Контакт

Забава

Џош Хартнет на гала-вечера кај принцот Чарлс

Објавено пред

На гала-вечерата на британскиот принц Чарлс во Бакингемската палата, организирана во чест на неговата фондација Prince’s Trust, се собра целата елита.

Покрај доаѓањето на брачната двојка Клуни, сите ги изненади појавувањето на актерот Џош Хартнет, кој на црвениот килим се појавува само кога мора.

Поранешниот холивудски заводник Џош Хартнет (40) пристигна со својата прекрасна сопруга, актерката Тамсин Егертон, и ги изненади сите со својот младешки изглед. Во придружба на својата 10 години помлада сопруга тој уживаше во дружењето со членовите на британското кралско семејство и насмеан се ракуваше со принцот Чарлс.

Тамсин Егертон и Џош Хартнет се во брак од 2012 година и имаат две деца, но нивните имиња не се познати за јавноста. По почнувањето на врската, двојката одлучила дека нивниот приватен живот таков и ќе остане и дека нема да ги делат деталите и среќните или тажните моменти со никого.

Пред 15 години Хартнет се повлече од јавноста и се определи за живот далеку од светлоста на рефлекторите, славата и милионските филмски договори. Тој сними два мегахита, „Перл Харбор“ и Black Hawk Down по што веќе никогаш не постигна таков успех. Благодарение на овие филмови Џош Хартнет ја освои титулата холивудски убавец за кој лудуваа жените во целиот свет, но нему семејството секогаш му беше на прво место.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

(Видео) Двајца Полјаци во последен момент побегнаа од своето возило, пред да го „разнесе“ камион во полна брзина

Објавено пред

Секунди фалеа за двајца мажи да ги загубат своите животи на прометен автопат во Полска.

Како што може да се види од снимката објавена на платформата „Јутјуб“, тие на страната на автопатот го запреа своето возило, а за да го сигнализираат тоа ги вклучија трепкачите. Во последен момент, сфатија дека возачот зад нив нема намера да го запре камионот и набрзина побегнаа од возачката кабина.

Само неколку моменти подоцна, камионот буквално го разнесе нивното возило, без кочење, а двајцата среќници во инцидентот минале без повреди.

Еден човек побегна на едната, а вториот на другата страна односно на коловозната лента, а нивното возило беше единствената жртва на ударот, кој сигурно ќе го платеа со своите животи доколку не реагираа навремно.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Истражување: Направени детални слики од срце на бебе во матка

Објавено пред

Научници успеале да направат досега невидени фотографии од срцето на бебето додека тоа се уште е во матката. Бремени жени биле скенирани во МРИ машина, а моќни компјутери направиле 3Д модели од малите срциња во неродените бебиња.

Тимот на Кралскиот колеџ во Лондон, соопшти дека ќе ја подобрат грижата за бебињата со вродена срцева болест. Итражувачите велат дека нивниот пристап би можеле да го усвојат и болниците.

Со оваа метода ќе може да се контролираат и навремено да се преземат одредени чекори во спречување на срцевите заболувања кај бебињата.

Прикажи повеќе...

Естрада

Мајли Сајрус во провокативно издание

Објавено пред

Пејачката Мајли Сајрус ја објави својата гола фотографија на социјалните мрежи и иницира лавина коментари.

Пејачката се сончаше гола на лежалка, на себе имаше само капа што ѝ ја штитеше главата од сонцето, а градите ги покри со рацете.

Мајли успеа повторно да го привлече вниманието, па некои коментираа дека пејачката блеска по мажачката со Лијам Хемсворт, а други ја критикуваа поради ова провокативно издание.

„Подготвен сум за забава, ајде да одиме во лето 2019 година!“, порача покрај фотографијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите...

Топ3 часа

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници....

Топ4 часа

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со...

Македонија4 часа

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите...

Топ6 часа

Од Вардар извлечено тело на 20-годишно момче

Околу 10 часот утринава од водите на Вардар во близина на Гостивар, е извлечено безживотното тело на 20-годишно момче. Телото...

Свет7 часа

Уништена Исламска држава во Сирија, го изгуби и последното упориште

Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови...

Свет8 часа

Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит. Се очекува...

Свет9 часа

Противниците на новиот закон за авторски права најавија протести низ Европа

Илјадници демонстранти се очекуваат денеска да излезат на улиците низ Европа во пресрет на одлучувачкото гласање за реформа на законот...

Свет10 часа

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две Јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин. Повеќе од 100 полицајци учествуваа...

Свет10 часа

Повторно отворени џамиите во Крајстчерч, први влегоа преживеаните од масакрот

Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно...

Свет24 часа

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија1 ден

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија1 ден

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија1 ден

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија1 ден

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 20191 ден

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ1 ден

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион1 ден

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион1 ден

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Терористите од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека е срамота што  терористите од ИСИС, добиле три пати помали казни од осудените за 27-ми април „Срамен...

Досие