Контакт

Естрада

Џаред Лето ужива на Јадранот пред настапот на фестивалот „Камп Марс“

Објавено пред

Американскиот актер и пејач Џаред Лето (47) преку социјалните мрежи им се пофали на своите обожаватели дека пристигнал во Хрватска. По концертот во Амстердам, Лето пристигна во Хрватска, поточно на островот Обоњан кај Шибеник.

Во средината на јули Лето откри дека го изнајмил хрватскиот остров заради фестивалот „Камп Марс“, кој се одржува во Хрватска за првпат во оваа година. Актерот и пејач со својот бенд „Трти секндс то Марс“ досега четирипати го организираше фестивалот „Камп Марс“ во Малибу, Лос Анџелес, а за јубилејниот петти реши да ја пренесе забавата на јадранскиот брег, па го избра Обоњан.

„Останаа само неколку дена до почетокот на фестивалот. Го истражувам островот и одвај чекам да ги видам сите наскоро. Ќе биде неверојатно“, им порача Лето на своите фанови во краткото видео.

Oстровот Обоњан може да прими 1.000 луѓе, а цената на билетите за „Марс исланд Кроација“ се движат од 1.500 американски долари до астрономски цени до 6.500 долари или повеќе, а постои дури и можност за плаќање на рати. Но тоа не е обичен фестивал и во билетите е вклучено  сместување, храна, дружење со групата и многу други придобивки во зависност од пакетот што го избира купувачот.

Естрада

Таблоид тврди дека принцот Хари доживеал нервен слом

Објавено пред

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Според пишувањата на таблоидот, „капката што ја прелила чашата“ била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Заштитните маски на Ким Кардашјан распродадени за рекордно време

Објавено пред

Реалната ѕвезда Ким Кардашјан почна линија на заштитни маски за лице, кои, како што пренесуваат медиумите, се распродале во рекордно време.

Маските се дизајнирани да може да се носат во текот на целиот ден и се наменети за повеќекратна употреба.

Станува збор за заштитни маски кои се проѕирни и растегливи, пренесе Си-ен-ен.

Кардашјан на својот профил на „Твитер“ објави дека колекцијата била распродадена за неколку часа по лансирањето на новиот производ.

„Работиме со партнер во Лос Анџелес за да произведеме нови што е можно побргу“, соопшти Кардашјан додека во САД во сила се заштитни мерки поради пандемијата на кронавирусот.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) „Суперхикс“ во домашни услови сними спот за песна посветена на карантинот

Објавено пред

Карантинот не ги обесхрабри челеновите на „Суперхикс“, туку напротив, ги мотивираше во домашни услови да настане нивната нова песна „СКАрантин“.

Се работи за бунтовна, игрива и ексцентрична, песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт.

„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во стиховите проследени со веселата ска-музика, препознатлива за нив.

Во видеоспотот се појавуваат и фанови на бендот кои се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.

„Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови коишто ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“, велат членовите на „Суперхикс“.

Карантинската аудио обработка е дело на Ненад Трифуновски – Трипе, а карантинската видеообработка ја направи Гоце Лалковски.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија6 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион8 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија9 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија10 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија11 час

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија11 час

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија11 час

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија11 час

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија12 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија12 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија12 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет13 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет14 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион15 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет15 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа16 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет16 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија16 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија1 ден

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Досие