Забава
Алекс Родригез се пофали со својот физички изглед додека се тушира на јахта
Само еден ден откако го прослави својот 46. роденден, поранешниот бејзбол-играч ги покажа стомачните мускули, пишуваат таблоидите додавајќи дека оваа недела бил фотографиран како премногу се приближува до крузерот што го изнајми неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез.
Навидум релаксиран и воопшто неизненаден од физичката близина со Џенифер и нејзиното момче Бен Афлек, Алекс може да се види како се тушира со ладна вода.
Тој сподели видео на кое се гледа како се забавува со своите пријатели, вклучувајќи ги и НФЛ-ѕвездата Ерик Декер и неговата сопруга Џеси Џејмс Декер.
Презентерката на спортски вести Мелани Колинс му се придружи на Родригез на крстарењето по должина на француската ривиера. Тие беа фотографирани на палубата на неговиот изнајмен крузер.
Прославата на родендените на поранешните партнери Алекс и Џенифер на суперјахти по должина на француската ривиера деновиве беше топ-тема во светските шоу-биз медиуми.
Медиумите коментираа дека тие се обидуваат да се надминат еден со друг кога станува збор за луксузни крстарења. И Алекс и Џенифер изнајмија ривалски суперјахти во Сен Тропе, секој со свое друштво.
Додека неговата поранешна свршеница Џеј Ло (52) уживаше со Бен Афлек на мега јахта, Алекс беше фотографиран со русокосата ТВ-презентерка Мелани Колинс (35), нa импресивна јахта во истиот крајбрежен град, но таа на Џенифер беше далеку поголема и поскапа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бракот што го потресе кралското семејство: бајката се претвори во ужас, насилство и неверства
Кога 23-годишната Ен Кок се омажи за шкотскиот аристократ Колин Тенант во Норфолк на 21 април 1956 година, изгледаше како свадба од бајките, но времето покажа друга страна на приказната.
Леди Ен, ќерка на ерл од Лестер, беше богата убавица, чие семејство со генерации беше многу блиско со кралското семејство. Баба ѝ му била љубовница на Едвард VIII, татко ѝ коњушар на Џорџ VI, таа беше деверуша на крунисувањето на покојната кралица Елизабета, а подоцна и дворска дама на принцезата Маргарет.
Ен беше голема пријателка на младите принцези Маргарет и Елизабет, тие го поминаа своето детство заедно, а Колин беше наследник на баронот Гленконер и на величествениот семеен имот во Шкотска. Тој ја запозна Ен на еден од баловите.
Queen Elizabeth II and her maids of honour at her coronation – according to Lady Glenconner (then the 20-year-old Lady Anne Coke), they were the Spice Girls of their time. Indeed, column inches were devoted to the wardrobes and social lives of the six young women chosen #Royals pic.twitter.com/J4o1wGSuVA
— Britannicus Maximus “Brutus” (@BrutusMaximusX) May 2, 2023
Следуваше бракот, кој, како што е познато во британскиот двор, бил мрачен и насилен, истакнува „Дејли мејл“.
Колин, подоцна лорд Гленконер, бил физички и емоционален насилник, кој честопати беснеел поради најмала ситница. Тој исто така постојано ѝ бил неверен на Ен од самиот почеток на нивниот брак, а се шпекулира дека наводно бил и бисексуалец.
Според Ен, која сега има 91 година, Колин станал непријатен и насилен уште на првата брачна ноќ. Имено, тој се пожалил на нивниот сексуален живот и за да ја едуцира, ја испратил во париските бордели. И покрај тоа што се во брак 53 години и заедно имаат пет деца, нивниот сексуален живот, според дворјаните, никогаш не се подобрил. Во некои моменти ѝ ставал ЛСД во пијалакот за да не биде поенергична и порасположена.
Најгрдата страна на неговиот лик, според Ен, дошла до израз кога Колин го купил карипскиот остров Мустик во 1958 година. Откако потрошил голем дел од своето богатство градејќи ново село, тој се сметал себеси за крал и така се однесувал со Ен.
Како што раскажува Ен, неговата ароганција пораснала до таа мера што чувствувал веднаш физички да ги напаѓа луѓето. Ен вели дека никогаш нема да ја заборави ноемвриската ноќ во доцните 70-ти кога тие го прославувале роденденот на своите ќерки близначки.
Таа вечер Ен била во бар, дошла на роденденот и се извинила што доцнела. Колин грубо ја зграпчил, ја ставил во својот автомобил, а потоа ја удрил со стап по главата. Тогаш се исплашила дека ќе ја убие.
