекинувачи со животен век до 150 милиони клика, што значи дека е создаден за долготрајна и интензивна употреба. Брзата реакција на прекинувачите е важна за динамични игри, каде што секој клик треба да биде сигурен и прецизен.
Маусот нуди и повеќе режими на работа, со што корисникот може да избере помеѓу максимална реактивност или подолга автономија на батеријата. Вградената батерија од 500 mAh овозможува до 120 часа користење во Bluetooth режим, што го прави Zircon 880 PRO практичен и за подолги гејминг сесии и за секојдневно користење без често полнење.
Дополнително, преку софтверот корисниците можат детално да ги приспособат параметрите на сензорот, макрокомандите и работните поставки, со што глувчето може да се приспособи на различни игри, навики и стилови на користење.
Клучни карактеристики на Genesis Zircon 880 PRO:
· PAW3950 сензор за висока прецизност;
· polling rate до 8000 Hz во жичен и безжичен режим;
· dual-chipset архитектура за стабилни перформанси;
· четири режими на работа според потребите на корисникот;
· Kailh оптички прекинувачи со животен век до 150 милиони клика;
· тежина од само 64 г;
· стаклени лизгачи за мазно движење;
· батерија од 500 mAh со автономија до 120 часа во Bluetooth режим;
· софтвер за приспособување на сензорот, макрокомандите и работните поставки;
· дополнителна опрема во пакувањето, вклучувајќи 8K receiver, кабел, grip tape и резервни PTFE лизгачи.
За гејмерите што сакаат поголема контрола
Genesis Zircon 880 PRO е создаден за корисниците што сакаат повеќе од обично гејминг глувче. Со комбинација на напреден сензор, брз одѕив, мала тежина, издржливи прекинувачи и можност за детално приспособување, овој модел нуди сигурна основа за прецизна и удобна игра.
Без разлика дали станува збор за брзи натпреварувачки игри, долги гејминг сесии или секојдневна употреба, Zircon 880 PRO е маус што се приспособува на корисникот и му овозможува поголема контрола во секое движење. Разгледајте го Genesis Zircon 880 PRO и дознајте повеќе за неговите можности.
ПР
