Контакт

Забава

Џони Деп доби подарок свој портрет

Објавено пред

Џони Деп не само што го доби случајот за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд туку освои и многу срца.

dobivaj vesti na viber

Како гест на поддршка еден уметник наслика црно-бел портрет на актерот. Сликата наиде на голем одѕив кај луѓето и затоа тој реши да му ја подари.

Скот Гринвуд, уметникот што наслика портретот, се огласи на „Твитер“ за да сподели снимка од средбата со холивудскиот актер.

„Мојата вирална слика дојде до Џони Деп! Ви благодарам на сите, немаше да успеам без вас“, твитна уметникот.

Видеото покажува дека Деп е вистински одушевен од ова уметничко дело. „Ова е лудило, се гледаат и најмалите детали“, коментира актерот. И двајцата им се заблагодарија на фановите, без кои, како што рече Деп, „ништо од ова не би било можно“.

Гринвуд исто така напиша дека Џони е најсимпатичниот човек што некогаш го сретнал и дека подоцна потпишал неколку намалени принтови од сликата.

„Џони покажа дека ја цени мојата работа, тој е буквално најмилиот човек што сум го сретнал, тој, едноставно, е прекрасен!“, напиша уметникот во коментар.

Пред една недела Гринвуд сподели видео на „Твитер“, во кое го објаснува значењето на фотографијата. Во заднината на портретот, на кој Деп е прикажан со затворени очи, пишува „Правда“ и „Никогаш повеќе нема да ми ги видиш очите“.

„Деп тоа ѝ го кажа на Амбер Херд по што никогаш не ја погледна во судницата“, објасни сликарот.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бред Пит најави крај на актерската кариера

Објавено пред

Мега популарниот актер – Бред Пит во интервју за британски „GQ“ најави крај на неговата кариера со образложение дека улогите кои ги добива не ги задолуваат неговите стандарди и афинитети.

dobivaj vesti na viber

„Се сметам дека стојам на последната нога. Во последниот семестар. Што ќе биде овој дел? И како сакам да го дизајнирам? – рече Пит.

По разводот со Анџелина Џоли тој се приклучил на групата „Анонимни алкохоличари“.

„Имав навистина кул машка група овде, која беше навистина приватна и селективна, така што беше безбедно, бидејќи сум гледал работи на други луѓе, како Филип Сејмур Хофман, кој беше снимен додека си ги истура црева и тоа беше неприфатливо за мене“ рече актерот.

Прикажи повеќе...

Забава

Питон од 100 килограми проголтал елен

Објавено пред

Во стомакот на бурмански питон тежок над 100 килограми и со должина од 5,5 метри биле пронајдени остатоци од елен. Најверојатно тоа бил последниот оброк за змијата која била уловена уште во декември минатата година, а која беше во замрзнувач до април годинава, ловците се бореле половина час.

dobivaj vesti na viber

Бурманскиот питон е една од шесте најголеми змии во светот.

Најголемиот примерок досега уловен е од 2005 година, змија тешка 183 килограми и долга 8,2 метри.

Прикажи повеќе...

Забава

Бил Козби осуден за сексуален напад на тинејџерка пред 47 години

Објавено пред

Судот во Калифорнија ја осуди поранешната телевизиска ѕвезда Бил Козби за сексуален напад на тинејџерка уште во далечната 1975 година.

dobivaj vesti na viber

Џуди Хут, сега 64-годишна жена, ќе добие 500.000 долари отштета. Одлуката на поротата е засега единствената правосилна против 84-годишниот поранешен актер, кој досега беше обвинет од десетина жени за сексуални напади.

Пред помалку од една година Козби беше пуштен од затвор затоа што Врховниот суд во Пенсилванија му ја укина пресудата за сексуално матретирање на Андреа Констанд, поранешна директорка на кошаркарски клуб.

Козби е познат по своето хумористично шоу „Козби шоу“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Путин го нарече Западот циничен: Ако нема леб, јадете колачиња

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот нема да има проблем да добие жито од Источна Европа, особено од Русија....

Свет2 часа

Ватикан: Одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот е предизвик за светот

Папската академија за живот денеска ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД да им дозволи на федералните држави да...

Свет4 часа

(Видео) Бајден за одлуката на Врховниот суд: Ова е тажен ден за нашата земја

Американскиот претседател Џо Бајден се обрати по одлуката на Врховниот суд да дозволи забрана на абортусот. Тој на почетокот рече...

Македонија4 часа

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе...

Регион5 часа

Петков го повика Ковачевски да се охрабри и да го прифати компромисот

Бугарскиот премиер Кирил Петков го повика својот македонски колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати компромисот предводен...

Свет7 часа

(Видео) Врховниот суд на САД го укина правото на абортус

Милиони жени во САД ќе го изгубат своето законско право да абортираат. Врховниот суд ја укина пресудата со која се...

Македонија10 часа

Бугарскиот парламент го одобри францускиот предлог, дополнет со четири услови

Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. За предлогот на Демократска Бугарија, одобрен од...

Европа11 час

Рама со одговор до бугарското МНР: Пријатели, смирете се, тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

Албанскиот премиер Еди Рама реагира кога бугарското Министерство за надворешни работи побара од него да зборува на соодветен јазик за...

Европа13 часа

Бугарското МНР за Рама: Слушаме непровоцирани, тешки и навредливи квалификации од шеф на влада

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји членки на Европската Унија што ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ги браневме...

Македонија13 часа

Милошоски до Османи: Нема потреба од два збора, ниту правдање со загради, доволна е оставка!

„Нема потреба ниту од два збора ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“. Ова е...

Европа14 часа

Украина и Молдавија со кандидатски статус; Макрон: Ова е порака до Русија

Еден од најмоќните европски политичари, францускиот претседател Емануел Макрон, ја поздрави одлуката Украина да добие официјален статус на земја кандидат...

Македонија14 часа

Османи: Усвојувањето на резолуцијата во Бугарија ќе го блокира европскиот процес и ќе го парализира договорот за пријателство

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи,...

Европа14 часа

Гајдај: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк

Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк на истокот на земјата, каде што се водат жестоки битки со...

Европа15 часа

Зеленски за официјалното доделување статус во ЕУ: Украина не е перница меѓу Западот и Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“ објави уште еден коментар за официјалното доделување статус на кандидат за...

Македонија15 часа

Захариева: Петков требаше поодговорно да се однесува за Северна Македонија

Немањето став повеќе од една недела за францускиот предлог за регулирање на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија ги влоши...

Свет1 ден

Руте: Загрижен сум за С. Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада

Марк Руте – премиерот на Холандија пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Северна...

Свет1 ден

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

Кандидатски статус за влез во ЕУ вечерва добија Украина и Молдавија – дваесет и седум членки на Унијата ја донесоа...

Свет1 ден

Мишел: За Северна Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ и...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе се бориме заедно за европска иднина почитувајќи се себеси

Србија денеска даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно ништо не се случи....

Регион1 ден

Рама: Жал ми е за ЕУ, ни пандемијата ни војната не ги обедини Европејците

Албанскиот премиер Еди Рама, по самитот за Западен Балкан, изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се...