Забава
(Видео) Хрватите со автобус одат по мандарини кај Кристина
Атрактивната Кристина Пенава (20), која дневно продава и до 300 килограми мандарини во Бестовје, во близина на мостот што го поврзува со Загреб, набргу стана хит.
На „Фејсбук“ е објавен настан што го посетуваат над 4.000 лица, а заинтересирани се уште 7.500. Настанот е наречен „Организирана екскурзија со автобус по мандарини кај Кристина“.
Датумот е 5 октомври, а времетраењето на екскурзијата е два дена, до 6 октомври во 15 часот. Дестинацијата е штанд во Бестовје, каде што 20-годишна продавачка е заслужна што ниту еден возач не вози над дозволената граница.
„Јас работам за ОПГ и газдите знаат дека луѓето сакаат да се фотографираат. Тоа ни се допаѓа и се забавуваме“, вели Кристина, чиј бизнис напредува.
Кога хрватската интернет-страница „24 часа“ објави текст за неа, таа доби речиси 5.000 нови следбеници на „Инстаграм“.
Сите се заинтересирани за тоа која е привлечната Кристина, која им продава витамин Ц во форма на вкусни и, како што вели, природни мандарини на жителите на Загреб и на сите други што се наоѓаат во тој дел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џенифер Лопез објави фотографија од теретана, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.
View this post on Instagram
„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.
„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.
Забава
Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон после се
Кралицата Камила проговори за принцезата од Велс за прв пат по нејзината дијагноза рак. 76-годишната жена го посетила Шрусбери каде запознала две млади сестри кои донеле цртежи украсени со срца и цвеќиња за Кејт.
10-годишната Хариет и шестгодишната Лоис Вотерстон ја прашале кралицата дали ќе и ги даде на принцезата, на што таа одговорила да. „Знам дека Кетрин е преплавена од сите со добри желби и поддршка“, им рекла таа, според People.
Едно од девојчињата се извини бидејќи мислеше дека нејзиниот цртеж е малку неуреден. „Жал ми е што е стуткано“, но Камила застана до неа и ѝ рече дека внимателно ќе ги носи и ќе се погрижи Кејт да знае од кого доаѓаат цртежите.
Забава
Хајди Клум: Лута сум на Софија Вергара поради Гризелда
Хајди Клум изјави за Entertainment Tonight дека е лута на колешката, судијката на America’s Got Talent, Софија Вергара, затоа што актерката не успеала да и даде улога во нејзината нова серија на Нетфликс, Гризелда.
„Бев вознемирена, па ја прашав: „Зошто не можев да бидам една од твоите роднини? Можев да бидам братучетка што не зборува, бидејќи очигледно не зборувам шпански“, рече 50-годишниот легендарен, германски модел.
Да потсетиме, биографската криминалистичка драма Гризелда за кумата на кокаинот, озлогласената нарко шефица Гризелда Бланко ги маѓепса гледачите ширум светот.