Забава
Амброзио зрачи со женственост на плажа во Малибу
Вторникот беше само уште еден ден на плажа за атрактивната манекенка Алесандра Амброзио.
39-годишната Бразилка покажа зошто е една од најбараните супермодели за реклама на костими за капење и долна облека кога се појави на песокот во Малибу.
Ангелот на „Викторија сикрет“ се забавува на сонце облечена во златно бикини, што го комбинира со куси шорцови со засечени рабови.
Едно е јасно: таа, едноставно, знае да биде совршена, секогаш е опуштена и одлично комуницира со својата женственост – навики што ја одвојуваат од толпата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Прво огласување по долга пауза: Кејт Мидлтон објави фотографија на посебен ден
Кејт Мидлтон на Инстаграм објави фотографија од својот најмал син, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.
„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува под фотографијата.
Ова е прво јавно огласување на војвотката од Велс по долго време. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.
Според „Скај њуз“, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.
Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.
Забава
Бракот што го потресе кралското семејство: бајката се претвори во ужас, насилство и неверства
Кога 23-годишната Ен Кок се омажи за шкотскиот аристократ Колин Тенант во Норфолк на 21 април 1956 година, изгледаше како свадба од бајките, но времето покажа друга страна на приказната.
Леди Ен, ќерка на ерл од Лестер, беше богата убавица, чие семејство со генерации беше многу блиско со кралското семејство. Баба ѝ му била љубовница на Едвард VIII, татко ѝ коњушар на Џорџ VI, таа беше деверуша на крунисувањето на покојната кралица Елизабета, а подоцна и дворска дама на принцезата Маргарет.
Ен беше голема пријателка на младите принцези Маргарет и Елизабет, тие го поминаа своето детство заедно, а Колин беше наследник на баронот Гленконер и на величествениот семеен имот во Шкотска. Тој ја запозна Ен на еден од баловите.
Queen Elizabeth II and her maids of honour at her coronation – according to Lady Glenconner (then the 20-year-old Lady Anne Coke), they were the Spice Girls of their time. Indeed, column inches were devoted to the wardrobes and social lives of the six young women chosen #Royals pic.twitter.com/J4o1wGSuVA
— Britannicus Maximus “Brutus” (@BrutusMaximusX) May 2, 2023
Следуваше бракот, кој, како што е познато во британскиот двор, бил мрачен и насилен, истакнува „Дејли мејл“.
Колин, подоцна лорд Гленконер, бил физички и емоционален насилник, кој честопати беснеел поради најмала ситница. Тој исто така постојано ѝ бил неверен на Ен од самиот почеток на нивниот брак, а се шпекулира дека наводно бил и бисексуалец.
Според Ен, која сега има 91 година, Колин станал непријатен и насилен уште на првата брачна ноќ. Имено, тој се пожалил на нивниот сексуален живот и за да ја едуцира, ја испратил во париските бордели. И покрај тоа што се во брак 53 години и заедно имаат пет деца, нивниот сексуален живот, според дворјаните, никогаш не се подобрил. Во некои моменти ѝ ставал ЛСД во пијалакот за да не биде поенергична и порасположена.
Најгрдата страна на неговиот лик, според Ен, дошла до израз кога Колин го купил карипскиот остров Мустик во 1958 година. Откако потрошил голем дел од своето богатство градејќи ново село, тој се сметал себеси за крал и така се однесувал со Ен.
Како што раскажува Ен, неговата ароганција пораснала до таа мера што чувствувал веднаш физички да ги напаѓа луѓето. Ен вели дека никогаш нема да ја заборави ноемвриската ноќ во доцните 70-ти кога тие го прославувале роденденот на своите ќерки близначки.
Таа вечер Ен била во бар, дошла на роденденот и се извинила што доцнела. Колин грубо ја зграпчил, ја ставил во својот автомобил, а потоа ја удрил со стап по главата. Тогаш се исплашила дека ќе ја убие.
Потоа Ен завршила со сериозни повреди – тапанчето ѝ пукнало оставајќи ја глува на тоа уво до ден-денес.
Ен вели дека тогаш се извинил бидејќи видел што направил, следеле среќни моменти, но потоа дошле на ред љубовниците.
Таа раскажа дека разводот не доаѓал предвид бидејќи ја учеле дека бракот е нешто што е вечно.
Колин бил ужасно љубоморен. Иако со него поминувала колку што можела повеќе време, леди Ен главно живеела во Англија со децата, а тој повеќе сакал да живее на Карибите.
Забава
Дарко Лазиќ и Дадо Полумента станаа соседи, купија станови во луксузен комплекс
Фолкерот Дадо Полумента и неговиот помлад колега Дарко Лазиќ ќе бидат соседи во луксузен комплекс во Нови Сад.
Станува збор за новосадската населба Поповица, која се наоѓа на само четири километри од центарот на градот.
Тие вчера го посетија градилиштето за да проверат до каде се работите, а заедничките видеа завршија на нивните инстаграм-профили.
„Тоа е точно. Зедовме имоти во истиот комплекс. Ќе бидеме соседи“, потврди Дадо за локалните медиуми.
Овој затворен комплекс се простира на неверојатни 9.000 квадратни метри, кои се резервирани за станбени згради и кафеани, од кои дури 2.000 м2 се наменети за зелени површини. Апартманите се движат од 45 квадрати до 175 м2. Комплексот опфаќа подземни гаражи, вратар на влезот во населбата, патеки за пешачење и вежбање, како и 4 базени во населбата и 4 детски игралишта.
Сите жители на населбата ќе уживаат во прекрасните погледи од своите станови, како и во свежиот воздух од падините на Фрушка Гора.