Контакт

Забава

Џорџ Клуни во мисија да ги спои Бред Пит и Џенифер

Објавено пред

По четиринаесет години од разводот на американскиот актер Бред Пит (55) и актерката Џенифер Анистон (50), нивниот пријател Џорџ Клуни (58) си зададе мисија повторно да ги обедини, пренесува „Мирор“.

Неговиот план започна така што ги покани поранешните брачни партнери да одат со него и неговата сопруга Амал (41) на тајно патување во Рим.

Причината за тоа е дека Џорџ сака еден од неговите најдобри пријатели повторно да биде среќен. Според него, тоа значи само едно – да го спои со Џенифер.

Бред и Џенифер останаа во приватна вила во Рим. Џорџ организираше сè, откривајќи дека сместувањето било резервирано за неговите родители, за да нема „љубопитни очи“.

Сè било многу романтично благодарение на персоналот кој се однесувал крајно дискретно.

Забава

Ники Минаж се омажи за сексуален престапник

Објавено пред

Американската раперка Ники Минаж (36) со последната објава на социјалните мрежи потврди дека се омажила за своето контроверзно момче и продуцент Кенет Пети (41). Уште минатото лето можеше да се претпостави дека двојката тајно се венчала бидејќи Минаж го променила своето презиме на профилот, а сега таа го потврдила тоа со видео на кое се прикажани натписите „невеста“ и „младоженец“.

Ники веќе извесно време со своите објави им кажува на фановите колку е среќна со Пети, иако речиси никој не ја поддржува нивната врска поради мрачното минато на Кенет.

Неговата криминална историја вклучува затворска казна поради обид за силување на 16-годишна девојка и убиство без предумисла, а Пети е на слобода од 2013 година.

Минаж неодамна откри колку е заљубена во поранешниот затвореник, со тоа што најави дека се повлекува од сцената за да се посвети на основање семејство. Сепак, таа се предомисли малку подоцна најавувајќи дует со Адел, но и официјално му кажа „да“ на својот проблематичен партнер.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Направиле огромен кревет за да може да спијат со своите 7 кучиња

Објавено пред

Џенифер Тејлор (49) и нејзиниот сопруг, Стив (60), од Алабама, САД, се во брак 24 години и ги сакаат своите кучиња толку многу што направиле огромен кревет широк четири метри за да може да спијат удобно со нив. Тие купиле два огромни душека и ги споиле, па на тоа монтирале две врати како зглавје, кое потоа го насликале.

Конструкцијата на креветот ја направиле од дрвени штици, а на крајот ги чинела приближно 6.300 куни. Тие велат дека биле презадоволни од резултатот. Кога во него ќе се сместат со своите седум влакнести пријатели, сите имаат повеќе од доволно место за спиење.

Џенифер се опишува себеси како мајка на кучињата и сите тие се нејзините мали бебиња. Тие имаат пет долговлакнести јазавичари и два француски булдога. Понекогаш ги има и повеќе кога ќе удомат некое напуштено куче.

„Целата моја куќа во основа стана светилиште за кучиња! Тие беа премногу за кревет со нормална големина, па јас и мојот сопруг решивме да изградиме еден огромен од четири метра за да можеме сите да спиеме на него“, рече таа, пренесува „Унилад“.

Прикажи повеќе...

Hitech

Новинар тајно се вработил во фабрика за „ајфони“: „Повеќе личи на затвор отколку на фабрика“

Објавено пред

Кинескиот студент од Њујорк, Деиџан Зенг, го минал минатото лето тајно работејќи во фабрика за „ајфони“ во Кина. Зенг бил на тајна задача и открил зошто производството на популарниот телефон нема да се врати во САД.

Работел шест недели, претежно ноќни смени од 12 часа, секој ден, освен недела, во фабриката на фирмата „Пегатрон“. Неговата работа се состоела од рачно вградување делови во мобилните телефони.

За ваквата операција тој имал необична причина – истражување заеднички спроведено од Универзитетот во Њујорк и кинеската Асоцијација за надзор на трудот.

Истражувањето било спроведено по добиените сознанија на кинеското здружение дека би можело да дојде до негодувања кај работниците поради условите за работа во фабриката.

