Забава
Џулија Робертс со порака за сопругот по повод годишнината од бракот

Таа е кралица на романтичните комедии од 90-тите.
А во нејзиниот личен живот Џулија Робертс (54) исто така се чини дека е експерт за прашања поврзани со срцето додека ја слави 20-годишнината од бракот со сопругот Дени Модер (53).
Робертс се огласи на социјалните мрежи, каде што сподели заматена фотографија од нив двајцата, и напиша: „Не можам да престанам да се смеам и не можам да престанам да те бакнувам“.
Робертс се омажи со снимателот Модер во 2002 година, а се сретнаа на снимањето на филмот „Мексиканецот“ (2001) во кој таа глуми со Бред Пит. Двојката има три деца, близнаците Фајнес и Хејзел (17) и Хенри (14).
Џулија доби можност да го покаже својот потенцијал во филмовите „Задоволство“, „Мистична пица“ и „Челични магнолии“.
Познатата филмска дива стекна светска слава во деведесеттите со „Убава жена“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Висока мода“, а во 2001 година доби „Оскар“ за најдобра женска улога за нејзината изведба во филмот „Ерин Брокович“.
Таа ги освои срцата на публиката со својата позитивна енергија и харизма.
Џулија беше во врска со неколку познати холивудски актери, меѓу кои Кифер Сатерленд, Бенџамин Брет, Џејсон Патрик и Метју Пери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Угина најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург, ја нападнала лисица

Најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург угина откако беше нападната од дива лисица која упадна во нејзиниот ограден простор.
„Госпоѓа Воловиц почина во средата вечерта по инцидентот“ – објавија од зоолошката градина, објаснувајќи дека другите пингвини во колонијата се неповредени.
We know so many of you loved Mrs Wolowitz, our oldest penguin ????
Sadly, we lost her last night after a fox broke into our penguin enclosure. Thankfully, the rest of our colony are unharmed and are doing well.
Her massive personality will be missed ???? pic.twitter.com/fGEu0QHzkE
— Edinburgh Zoo (@EdinburghZoo) August 11, 2022
„Знаеме дека многумина од вас ја сакаа г-ѓа Воловиц, нашиот најстар пингвин. За среќа, остатокот од колонијата е неповреден и сите се добро. Без сомнение ќе ни недостига харизмата на г-ѓа Воловиц“ – објавија од зоолошката градина во Единбург.
Од зоолошката градина најавија и дека стручни тимови секојдневно го проверуваат куќиштето за да откријат можни знаци на оштетување, бидејќи секогаш постои ризик дивите животни да упаднат во нив. Размислуваат и за можноста за дополнително зајакнување на оградите.
Забава
Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.
Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.
„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.
Забава
Почина холивудската актерка Ен Хеч

Ен Хеч (53), популарната актерка која минатиот петок се здоби со тешки изгореници во несреќа во Калифорнија, денеска била исклучена од апаратите, пишуваат светските медиуми.
Веста за смртта на актерката ја објави нејзината пријателка Ненси Дејвис.
BREAKING: Actor Anne Heche is not expected to survive after suffering a brain injury from crashing her car into a Los Angeles home, her family says. https://t.co/EIVB72Nnpo
— NBC News (@NBCNews) August 12, 2022
Актерката предизвика несреќа на 5 август удирајќи со својот автомобил во гаражата на туѓа куќа во Калифорнија, при што настана пожар.
Имаше навестувања дека нејзината состојба се подобрува, но потоа се појави веста дека Ен паднала во кома, а семејството денеска објави дека и престанале мозочните функции, па одлуката да се исклучи од апаратот се одложува поради донирање органи.
Таа беше хоспитализирана во Центарот за изгореници „Гросман“ во болницата Вест Хилс, северно од Лос Анџелес.