Забава
(Видео) Кои се десетте најпопуларни филмови и серии во 2021 година, според ИМДБ
ИМДБ на својата веб-страница и социјалните мрежи објави листа на десет најпопуларни филмови и серии во 2021 година. Резултатите се засноваат на реалните месечни прегледи на нивната страница.
На листата оваа година нема драми или хорор-филмови, преовладуваат научнофантастични и приказни за суперхерои.
Првиот најпопуларен филм на ИМДБ е Dune, нова адаптација на научнофантастичниот роман на Френк Херберт. Во филмот заплетот го следи младиот Пол Атреид кому му е доверена заштита на највредниот имот и најважниот елемент во галаксијата. Филмот заработи многу, а веќе е потврдено и снимањето на продолжението, во кое ќе заврши дејството од првиот роман.
По него, следува филмот Suicide Squad („Одред самоубијци“), во кој најозлогласените негативци се приклучуваат на тајната мисија да помогнат да се запрат уште поголемите негативци. Годинава излезе второто продолжение, а во првото продолжение од 2016 година во составот беше најголемиот противник на Бетмен – Џокер.
Покрај овие два, други филмови на листата на најпопуларни се: Eternals, Mortal Kombat, Justice League („Лига на правдата“ на Зак Снајдер), Godzilla vs. Kong („Годзила против Конг“), Black Widow („Црна вдовица“), Army of Dead („Армија на мртвите“), „Круела“ и „Шанг-Чи и легендата за десетте прстени“.
Слична е ситуацијата и со годинешните најпопуларни серии. На списокот се наоѓаат суперхероите на „Марвел“, како и серии од жанровите научна фантстика и фантазија, како и многу популарна серија базирана на познати љубовни романи.
Оваа година најпопуларна на ИМДб е Марвеловата мини серија WandaVision. Заплетот на серијата го следи заплетот по филмот Infinity War, во кој Вижн почина, а Ванда Максимоф се обидува да се справи со загубата на саканата личност. Мини серијата го комбинира стилот на класичните серијали и „Марвел“, во кои Ванда и Вижн живеат идеални животи во предградијата.
На второ место е „Локи“, уште една серија на „Марвел“. Дејството на серијата се одвива по настаните во последниот филм Avengers: Endgame („Одмазници: Крајна игра“), а исто како и „Ванда Вижн“, серијата доби многу позитивни критики.
Заедно со WandaVision и Loki, на листата најпопуларни серии се и јужнокорејската Squid Game, потоа The Falcon and the Winter Soldier, Bridgerton, The Walking Dead, Mare of Easttown, Shadow and Bone, Cobra Kai и Lucifer.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот за прв пат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови како што се песните Суада, Каја, Подобро пијан отколку стар, Сава тихо тече, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нови Примитивци, во кое беа вклучени и Забрането пушење, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во вкупно над 5 милиони примероци, а неколку пати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега, во интервју за „Вог“, Дион меѓу другото проговори и за својата болест и рече дека живее „ден по ден“.
Како уметник кој настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека и било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично, или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Vogue“ признала и колку и било тешко откако ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ „Животот не ти дава одговори. Тоа е се што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одморот каде покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.