Забава
(Видео) „Свадбата на векот“: нов документарец за венчавката на Чарлс и Дијана
Во јули 2021 година се одбележуваат 40 години од венчавката на принцот Чарлс и покојната Дијана, принцезата од Велс, во 1981 година. Минатиот викенд во пресрет на официјалната годишнина на 29 јули беше објавен нов документарен филм на стриминг-платформата „Бритбокс“ (BritBox), кој вклучува внимателно реставрирани видеоснимки од историскиот ден.
Во најавата за „Свадбата на векот“ – документарен филм на заедничкиот стриминг-сервис на Би-би-си и Ај-ти-ви – нараторката Анџела Рипон вели дека филмот потсетува на денот што го маѓепса светот и дека содржи нечуени приказни раскажани од оние што беа таму.
„Кралските фанови ќе бидат особено возбудени кога ќе дознаат дека документарецот користи убаво реставриран оригинален филм од венчавката оживувајќи ја историјата како што никогаш порано не сте ја виделе“.
Возбудливиот долгометражен документарен филм дебитира минатиот викенд на стриминг-платформата BritBox. Стримерот „Бритбокс“, заеднички потфат на Би-би-си и Ај-ти-ви, е британски одговор на „Нетфликс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дејвид Бекам објави снимка од тренинг, луѓето пишуваат: „Не сакам мојата сопруга да го види ова“
Дејвид Бекамсе пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без кошула и ги воодушеви своите фанови. 48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од напорните тренинзи, а фановите беа привлечени од неговите стомачни мускули, но и бројните тетоважи на телото.
„Ти си како виното, со годините се подобруваш“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на фановите.
Забава
Џенифер Лопез објави фотографија од теретана, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.
View this post on Instagram
„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.
„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.
Забава
Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон после се
Кралицата Камила проговори за принцезата од Велс за прв пат по нејзината дијагноза рак. 76-годишната жена го посетила Шрусбери каде запознала две млади сестри кои донеле цртежи украсени со срца и цвеќиња за Кејт.
10-годишната Хариет и шестгодишната Лоис Вотерстон ја прашале кралицата дали ќе и ги даде на принцезата, на што таа одговорила да. „Знам дека Кетрин е преплавена од сите со добри желби и поддршка“, им рекла таа, според People.
Едно од девојчињата се извини бидејќи мислеше дека нејзиниот цртеж е малку неуреден. „Жал ми е што е стуткано“, но Камила застана до неа и ѝ рече дека внимателно ќе ги носи и ќе се погрижи Кејт да знае од кого доаѓаат цртежите.