Забава
Џеки Чен го носи олимпискиот факел на врвот на Кинескиот ѕид

Штафетата на олимпискиот факел, денес, 3 февруари, го почна својот втор ден на врвот на Кинескиот ѕид, а меѓу оние што се менуваа носејќи го факелот на рутата, скратена за три дена поради Ковид-19, беа и хонгкошкиот актер Џеки Чен и низа кинески носители на олимписки медали.
Според некои медиуми, штафетата за факелот што ќе ги отвори Зимските игри од 4 до 20 февруари е многу поскромна од штафетата што се носеше во светот за Летните игри во Пекинг во 2008 година, турнеја што беше нарушена од протести.
Џеки Чен (67), акциона филмска ѕвезда од Хонг Конг, познат по својата поддршка на владата во Пекинг, беше идентификуван во официјалното соопштение за печат со неговото кинеско име Чен Гангшенг.
„Се разбудив во 4 часот наутро. Ова ми е четврта Олимпијада. Многу сум среќен. А исто така многу ми е и ладно!“, им изјави Чен на новинарите по неговото трчање по Кинескиот ѕид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џенифер и Бен планираат раскошна свадбена прослава овој викенд

Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе продолжат да ја слават својата љубов со тридневна свадбена екстраваганца, по нивната импровизирана венчавка во Вегас минатиот месец.
Пејачката и актерот, кој го прослави својот 50. роденден во понеделникот, ќе приредат свадбена прослава од соништата на имотот на Бен, Рајсборо, во Џорџија овој викенд, според „Пејџ сикс“.
Импресивниот имот располага со централна вила дизајнирана во стил на плантажа на површина од околу 4.000 акри, според „Хоумс енд гарденс“.
Забава
Мадона се реши за сицилијанска прослава на роденденот

Мадона се подготвува да го прослави својот 64.роденден така што ќе го донесе своето семејство во Италија на сицилијанската прослава, а во меѓувреме го одбележа роденденот на синот Роко.
Мадона, наводно, ќе потроши илјадници долари за прослава на посебниот ден, пишува „Сан“.
Според британскиот весник, поп кралицата моментално е во Италија, а главната забава ќе се одржи во дворецот Кастелучио (Palazzo Castelluccio) на Сицилија.
Но, пред нејзиниот посебен ден – 16 август – таа се огласи на Инстаграм за да му посака среќен роденден на својот 22-годишниот син Роко Ричи од бракот со Гај Ричи.
Забава
Амбер Херд го смени правниот тим, планира нова жалба на пресудата во случајот клевета

Амбер Херд ја отпушти својата долгогодишна адвокатка Елејн Бредхофт и ангажираше нов правен тим за да ја обжали пресудата во случајот клевета.
Актерката во понеделникот соопшти дека ангажирала двајца адвокати од висок профил – Дејвид Л Акселрод и Џеј Вард Браун од фирмата „Балард Спар“ – да ја водат жалбата, со која има за цел да ја поништи пресудата и да избегне плаќање отштета од 10.3 милиони долари на својот поранешен сопруг, холивудската ѕвезда Џони Деп.
Бредехофт, која ја застапуваше Херд (36) во шестнеделното судење, се повлекува, а Бен Ротенборн продолжува како кобранител.
Портпаролот на актерката од „Аквамен“ наведе дека причини за реконструкцијата на правниот тим се новите докази и различниот суд.