Забава
Војводата и војвотката од Сасекс ќе им помагаат на луѓе што имаат итна потреба од храна
Од потпишување договор за продукција со „Нетфликс“ до поткаст-партнерство со „Спотифај“, војводата и војвотката од Сасекс работат со полна пареа на своите независни потфати по напуштањето на кралското семејство.
А нивниот последен проект се очекува да биде особено достоен, пишуваат британските таблоиди додавајќи дека нивната фондација „Арчивел“ ќе соработува со добротворната организација за храна „Светска централна кујна“ (World Central Kitchen).
Новото партнерство беше најавено минатиот викенд, а тоа значи дека фондацијата на принцот Хари и Меган ќе стане партнер со непрофитната „Светска централна кујна“, чија основна цел е да ги нахрани гладните во области погодени од природни катастрофи или кризи во целиот свет.
Двете организации ќе се обединат за да создадат четири нови центри за укажување помош во Порторико и карипскиот остров Доминика, кои треба да бидат отворени во 2021 година.
„Здравјето на нашите заедници зависи од нашата способност да се поврземе со нашата заедничка хуманост. Кога размислуваме за готвачот Андре и неговиот неверојатен тим во ‘Светската централна кујна’, ќе се потсетиме дека дури и во оваа година на незамисливи тешкотии многу неверојатни луѓе работат неуморно на поддржувњето едни со други. „Светската централна кујна“ нè инспирира преку сочувство во акција“, напиша парот на својот официјален имејл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.