Забава
(Видео) Џорџ Клуни снимал сцени од филм во арктичка снежна бура
Очните капаци на Џорџ Клуни се залепиле среде енормно ниски температури додека ја снимал научнофантастичната драма „Небото на полноќ“.
59-годишната sвезда глуми научник кој се обидува да предупреди неколку астронаути да не се враќаат на Земјата, која во филмот е прикажана како ненаселива планета. Една сцена, во којашто е одделен од својата мала ќерка, се снимала во вистинска арктичка снежна бура.
Актерот, кој исто така и го режира филмот, призна дека исцрпувачките услови го отежнувале снимањето и дека тоа се одвивало бавно бидејќи од помошниот тим постојано морале да го прекинуваат снимањето за да му го одмрзнат лицето.
„Тоа беше првата недела од снимањето. Бевме во Исланд, и кога излеговме надвор температурата беше 40 ° под нулата со налети на ветер од 70, 80 милји на час. Јас снимав без очила, моите очни капаци се залепија и не можев да ги отворам очите нешто повеќе од една минута. Мораа да употребат фен за коса за да ми ги одмрзнат трепките.
Холивудската ѕвезда во последно време не презема актерски улоги, но не можел да одолее кога првпат го видел сценариото за „Небото на полноќ“ (The Midnight Sky).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот за прв пат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови како што се песните Суада, Каја, Подобро пијан отколку стар, Сава тихо тече, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нови Примитивци, во кое беа вклучени и Забрането пушење, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во вкупно над 5 милиони примероци, а неколку пати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега, во интервју за „Вог“, Дион меѓу другото проговори и за својата болест и рече дека живее „ден по ден“.
Како уметник кој настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека и било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично, или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Vogue“ признала и колку и било тешко откако ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ „Животот не ти дава одговори. Тоа е се што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одморот каде покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.