Забава
Џиновска слика на британски уметник собра 62 милиони долари во добротворни цели

Најголемата слика во светот е продадена за 45 милиони фунти (62 милиони долари) на аукција во Дубаи, пренесоа странски медиуми, додавајќи дека парите ќе бидат наменети за финансирање хуманитарни организации за деца.
Оригиналната слика на платно The Journey of Humanity („Патувањето на човештвото“) на британскиот уметник Сача Xафри го држи Гинисовиот рекорд за најголемо уметничко платно.
Уметникот поминал осум месеци сликајќи го уметничкото дело од 1.600 квадратни метри на подот од некогашна сала за танцување во хотел во Дубаи.
Тој планирал да ја продава во 70 делови, но целото дело го купи Андре Абдун, француски државјанин кој живее во Дубаи и се занимава со криптовалути.
Цената ја прави една од најскапите слики што некогаш биле продадени на аукција од жив уметник.
Џафри рече дека целата сума од 62 милиони долари (45 милиони фунти) ќе биде наменета за хуманитарната организација „Дубаи се грижи“ (Dubai Cares), УНИЦЕФ, УНЕСКО и Глобалната фондација за подароци за да им помогнат на загрозените деца во земји како Бразил, Индија, Индонезија и Јужна Африка.
44-годишниот уметник од Лондон првично се надевал дека ќе собере 22 милиони фунти, и бил прилично изненаден кога сликата била продадена за двојно поголема цена.
„Навистина ме преплави она што се случи – да соберам толкава сума пари од една слика за една вечер“, рече тој за „Би-би-си њуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќе го задржам, благодарам! Џенифер Лопез сè уште го има прстенот од поранешниот свршеник

Џенифер Лопез сè уште го чува свршеничкиот прстен од 1,8 милион милиони долари, што го доби од својот сега веќе поранешен срвшеник Алекс Родригез.
51-годишната музичарка и актерка беше свешена со поранешниот професионален бејзбол-играч повеќе од две години пред да објави во четвртокот дека ја прекинуваат својата четиригодишна врска.
Извори за ТМЗ рекоа дека Лопез ќе го задржи прстенот и покрај разделбата. Таа наводно го чува на безбедно место дома додека снима филм со Џош Духамел во Доминиканската Република.
Двојката со недели ги негира шпекулациите за голема криза во врската пред да потврди дека ја раскинале свршувачката во заедничка изјава објавена во „Тудеј.
„Сфативме дека сме подобри како пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме така“, рекоа во заедничкото соопштение Лопез и Родригез. „Ќе продолжиме да соработуваме и меѓусeбно да се поддржуваме во заеднички деловни потфати и проекти“.
Алекс клекна на едното колено и ја побара за жена Џенифер со импресивен дијамантски прстен со смарагди додека беа на одмор на Бахамите во 2019 година.
Забава
Бред Пит ќе се појави во една сцена од „Изгубениот град Д“

Холивудските ѕвезди Бред Пит и Сандра Булок ќе ги видиме како статисти во претстојните меѓусебни филмови.
Оскаровецот накусо ќе се појави во новата трилер-романса „Изгубениот град Д“ со Сандра Булок и Ченинг Тејтум во главните улоги, објави во четвртокот „Холивуд репортер“.
Според истиот извор, неговата улога на статист во филмот на „Парамаунт пикчрс“ доаѓа откако Сандра направи слично во акциониот филм на Бред, Bullet Train.
Откако беше објавено дека таа накусо ќе појави во неговиот филм, Бред сметал дека е фер да го стори истото за некој од нејзините претстојни филмови. Идејата за камео појавување е токму од неа.
Бидејќи Сандра е и продуцент на претстојниот филм на „Парамаунт“, таа видела можност за забавен кастинг, па така, се обратила до својот пријател Бред, кој рекол „да“.
Динамично дуо: Бред Пит (57) и Сандра Булок (56)
Забава
Амбросио беспрекорна во спортско издание само неколку дена откако наполни 40 години

Алесандра Амбросио почна да го слави јубилејниот 40-ти роденден со семејството и пријателите од неделата, 11 април.
Во текот на славењето што траеше четири дена поранешниот супермодел не се откажа од секојдневното вежбање за одржување на својата атлетска фигура.
И во четвртокот таа се упати кон спортската сала во квартот Брентвуд во Лос Анџелес.
Атрактивната Бразилка изгледа фантастично во спортска комбинација од бели хеланки и топ, со дуксерче околу половината.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш