Контакт

Hitech

(Видео) Без помпезни најави пристигна новиот „Вибер“ v10.0.0

Објавено пред

„Вибер“ во декември го прослави својот осми роденден, а на почетокот од неделата претстави целосно нова верзија со изменет изглед.

dobivaj vesti na viber

„Вибер“ v10.0.0 за „Андроид“ и „ај-ОС“ се појави неочекувано и за корисниците донесе нов дизајн, побрз чет, групни повици и уште неколку новини.

Препознатливата виолетова боја сега е малку посветла. Дизајнот на апликациката е поедноставен, без премногу елементи и со многу повеќе белина. Разговорите се јасно одделени, имаат поголем фонт и се полесни за читање.

Во главното мени сега се само четот, листата на повици и подесувања. Во просторот за пишување пораки  има уште поедноставно мени со повеќе икони на дното на екранот.

Во продолжение, ова е листа на најважните новини кај „Вибер“ v10.0.0:

– Целсно нов дизајн на апликацијата
– Ажурирањето е достапно за „ај-ОС“ и „Андроид“, но не и за „Виндоус 10“
– Повиците и контактите се комбинираат во една категорија
– Четот е до двапати побрз
– Нова опција за чет без прикажување на броевите за контакт
– Облачињата за чет се јасно одвоени
– Фонтот е поголем и читлив
– Групните гласовни и видеоповици поддржуваат до пет учесници
– „Вибер“ сè уште е најбезбедна апликација со целосна “end-to-end” енкрипција



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

(Видео) Neuralink покажа како човек го движи курсорот на глувчето на екранот со своите мисли

Објавено пред

Стартапот на Елон Маск, Neuralink, покажа како 29-годишен неподвижен човек, кому неодамна му бил вграден првиот чип во мозокот, игра шах на интернет преку своите мисли.

dobivaj vesti na viber

Целосно парализираниот Нолад Арбог играше шах на својот лаптоп движејќи го курсорот на глувчето со умот. Имплантот на стартапот на Маск му беше вграден пред два месеца.

„Моето име е Ноланд Арбо, имам 29 години, имав нуркачка несреќа пред осум години и оттогаш сум квадриплегичар. Сакам да играм шах и тоа е една од активностите што ми ги овозможивте, нешто што не можев да го направам во изминатите неколку години, особено не вака. Порано користев глушец, но сега правам сè со мојот мозок“, изјави, меѓу другото, Ноланд.

Чипот на Neuralink е дизајниран да ја чита мозочната активност, да дешифрира какво движење има намера да направи личноста, а потоа да активира команда за извршување на таа акција. Арбо рече дека првично вежбал да се обидува да ја движи раката додека не станало интуитивно да се замисли како го движи курсорот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Остар пад на продажбата на „ајфон“ во Кина

Објавено пред

Продажбата на „ајфон“ на „Епл“ во Кина падна 24 отсто во првите шест недели од оваа година во споредба со почетокот на 2023 година, според истражувачката компанија „Контерпоинт“, како одраз на се посилната конкуренција.

dobivaj vesti na viber

Американскиот технолошки гигант се соочува со жестока конкуренција од кинеските ривали. Така, продажбата на „хуавеј“ скокнала 64 отсто во истиот период, се наведува во извештајот.

Ниту „Ајфон“ ниту „Хуавеј“ веднаш не одговорија на барањето на Би-би-си за коментар на податоците.

Покрај обновениот раст на продажбата на „хуавеј“ во сегментот на поскапи телефони, „Епл“ е под притисок и од агресивната ценовна политика на кинеските „Опо“, „Виво“ и „Ксијаоми“, напиша Менгменг Џанг од „Контерпоинт рисрч“.

Според извештајот, падот на кинескиот пазар во целина е седум проценти. Кина е еден од најголемите пазари на „Епл“.

„Хуавеј“ со години е измачуван од американските санкции, но неговата продажба порасна кога во август минатата година ја лансира серијата 5Г-мобилни телефони „мате 60“, што ги изненади аналитичарите бидејќи му беше забранет пристапот до клучните чипови и технологијата потребни за 5Г-мобилен интернет.

Заедно со „Хуавеј“, само „Хонор“ забележа раст на продажбата меѓу првите пет брендови, според извештајот на „Контерпоинт“. Според „Контерпоинт“, „Виво“, „Ксијаоми“ и „Опо“ продале помалку мобилни телефони отколку во првите шест недели од 2023 година.

Извештајот исто така покажа дека уделот на „Епл“ на кинескиот пазар на паметни телефони паднал на 15,7 отсто од 19 отсто минатата година, што значи дека паднал од второто на четвртото место.

„Хуавеј“ се искачи на второто место, со пазарен удел од 16,5 отсто, речиси двојно повеќе од пред една година.

„Виво“ ја задржа позицијата на производител со најмногу продадени мобилни телефони и покрај падот на продажбата од 15 проценти.

Прикажи повеќе...

Hitech

Илон Маск ги исмеа Инстаграм и Фејсбук: „Ако ја читате оваа објава…“

Објавено пред

Сопственикот на апликацијата „Икс“ Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради неуспехот на Фејсбук и Инстаграм.

dobivaj vesti na viber

По цел ден корисници на Фејсбук, Месинџер и Инстаграм се жалеа дека не можат да пристапат до нивните сметки, медиумите објавија дека има дефект и дека не се знае кога ќе биде отстранет.

Поради оваа вест и прашањето на многумина, што всушност се случува, се огласи Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), на кого корисниците на оваа мрежа масовно му поставуваа прашања за падот на апликациите на Мета.

„Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат“, напиша Маск на својот „Икс“ профил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија6 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија8 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија9 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија10 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија11 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ12 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија12 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија13 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија16 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет16 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет16 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија16 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион16 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет17 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет17 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...