Контакт

Забава

Џерард Батлер на соло прошетка во Западен Холивуд

Објавено пред

Веста дека Џерард Батлер не е повеќе во врска со долгогодишната партнерка, дизајнерката Морган Браун, се појави во јавноста пред две недели. Магазинот „Пипл“ ја потрди веста за распадот на популарната холивудската двојка по шест години поминати заедно.

А, во четвртокот  Шкотланѓанецот, ѕвездата на „300“, беше забележан сам во квартот Западен Холивуд во Лос Анџелес.

Актерот веднаш стави заштитна маска кога излезе од својот џип, што е во согласност со здравствените протоколи среде пандемија на Ковид-19.

Батлер треба да глуми во акциониот трилер „Копшоп“, заедно со Френк Грило, како што објавија неколку публикации, вклучувајќи го и порталот „Дедлајн“.Во филмот една полициска станица во мал град станува бојно поле помеѓу професионален убиец (Батлер), паметна полицајка, и измамник (Грило) – поранешен затвореник кој бара засолниште зад решетки, бидејќи нема каде да побегне.

Забава

Иман Велани ќе биде новата г-ѓа Марвел

Објавено пред

По повеќемесечно пребарување, „Марвел студиос“ конечно најде совршена sвезда за да го облече костимот на г-ѓа Марвел.

„Марвел“ – фабрика за суперхерои во сопственост на „Дизни“ – ги фрли своите коцки и реши да ја донесе аматерката Иман Велани, која ќе го толкува титуларниот лик.

Велани ќе биде дел од претстојната серија на „Дизни плус“, во која се појавува 16-годишната муслиманка Камала Кан од Џерси Сити, Њу Џерси. Камала личи на суперхероите, како што е капетанот Марвел, па дури има и суперсила да ги менува својата форма и големина.

Прикажи повеќе...

Забава

На повидок серија за варваринот Конан на „Нетфликс“

Објавено пред

Иконскиот лик што помогна да се роди sвезда во Арнолд Шварценегер, најверојатно, ќе се врати на малите екрани во нова серија.

Стриминг-платформата „Нетфликс“ наводно развива нова серија базирана на ликови од „Конан варваринот“, пренесуваат медиумите.

Конан првпат се појави во стриповите во 30-тите години на минатиот век и беше создаден од Роберт Е. Хауард. Ликот го глумеше Шварценегер на големите екрани во 80-тите.

Во своите најславни времиња Conan The Barbarian (1982), дури ги победи култните класици, како што се Blade Runner и Road Warrior. Во истоимениот филм од 2011 година Конан го глумеше ѕвездата на „Аквамен“, Џејсон Момоа, но наиде на млаку успех.

Прикажи повеќе...

Забава

Клое Кардашјан сподели снеп од ќерката Тру и малите братучеди

Објавено пред

Кајли Џенер во средата го покажа ранецот на ќерка си Сторми од брендот „Хермес“, кој чини 12.000 долари.

А постарата полусестра Клое Кардашјан се надоврза со низа фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледа нејзината ќерка Тру со братучедите Сторми, Чикаго и Псалм на нивниот прв ден за предучилишно воспитување, како што напиша таа во објавата.

Таблоидите коментираат дека фотосесијата, најверојатно, е направена во задниот двор на една од палатите на мајката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион1 час

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет2 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет2 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија3 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ4 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион4 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ6 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија7 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија8 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија21 час

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Досие