Забава
Ќе се снима втора сезона на „Сквид гејм“, играчот 456 се враќа

Режисерот на „Сквид гејм“, дистописка јужнокорејска драма на „Нетфликс“, изрази уверување дека популарната ТВ-серија ќе се врати за втора сезона.
„Во преговори сме за сезона 2“, рече писателот режисер Хванг Донг Хјунг во интервју во понеделникот. „Сè е во мојата глава. Ги имам основната приказна и заплетот, сега сме во фаза на групни дискусии“.
„Тој ќе се врати, ќе се врати и ќе направи нешто за овој свет“, рече режисерот алудирајќи на главниот протагонист Сеонг Гихун (играчот 456), кого го глуми актерот Ли Јунгџе.
Хванг, Ли и другите вклучени во серијата, една од најголемите хитови на „Нетфликс“ досега, присуствуваа на специјалната холивудска проекција во понеделникот за да го прослават нејзиниот успех.
Серијата наиде на голема популарност веднаш по нејзината премиера привлекувајќи 111 милиони гледачи, според податоци на „Нетфликс“. „Сквид гејм“ е сторија за луѓе со натрупани долгови, кои се натпреваруваат во смртоносна игра за богатство.
Сето ова се смета за сурова аналогија на капиталистичкото општество.
Серијата, меѓу другото, инспирира костими за Ноќта на вештерките и тематски протести на глобалниот самит за климата во Глазгов, Шкотска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Александра Грант за својот партнер Кијану Ривс: „Тој ми е вистинска инспирација“

Александра Грант фрла ново светло на романсата со Кијану Ривс.
Успешната визуелна уметница (50) минатиот викенд во Лос Анџелес присуствуваше на доделувањето на наградите за уметност „Беверли артс ајкон“, без Кијану (59).
На настанот беше една од лауреатите, а на црвениот тепих прошета сама и ги изненади присутните кога одговори на неколку прашања за својата љубовна врска имајќи предвид дека приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста.
На прашањето дали е потешко или полесно да се појави сама на црвен килим, таа даде промислен одговор.
„Добрата вест за заљубувањето како возрасен е тоа што изградив сопствена кариера до моментот кога почна мојата врска“, изјави таа за „Пипл“.
„Се чувствувам многу самоуверено во врската кога присуствувам на настан на црвен тепих. Се чувствувам самоуверено кога сум сама таму. Тоа е еден вид независност“.
Тие во јавноста дебитираа како пар во 2019 година.
На прашањето како таа и ѕвездата на „Џон Вик“, кои претходно беа пријатели и соработници, комуницираат меѓусебно со професионалната средина, Грант го почна својот одговор сеќавајќи се на моментот во кој се чувствувала креативно заглавена.
„Во еден момент на фрустрација во мојот живот, еднаш реков: понекогаш се чувствувам како ‘масерати’ заглавен во сообраќај, го имам овој моќен мотор, но од разни причини не можам да поминам“, рече таа за „Пипл“.
„И знам дека многу луѓе се чувствуваат фрустрирани во своите животи, дека не може да го вклучат својот мотор. Мислам дека секоја креативна личност се чувствува така“.
„Она што го сакам кај Кијану и кај нас двајцата кога сме заедно е тоа што се туркаме еден со друг да изградиме нови патишта“, вели таа. „Да гледате друга личност како ги решава проблемите е инспиративно, како, на пример: добро, во ред, ова е ќор-сокак, како да го пробам ова другото?“
„Тој е вистинска инспирација за мене“, продолжи таа. „Тој е многу креативен, добродушен и работи многу напорно.
Забава
Филм за турнејата на Тејлор Свифт набргу ќе пристигне во кината во 100 земји

Филм за концертната турнеја на поп-ѕвездата Тејлор Свифт пристига во киносалите во Америка и во светот на 13 октомври, објавија во вторникот дистрибутерот „Еј-ем-си“ и Свифт.
Дистрибутерот планира филмот, со наслов „Тејлор Свифт: Турнејата Ерас“ (Taylor Swift: The Eras Tour), да се прикажува во 100 земји.
„Турнејата не е единственото нешто што сакаме да се случи во светот“, напиша пејачката на „Инстаграм“.
„Многу сум возбудена што можам да ви кажам на сите дека концертниот филм The Eras Tour официјално доаѓа во кината во светот на 13 октомври!“, додаде таа.
Според медиумите, Свифт (33), најверојатно, ќе заработи милијарда долари од турнејата, првпат во историјата. Филмот би требало да заработи повеќе од 100 милиони долари во првиот викенд во северноамериканските кина, што не се памети за концерт што се прикажува во киносали.
Забава
Џеј Зи, Тимбаленд и Џинувајн победија тужба за авторски права

Раперот Џеј Зи, продуцентот Тимбаленд и аренби-пејачот Џинувајн го убедија федералниот судија на Менхетен да ја отфрли тужбата на соул-музичарот Ерни Хајнс, кој тврдеше дека незаконски семплирале една од неговите песни од 1969 година.
Американскиот окружен судија Пол Оукен во понеделникот пресуди во полза на обвинетите нагласувајќи дека хитот на Џеј Зи – Paper Chase и хитот на Џинувајн – Toe 2 Toe, и двете напишани и продуцирани од Тимбаленд кон крајот на 90-тите, не ги прекршуваат авторските права на Хајнс во неговата песна Help Me Put Out The Flame (In My Heart).
Адвокатот на Хајнс не одговори веднаш на барањето за коментар за одлуката.
Претставник на „Ворнер мјузик“, обвинет во случајот, одби да коментира.
Хајнс првпат поведе тужба поради песните во 2019 година тврдејќи дека тие копирале дел од воведот на неговата песна. Обвинетите рекоа дека делот не е подобен за авторски права затоа што е преземен од т.н. сток-фраза (музичка фраза, форма или ритам) во дело од 1914 година, Mysterioso Pizzicato, што се користи во најмалку 28 други песни и стана синоним кај филмските негативци.
Судијата Оукен се согласи дека песната на Хајнс „позајмува од многу користено дело, кое е во јавен домен и додава материјал што не е доволно оригинален за да биде заштитен со авторски права“.
Оукен исто така рече дека релевантните делови од песните на Џеј Зи и Џинувајн не се доволно слични за Хајнс да покаже кршење авторски права, дури и ако неговиот вовед е заштитен со авторски права.