Кога се вратил во САД, Зенг ги споделил своите искуства во интервју за Си-ен-би-си.

Врз основа на тоа искуство тој заклучил дека и покрај плановите на американскиот претседател Доналд Трамп, практично е невозможно американските работници да го преземат производството на „ајфон“ и слични електронски уреди.

Како воопшто ја добил рботата во кинеската фабрика?

„Само се појавив таму. Само ми ја дадоа адресата на фабриката и отидов таму. Кога стигнав, видов луѓе како стојат со багаж во долг ред, па само застанав во него. Кога дојдов на ред, ме прашаа за лична карта, побараа да им ги покажам рацете и да ја рецитирам англиската азбука. Потоа влегов. Ми требаа помалку од 30 секунди. Не треба формално да аплицирате за работа или да имате некои посебни вештини“, изјавил Зенг додавајќи:

„Во фабриката добивав плата од 3.100 јуани или 450 американски долари“.

Зенг смета дека е невозможно таков работен процес да се преслика во САД затоа што ниту еден американски работник не би прифатил работа за таква плата.

Според некои снимки направени од кинеската фабрика, нејзината надворешност повеќе потсетува на затвор отколку на фабрика бидејќи зградата е опкружена со мрежи што би спречиле самоубиство на работниците.

Сепак, многумина веруваат дека поради фактот што Кина станува економски послилна, ваквите услови за работа набргу ќе бидат неприфатливи, што ќе услови преместување на производството каде што е попрофитабилно за индустрискиот гигант.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Објавен идентитетот на возачот на камионот во кој беа пронајдени 39 лешeви

Возачот на камионот кој беше уапсен откако во приколката на товарното возило во Есекс, Англија беа пронајдени 39 безживотни тела...

Европа5 часа

Борисов: Камионот со 39 безживотни тела не бил во Бугарија од 2017

Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не можеле да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во...

Топ6 часа

Скопјанец тешко повреден откако паднал од петтиот кат на зграда во Аеродром

Чувар вработен во угостителски објект лоциран на скопскиот булевар „Јане Сандански“ во раните утрински часови на 22. октомври во полиција...

Македонија7 часа

Заев: Јас ќе бидам кандидат за премиер и ќе ја водам кампањата

Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам канидидат за премиер, изјави првиот човек на Владата, Зоран Заев. Одговарајќи на...

Македонија9 часа

Европскиот Парламент утре ќе гласа за резолуцијата со која го поддржува проширувањето на ЕУ

Европскиот Парламент ќе гласа утре за резолуцијата со која целта е да се осуди одложувањето на пристапните преговори на Македонија...

Македонија11 час

Мицотакис: Преспанскиот договор е нагативен за нас, но ја поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ќе биде фактор за стабилност...

Европа12 часа

Јункер во последниот говор: Чувај се Европо и бори се против национализмот

Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан Клод-Јункер предупреди дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека самата...

Македонија13 часа

Уште четири земји треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение информира дека преостануваат ратификации од уште четири земји членки, до официјално пристапување во НАТО....

Македонија14 часа

Независната пратеничка група ја поздрави одлуката на САД за ратификација на протоколот за НАТО

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија упати благодарност до амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари...

Македонија14 часа

Европарламентот со вонредна резолуција повторно ќе бара преговори со Македонија

Европскиот Парламент денеска на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за...

Македонија15 часа

Сончево и топло со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од источен правец. Минималната температура ќе се движи од 1...

Свет1 ден

Пропадна планот на Џонсон за брегзитот

Британските законодавци го одобрија предлог-законот на премиерот Борис Џонсон за брегзитот, но одбија да биде усвоен во рок од три...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Ердоган го објавија планот за Сирија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, која траеше повеќе од шест часа, соопшти...

Македонија1 ден

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување 60.000.000 денари од буџетот за 2019 година за чистење на...

Македонија1 ден

САД го ратификува протоколот за членство на земјата во НАТО

Сенатот на САД попладнево го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 92 сенатори, а двајца...

Топ1 ден

Момче од Швајцарија повредено при пад на Матка

Изутринава, во 8.40 часот, од Ургентниот цетар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека вчера со тешки телесни повреди...

Македонија1 ден

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија1 ден

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија1 ден

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија1 ден

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Досие