Контакт

Забава

Џон Бон Џови соработува со фановите за нова песна за коронавирус

Објавено пред

Рок-ѕвездата неодамна сподели видео во кое говори за својот најнов музички проект, Do What You Can.

Во четириминутниот клип Џон Бон Џови објаснува дека тој веќе го напишал првиот стих и рефренот на сè уште недовршената песна.

„Кога не можете да го правите она што го правите/правете тоа што можете/Ова не е моја молитва/Ова е само мисла што сакам да ја испратам/Сега сме наведнати, но нема да потклекнеме/Кога не можете да го направите тоа што го правите/вие го правите она што можете“, пее тој во рефренот.

Насловот на песната очигледно се однесува на натписот на фотографија на која се гледа како фронтменот Бон Џови мие садови во ресторанот JBJ Soul Kitchen во неговиот роден град Њу Џерси. Во овој ресторан нема ценовник, а гостите плаќаат онолку колку што можат. Ресторанот е отворен во поранешна продавница за автоделови, а наменет е за сиромашните луѓе.

58-годишниот музичар ги повика фановите да го пополнат вториот стих на песната со свои приказни, и воедно ги повика да му кажат низ што минуваат среде глобалната пандемија на коронавирус.

„Кажете ми како се чувствувате, дали ви е тешко. Кажете ми за матурата што ќе биде откажана…за матурската вечер што можеби ќе ја немате, кажете ми за бебето што доаѓа а вие не можете ништо да сторите во овој момент. Кажете ми за платата што ја губите, за вашите стравувања…за тоа дека се плашите додека гледате од вашиот прозорец и се прашувате што да направите. Само запомнете, ние ќе го пребродиме ова“, додава тој.

Покрај тоа што работи на Do What You Can („Прави што можеш“), рокерот од Њу Џерси се подготвува за издавање на 15. студиски албум на неговиот бенд, насловен Bon Jovi 2020, кој треба да излезе на 15 мај.

 

Забава

Синот на Елизабет Харли ѕвезда на новата кампања за убавина со Ирина Шајк

Објавено пред

Видеото во кое лежи на подот и нежно го гушка манекенката Ирина Шајк го сними 18-годишниот син на актерката и манекенка Елизабет Харли за новата кампања за маскара потпишана од Пат Мекграт.

Слика и прилика на својата позната мајка, Демијан Харли со одушевување ја прифатил поканата за снимање и на „Инстаграм“ се пофали со финалниот производ.

На почетокот на видеото во преден план е Ирина, која потоа се спушта и нежно со рацете во долгите кожени ракавици го допира Демијан Харли, цело време сензуално гледајќи во камерата. Во еден момент таа ја спушта главата сè до неговата, а 18-годишното момче мижи.

Демијан Харли, кого Елизабет го доби од врската со покојниот Стив Бинг, е крајно самоуверен, што е јасно видливо во видеото, а уште од рана возраст не крие дека мајка му му е идол.

Дури и Елизабет Харли не можеше да ја скрие гордоста поради неговата кампања, со која исто така се пофали на „Инстаграм“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Синот на познатиот ловец на крокодили го касна змија на лицето

Објавено пред

Роберт Ирвин, син на починатиот ловец на крокодили Стив Ирвин, сè повеќе личи на својот татко. И него го  интересираат диви животни, па решил да направи документарен филм за нив.

Роберт неодамна сподели видео на својот инстаграм-профил, на кое се гледа како си игра со дијамантски питон додека го снима документарецот пред да го врати во дивината. Сепак, змијата не сакала да си игра, па го каснала на лицето.

„Откако го спасивме, овој дијамантски питон нè потсети на слична ситуација што се случи пред неколку децении во една епизода на документарната серија на ловецот на крокодили. Можеби тие, всушност, така велат ’благодарам’“, напиша Роберт во објавата.

Покрај ова видео, тој сподели и фотографија во која ги споредува своите рани на лицето со оние на Стив.

Прикажи повеќе...

Hitech

Сервисот „Спотифај“ станува достапен и за македонските корисници

Објавено пред

„Спотифај“, една од најпопуларните светски платформи за вмрежен аудиопренос, со претплата, од утре (15 јули), ќе биде достапна за користење и во земјата.

Покрај влегувањето во Македонија, „Спотифај” стартува и на 12 други пазари, вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Украина и Хрватска, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Со светска заедница која брои повеќе од 286 милиони слушатели, вклучувајќи и 130 милиони премиум-претплатници на глобално ниво, „Спотифај” овозможува слушање локална и меѓународна музика со над 50 милиони песни и 1 милион поткасти.

Услугата „Спотифај“ е бесплатна или со можност за надградба на „Спотифај премиум“, услуга со претплата што им овозможува на корисниците да уживаат во музиката, без да бидат прекинувани од реклами.

„Стартувањето на овие пазари ја отвора вратата за речиси 250 милиони обожаватели, кои ќе може да почнат со откривање нова музика и поткасти од целиот свет на ‘Спотифај’, а уметниците во регионот да ги допрат сè поповрзаната глобална публика и обожавателите“, вели Федерика Тремолада, управен директор за јужна и источна Европа на „Спотифај“.

Таа исто така додава дека стартувањето на овие 13 пазари е важен момент во приказната на „Спотифај“.

„Особено затоа што им посакуваме добредојде на обожавателите и уметниците на растечките музички пазари, како Северна Македонија, каде што расте семрежниот пренос и каде што гледаме значајна можност за ‘Спотифај’“, вели Тремолада.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет9 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронаворусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија14 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија16 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија16 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија17 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ19 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија20 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија20 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија21 час

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија22 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет22 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа22 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион23 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија1 ден

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија1 ден

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија1 ден

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија2 дена

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ2 дена

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија2 дена

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Досие