Забава
Џад Ло: Научниците предупредија дека не е прашање дали, туку кога ќе има пандемија

Филмот „Зараза“ (Contagion) од 2011 година сега изгледа морничаво кога станува збор за прикажување модерна пандемија, со оглед на неговите паралели со сегашната пандемија на Ковид-19.
А sвездата на филмот, Џад Ло, се осврна на сличностите во интервјуто за GQ овој четврток.
„Постоеше апсолутно чувство дека ова ќе се случи“, рече 47-годишниот актер кога разговараше за неговите најиконски улоги.
Тој рече дека научниците го предупредиле за време на снимањето на акција-трилерот „Зараза“ во 2011 година дека вистинската пандемија e неизбежна и дека е прашањето не било дали, туку кога ќе почне.
„Тие предупредија дека вистинската пандемија e неизбежна“, рече Ло цитирајќи еден од нив: „Не е прашање дали, туку кога ќе се случи“.
Ло појасни дека неколку научници биле повикани во текот на снимањето на филмот за да соработуваат со сценаристот Скот Барнс и режисерот Стивен Содерберг. „Тие беа многу искусни индивидуи, кои знаеја што да очекуваа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Синдикатот на американски актери решава дали ќе го исклучи Трамп

Американската федерација на ТВ и радиоуметници (АФТРА) ќе одржи состанок на кој ќе решава за исклучување на американскиот претседател Доналд Трамп од своите редови.
Синдикатот САГ-АФТРА, кој обединува околу 160.000 актери, новинари и други медиумски професионалци, во соопштението вели дека свикал состанок на својот дисциплински комитет во врска со улогата на Трамп во насилниот упад на толпата во американскиот Капитол на 6 јануари.
„Доналд Трамп ги нападна вредностите што ова здружение ги смета за најсвето – демократијата, вистината, почитта кон нашите сограѓани од сите раси и вери и светоста на слободниот печат“, рече Габриел Картерис, претседателка на САГ-АФТРА.
„Рамна е линијата од неговото безобразно непочитување на вистината до нападите врз новинари извршени од неговите следбеници“, додаде таа во изјавата.
Трамп стана член на САГ од неговите појавувања во неколку холивудски филмови и ТВ-емисии, почнувајќи од „Сам дома 2“ до „Сексот и градот“ во раните 90-ти.
Забава
„Лига на правдата“ на Зак Снајдер ќе биде четиричасовен филм, а не серија

Новата проширена верзија на „Лига на правдата“, во режија на Зак Снајдер, ќе биде игран филм, а не серија во четири епизоди, како што претходно беше најавено.
Режисерот ги потврди своите планови за новата таканаречена „снајдер кат“ верзија на ДС-филмот и откри дека ќе биде игран филм. Претходно беше објавено дека форматот на проектот на Снајдер ќе биде мини серија во 4 дела, секој дел во траење од 1 час.
Без оглед на форматот, ова е нешто што фановите со нетрпение го очекуваа уште од 2017 година по „Лига на правдата“ на Џос Ведон, коментираат медиумите.
Новиот филм на Снајдер треба да ја има својата премиера во март на „ХБО макс“.
Забава
Мери Бери: Луѓето не треба да се двоумат дали да примат вакцина против Ковид-19

Легендарната британска готвачка и ТВ-ѕвезда, Мери Бери, откри дека примила вакцина против коронавирусот и смета дека луѓето треба да го следат нејзиниот пример и да мислат и на другите.
Бери (85) деновиве откри дека таа и сопругот Пол (88) се вакцинирале и ќе ги охрабрат сите да го сторат тоа.
„Луѓето не треба да се двоумат во врска со вакцините генерално“, рече таа повикувајќи се на сопственото искуство од детството кога имала детска парализа.
„Ако сте биле во болница како што бев јас, со луѓе во агонија, со болка… Мислам дека сите треба да се вакцинираат“, рече таа за „Радио тајмс“. „Имав детска парализа, но сега речиси сите во светот се вакцинирани против тоа“, рече таа додавајќи дека имала огромна среќа што болеста ја погодила само левата страна на нејзиното тело.
Мери Бери е британска готвачка, авторка на кулинарски книги и телевизиска водителка. Има објавено повеќе од 75 книги за готвење, од кои најпозната е Baking Bible.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира