Контакт

Забава

Џенифер Хадсон го прослави 40. роденден откривајќи ја својата восочна фигура во „Мадам Тисо“

Објавено пред

Џенифер Хадсон изгледаше како да не им верува на своите очи кога ја виде својата восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк.

Sвездата на Dreamgirls воздивна кога ја виде фигурата, која беше откриена во неделата во текот на роденденската забава во Summit One Vanderbilt.

Хадсон (40) прави идентична поза со онаа на нејзиното восочно алтерего додека стои до фигурата за фотосесија.

Шефот за маркетинг на њујоршкиот „Мадам Тисо“, Тијаго Могадуро, рече: „Џенифер Хадсон е моќна и талентирана женска фигура во филмот, телевизијата и музиката и ние сме толку возбудени за ова ново дополнување на ‘Мадам Тисо’ во Њујорк“.

Како актерка таа е добитничка на „Оскар“, како пејачка таа е добитничка на „Греми“, како продуцент ја има освоено наградата „Еми“ – на Хадсон ѝ недостига само една награда – „Тони“ за ЕГОТ (акроним за „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони“). Во 2012 година нејзината книга мемоари I Got This: How I Chanel My Ways and Lost What Weighed Me Down стана бестселер на „Њујорк тајмс“.

А во новиот филм Respect таа ја портретира кралицата на соул-музиката Арета Френклин.

Забава

(Видео) Канје Вест објави музичко видео за песната „24“ од новиот албум

Објавено пред

Неколку недели по официјалното објавување и три забави со слушање на новите песни, Канје Вест го објави првото музичко видео од својот нов албум „Донда“.

Видеоспотот е за нумерата „24“, а вклучува снимки направени од вториот настан на слушање на неговите песни на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта.

Видео дури прикажува и еден од најконтроверзните моменти ноќта кога Вест навидум излетува од арената.

Прикажи повеќе...

Забава

Филмски сувенири на Сталоне одат на аукција

Објавено пред

Сувенири од култните филмови на Силвестер Сталоне ќе се продаваат на аукција заедно со неговите боксерски ракавици од „Роки 3“, кои се очекуваат да достигнат цена од 20.000 долари.

Предметите ќе се продаваат во Julien’s Auctions од 5 декември.

Во четвртокот аукциската куќа со седиште во Калифорнија соопшти дека над 500 предмети од личната колекција на 75-годишната филмска sвезда ќе поминат под чеканот. Предметите што ќе се продаваат на аукцијата со наслов „Животот и кариерата на Силвестер Сталоне“ вклучуваат реквизити од филмови, костими, оригинални сценарија и други сувенири.

 

Според соопштението за медиуми, на аукцијата ќе бидат прикажани предмети од некои од најпознатите филмови на Сталоне, вклучувајќи ги и серијалите Rocky и Rambо, како и Cliffhanger, Demolition Man, The Specialist, Judge Dredd, Assassins, Escape Plan, Cop Land и The Expendables.

Прикажи повеќе...

Забава

Новооткриен цртеж на Винсент ван Гог на изложба

Објавено пред

Откриен е досега невиден цртеж на исцрпен старец, дело на Винсент ван Гог, потврди музејот посветен на уметникот.

Скицата била нацртана на почетокот на кариерата на уметникот во 1882 година, соопшти музејот „Ван Гог“ во четвртокот. Скицата се наоѓа во приватната колекција на едно холандско семејство повеќе од еден век.

Но, во четвртокот првпат беше изложена во музејот во Амстердам.

Јавноста ќе може да ја види до 2 јануари, пред да биде вратена во приватната колекција.

Малиот цртеж со молив, потпишан Vincent, прикажува постар работник облечен во елек, панталони и чизми, кој седи на дрвен стол со главата во рацете.

„Апсолутно е невозможно да се каже колку вреди“, изјави претставник на музејот „Ван Гог“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија8 часа

29 починати и 561 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на...

Македонија9 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија11 час

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија13 часа

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија14 часа

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија14 часа

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија14 часа

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија14 часа

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија16 часа

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион17 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет17 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија1 ден

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 дена

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија2 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Досие