Забава
Бред Пит е многу горд на својот нов шампањ
Двократниот добитник на Оскар Бред Пит вели дека е многу горд на своето пенливо вино Champagne Fleur de Miraval, кое ќе се појави на американските полици на 15 октомври во лимитирано издание по цена од 390 долари.
Технички гледано, пенливото вино на Бред е создадено во куќата на шампањот Ле Меснил сур Огер (каде што се одгледувало грозјето) надвор од неговата винарија на југот на Франција. „Шато Миравал“ е дворец-винарница на површина од 1.200 хектари, кој тој сè уште го поседува со поранешната сопруга Анџелина Џоли, а вредноста е проценета на 60 милиони долари.
„Резултатот е спектакуларен“, изјави 56-годишниот холивудски актер за „Пипл“ во понеделникот.
„Миравал не е селебрити вино. Пред сè, тоа е прекрасен, исклучителен имот во кој се за вљубив и во кој продолжувам да вложувам за да го направам еден од најдобрите имоти во Прованса. За виното, соработував со семејството Перин. Тие се винари веќе пет генерации. Заедно, ние сме во ова на долг рок. Тоа не е само тренд на минување“, рече Пит.
Првото лимитирано издание шишиња Флер де Миравал е мешавина составена од 75% Шардоне и 25% Пино ноар.
„За мене, шампањот поттикнува чувства на славење, квалитет, престиж и луксуз“, вели холивудскиот шармер.
Пит во неколку наврати истакнал дека имотот на југот на Франција го смета како свој втор дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.