Забава
Џенифер Лопез и Метју Меконахи се сеќаваат на нивниот бакнеж на екранот во „Планер за венчавки“

Номинираната за „Златен глобус“ Jенифер Лопез и оскаровецот Метју Меконахи повторно се обединија преку „Инстаграм лајф“ во вторникот за да ја прослават 20-годишнината од филмот The Wedding Planner.
Џенифер и Метју, сега и двајцата 51-годишници, ги портретираа организаторката на венчавки Мери Фиоре и педијатарот Стив Едисон во романтичната комедија на Адам Шенкмен во 2001 година.
„Сè уште се чувствува како да беше вчера. Токму вчера бевме на средина од тоа поле во киносалата“, рече Џенифер, која може да се пофали со 140 милиони следачи на Инстаграм.
„Се сеќаваш ли кога ја снимавме сцената каде што требаше да ме бакнеш? Јас добро се сеќавам дека ми рече: ‘Госпоѓице Лопез, сега ќе те бакнам’. А јас одговорив: ‘Добро, ајде да го сториме тоа’“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Доли Партон прими вакцина против Ковид-19

Иконата на американската кантри музика ја прими првата доза на вакцината против Ковид-19
75-годишната Доли Партон, која донираше 1 милион долари за развој на вакцина протов коронавирус, беше воодушевена што ја прими вакцината на „Модерна“.
Споделувајќи фотографија на социјалните мрежи, таа напиша: „Доли добива доза од сопствениот лек“.
Минатата година, познатата пејачка и текстописец изјави дека се чувствува многу почестена и горда што донирала пари за истражување на една од најперспективните вакцини против ковид-19.
Во февруари, 75-годишната пејачка инсистираше на тоа дека ќе ја чека својата вакцина против коронавирус, бидејќи не сака луѓето да мислат дека е тоа шоу.
Забава
Хју Грант ќе глуми негативец во новиот филм

Хју Грант ќе го игра игра негативецот во претстојниот филм Dungeons & Dragons.
60-годишниот актер е дел од актерската екипа на проект на „Парамаунт“, заедно со Софија Лилис, Мишел Родригез, Крис Пајн и Реги Жан Пејџ.
Дејствието на филмот – напишан и режиран од Џонатан Голдстајн и Џон Френсис Дејли – и како ликот на Хју ќе се вклопи во конечната сторија, се чува во строга тајна, пренесува TheWrap.
Забава
Раперот Куаво со почит кон актерската легенда Де Ниро

Раперот Куаво од бендот„Мигос“ се отвори за своите интеракции во текот на снимањето сцени со Роберт де Ниро за претстојниот филм „Избањај ме во реката“ (Wash Me in the River).
„Му кажав што ми се случува“, изјави 29-годишниот Куаво за „Билборд“. Му кажав дека еден стих во една од моите нови песни е за доживувањето додека снимав со него, а тој скромно одговори дека тоа е супер.
Жителот на Џорџија вели дека се чувствувал необично кога работел покрај филмската икона.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер