Забава
Бијонсе и Хилари Клинтон на свадбата на децата на индиски милијардери
Во сезоната на големи индиски свадби, денешната свадба на претставниците на две милијардерски семејства би можела да биде најголемата, а медиумите известуваат за настапот на Бијонсе и присуството на многу познати личности.
Младата Ајша Амбани е образована во престижни американски универзитети и е ќерка на индустријалецот Мукеш Амбани за кој се верува дека е најбогатиот човек во Индија. „Форбс“ проценува дека неговиот нето-имот вреди повеќе од 43 милијарди долари.
Зетот е Ананд Пирамал за кој тврдат дека е релативно сиромашен, се проценува дека неговиот татко вреди 10 милијарди долари.
Свадбата се одржа денес во Мумбај, но прославата почна пред повеќе недели, од свршувачката во септември во италијанска палата на езеро.
Во текот на викендот илјадници гости присуствуваа на претсвадбените прослави во палатата од 16 век во индискиот пустински град Удајпур, каде што на видеоснимка се гледа како поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, игра со Паха Руха Кан, една од најголемите индиски филмски ѕвезди, а недалеку од нив игра и поранешниот државен секретар Џон Кери.
Врв на вечерта беше настапот на Бијонсе, која ја отпеа Crazy in Love меѓу другите хитови со бендот и серијата промени на костимите, при што најмалку еден беше инспириран од индиската носија.
„Бијонсе го осветли Удајпур”, стои во насловната на весникот „Тајмс оф Индија“.
Индиските свадби се познати по својот луксуз и многу семејства се задолжуваат бидејќи сакаат да поканат стотици или дури илјадници луѓе и да организираат професионални настапи на пејачи и танчари.
Индиските медиуми укажуваат дека свадбата на Амбани во Мумбај денес ќе биде релативно мала, со речиси 600 гости. По свадбената церемонија, ќе следуваат дополнителни журови.
Антила, 27-катниот дом на Амбаниеви во Мумбај, е украсен со светилки за свадбата и ноќе изгледа како мал облакодер. Медиумите известуваат дека семејството има резервирано стотици хотелски соби за своите гости.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.