Потоа Ен завршила со сериозни повреди – тапанчето ѝ пукнало оставајќи ја глува на тоа уво до ден-денес.
Ен вели дека тогаш се извинил бидејќи видел што направил, следеле среќни моменти, но потоа дошле на ред љубовниците.
Таа раскажа дека разводот не доаѓал предвид бидејќи ја учеле дека бракот е нешто што е вечно.
Колин бил ужасно љубоморен. Иако со него поминувала колку што можела повеќе време, леди Ен главно живеела во Англија со децата, а тој повеќе сакал да живее на Карибите.
Забава
Дарко Лазиќ и Дадо Полумента станаа соседи, купија станови во луксузен комплекс
Фолкерот Дадо Полумента и неговиот помлад колега Дарко Лазиќ ќе бидат соседи во луксузен комплекс во Нови Сад.
Станува збор за новосадската населба Поповица, која се наоѓа на само четири километри од центарот на градот.
Тие вчера го посетија градилиштето за да проверат до каде се работите, а заедничките видеа завршија на нивните инстаграм-профили.
„Тоа е точно. Зедовме имоти во истиот комплекс. Ќе бидеме соседи“, потврди Дадо за локалните медиуми.
Овој затворен комплекс се простира на неверојатни 9.000 квадратни метри, кои се резервирани за станбени згради и кафеани, од кои дури 2.000 м2 се наменети за зелени површини. Апартманите се движат од 45 квадрати до 175 м2. Комплексот опфаќа подземни гаражи, вратар на влезот во населбата, патеки за пешачење и вежбање, како и 4 базени во населбата и 4 детски игралишта.
Сите жители на населбата ќе уживаат во прекрасните погледи од своите станови, како и во свежиот воздух од падините на Фрушка Гора.
Забава
Мајкл Даглас: Ги посетив децата на факултет, сите мислеа дека сум нивниот дедо
Мајкл Даглас отворено зборуваше за предизвиците на родителството во доцниот живот.
79-годишниот актер ги опиша предизвиците на воспитувањето деца во неговитсвоите 70-ти. Познатиот актер се присети на моментот кога бил помешан со дедо на сопствените деца додека ги посетувал на факултет. „Ова не е ден на дедото, ова е ден на родителите. Тогаш реков: „Јас сум родител! Тоа беше гадно“, изјави актерот.
Оскаровецот има две деца, синот Дилан (23) и ќерката Керис (20), со сопругата Кетрин Зета-Џонс, со која е во брак речиси 25 години, како и 45-годишниот син Камерон со поранешната сопруга Дијандра Лукер.
Даглас, кој стана татко вторпат кога имаше 56 години, призна дека второто семејство подоцна во животот му овозможило да биде подобар татко.
„Камерон тогаш многу страдаше“, рече Даглас истакнувајќи дека бил преоптоварен со кариерата додека го одгледувал својот најстар син. Тој објасни дека неговиот семеен живот бил трет на неговата листа на приоритети во тоа време за разлика од кога основал семејство со Зета-Џонс.
„Веќе работев доволно и барав повеќе за да уживам во децата“, призна Даглас. Иако познатиот актер призна дека се мачел да ги држи Дилан и Керис кога биле помали, тој додал дека тој и неговата сопруга сега уживаат во животот без деца.
„Тоа беше одлично време за мене, но имав многу среќа. Кетрин и јас бевме заедно, ќе наполнат 25 години оваа година. Значи, тоа беше добар период и бев многу среќен, среќен со изборот што го направив и сега навистина се враќам назад и малку повеќе ги мирисам розите, повеќе патувам“, рече Даглас.
Добитникот на „Златен глобус“ им се заблагодари и на своите деца што се извонредни суштества и за радоста што ја има во животот. „Тие и на Кетрин и на мене ми донесоа огромна радост“, додаде тој.
Даглас почна да излегува со велшката актерка во 1999 година по запознавањето на Американскиот филмски фестивал во Довил, Франција. Двојката се венча една година подоцна во хотелот „Плаза“ во Њујорк. Оттогаш актерите никогаш не се срамат да ја прослават својата љубов на социјалните мрежи, каде што актерката често објавува фотографии оддавајќи ѝ почит на својата долга врска со Даглас.
Во ноември 2023 година таа ја одбележа 23-годишнината од бракот со објавување серија фотографии од нив во текот на годините. „Денес славиме 23 години брак“, напиша таа во описот на „Инстаграм“.