Забава
(Видео) Добиваат по 10 долари дневно доколку на работа дојдат со велосипед
Компанија од Нов Зеланд на вработените им нуди паричен надомест доколку почнат на работа да доаѓаат со велосипед. Имено, работниците кои доаѓаат и од работа си одат со велосипед добиваат по 5 долари дневно. Доколку се одлучни и со ваквата рутина продолжат повеќе од 6 месеци, сумата двојно се зголемува и изнесува 10 долари дневно. Вработените парите ги добиваат како бонус, на крајот од годината, пишува „Гардијан“.
„Подолго време размислував дека би било одлично на некој начин да го промовирам возењето велосипед бидејќи сум посветен велосипедист. Сфатив дека парите се најголемиот мотиватор“, вели Тим Чезни од маркетинг агенцијата „Мејк колектив“.
„Инстинктот ми кажуваше дека ваквата идеја ќе биде одлична за работната средина. Знам по себе, се чувствувам многу поенергично по возење велосипед“, додава тој.
Чезни вели дека некои од вработените биле неодлучни на почетокот бидејќи компанијата немала бања каде што тие можеле да се тушираат откако ќе пристигнат на работа, но понудата била премногу добра за да можат да ја одбијат и ја прифатиле петмина од вкупно шест вработени. Еден од вработените, Елиот Гилмор, вели дека за него закрепнувањето од долгото возење бил најтешкиот дел, но истакнал и дека е свесен за ползата по неговото здравје.
„Засега е прекрасно, минувам покрај парк, гледам луѓе кои ги хранат патките, читаат книги и слични други активности, што е сосема поинакво искуство од она кога со автомобил чекате на семафори“, рекол тој.
Инаку, градот каде што се наоѓа оваа компанија, Крајстчрч, има повеќе велосипедисти од кој било друг град во Нов Зеланд и дури 13 велосипедски патеки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.