Забава
(Видео) Колкава му е платата на рускиот претседател и што сака да јаде
Рускиот претседател, Владимир Путин, е еден од најмоќните луѓе во светот поради што многумина се заинтересирани за неговиот приватен живот, патување, хоби, дружење, богатство, настани со соработниците…
Тој се обидува да не ја изнесува својата приватност во медиумите, но некои детали излегуваат одвреме-навреме.
Неговата плата изнесува 137.000 долари годишно, што според некои стандарди е скромна плата за еден претседател. Путин еднаш рекол дека како дете живеел многу скромно и дека неговите родители живееле само од своите плати.
Светските медиуми велат дека Путин, всушност, е многу богат, односно тој е еден од најбогатите луѓе во светот.
Според поранешниот заменик-премиер, Путин, наводно, поседува 20 вили, 4 јахти, 58 авиони и часовник во вредност од половина милион долари.
Владимир Путин утрото го посветува на своите омилени активности, па дури потоа се посветува на својата работа. По будењето, Путин најчесто појадува омлет и голема чинија каша и сирење, но исто така и кисело млеко, а за имунитет јаде јајца од потполошка.
Покрај тоа, тој пие сок од цвекло и рен. Интересно е тоа што повеќето од производите потребни за неговата исхрана Путин ги добива од фармата на рускиот патријарх Кирил. Путин е љубител на кафе, а по пиењето кафе, се посветува на физички вежби.
Рускиот лидер сака да јаде зеленчук, како домат, краставици и салата. Иако обожава овчо месо, Путин почесто ги избира рибите. Од друга страна, тој е сосема рамнодушен кон слатки, но сладоледот е негова голема страст.
На прв поглед се чини дека Путин јаде вообичаена храна и дека не е пребирлив, но не е така. Људмила Путин го опиша како многу пребирлив во храната и додаде дека ако во неговата чинија има некој детаљ што не му се допаѓа, тој ќе одбие да јаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.