Забава
Џони Деп се обрати до Апелацискиот суд во Лондон во обид да ја поништи пресудата за случајот со клевета

Џони Деп можеби ја изгуби битката, но тој сепак смета дека може да ја добие војната.
Холивудскиот актер се обрати до Апелацискиот суд во Велика Британија во обид да ја поништи пресудата на Високиот суд минатиот месец дека весникот „Сан“ не го клеветел кога го опишал како тепач на жена, пренесува порталот „Дедлајн“.
Според жалбата до Апелацискиот суд, видена од британската генција „Прес асосиејшн“, Деп продолжува со правната битка што го чинеше загубена улога во серијалот „Фантастични sверки“ на „Ворнер брос“ додека актерот се обидува да ги поништи обвинувањата изнесени од неговата поранешна сопруга Амбер Херд.
Судијката Ендру Никол претходно истакна дека употребата на изразот тепач на жена од страна на весникот во статија од 2018 година е суштински вистинита. Во нејзината пресуда исто така стои дека Деп физички ја нападнал Херд.
Деп реши да се бори против оваа пресуда. Неговиот адвокатски тим се обрати до Апелацискиот суд во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Роберт де Ниро, Мајк Маерс, Крис Рок во мистериозен филм на Дејвид Расел

Тој се врати за својот прв филм по повеќе од пет години.
Режисерот Дејвид О. Расел продолжува да регрутира големи имиња за својот строго доверлив проект, кој моментно се снима во јужна Калифорнија.
Во најавата за филмот медиумите пишуваат дека новиот проект е голема мистерија бидејќи ништо не се открива за содржината.
А во четвртокот „Дедлајн“ објави три големи имиња во актерската екипа – Роберт де Ниро, Мајк Мајерс и Крис Рок.
Ова ќе биде вторпат Де Ниро да работи со овој режисер. Тој претходно глумеше во Silver Linings Playbook со Џенифер Лоренс и Бредли Купер.
Регрутирањето познати актери не запира тука. На екипата ќе ѝ се придружи и Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на хит-серијата на „Нетфликс“, „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit), во која таа покажа извонредна глума.
Забава
Џесика Честејн, поборник за силата на жените, во насловната сторија на „Шејп“

Џесика Честејн ја краси насловната страница на списанието „Шејп“, во двомесечно издание јануари/февруари.
43-годишната црвенокоса бомба разговара со женскиот магазин за здравје во врска со нејзиниот пристап кон фитнесот и храната, и поплочувањето на патот на жените во Холивуд во борбата за фер плата.
Позирајќи во живописни неонски бои, актерката на Zero Dark Thirtу се отвори за својата мисија да ја искористи својата платформа за „вистинска акција“, како што рече.
Ветеранка во филмската индустрија, која може да се пофали со две номинации за „Оскар“, Честејн открива дека таа е повеќе од убаво лице додека зборува за вложувањето напори за да се направи промена во Холивуд.
Забава
„Во нашите срца засекогаш“: Селин Дион на петтата годишнина од смртта на сопругот Рене Анжелил

Селин Дион во четвртокот му оддаде почит на покојниот сопруг Рене Анжелил на петтата годишнина од неговата смрт.
Музичката дива (52) на својот Инстаграм-профил сподели фотографија на која се гледаат двајцата како се држат за раце.
Во описот на објавата, таа напиша: „Рене, поминаа веќе 5 години … Нема ден да не мислиме на тебе.“
„Ти си во нашите срца и во нашите животи засекогаш. Те сакаме, Селин, Рене-Чарлс, Нелсон и Еди.“
Канадската дива, еден од најмоќните вокали во светот, беше во брак со нејзиниот менаџер од 1995 година до неговата смрт од рак на 73-годишна возраст.
Двојката имаше три сина заедно, Рене-Чарлс кој сега има 19 години, и близнаците Нелсон и Еди (10).
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира