Контакт

Hitech

(Ексклузивно) Самсунг ја претстави линијата смартфони Galaxy S10

Објавено пред

Одбележувајќи декада од претставувањето на првиот Галакси С уред, Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) претстави нова серија премиум смартфони: Галакси С10 (Galaxy S10). Со четири уникатни уреди, новата Галакси С10 серија е создадена да ги задоволи различните потреби на денешниот пазар на смартфони, овозможувајќи им на корисниците уште повеќе да ги прават работите во кои уживаат. Секој од уредите овозможува ново ниво на доживување во категориите за кои корисниците највеќе се грижат и се заинтересирани – неверојатни иновации за екранот, камерата и перформансите.

dobivaj vesti na viber

Сведоштво за декада на иновации, Галакси С10 е дизајниран за оние кои сакаат премиум смартфон со моќни перформанси кој овозможува ново, напредно ниво на мобилно искуство. За потрошувачите кои сакаат уред со високи перформанси, Галаски С10+ (Galaxy S10+) ја носи секоја карактеристика на ново ниво – започнувајќи од екранот, камерата, па сѐ до перформансите. Галакси С10е (Galaxy S10e) е создаден за оние кои ги сакаат сите премиум основи во компактно пакување со рамен екран. За крај,Галакси С10 5Г (Galaxy S10 5G) е креиран за оние кои сакаат повеќе од сѐ и се подготвени за најголемите брзини достапни и најмоќните карактеристики. Вклучувајќи целосно нов Динамичен АМОЛЕД екран (Dynamic AMOLED display), нова генерација камера и интелигентен перформанс, Галакси С10 серијата им овозможува на корисниците повеќе можности и поставува нови стандарди за смартфоните.

„Уште од претставувањето на првиот С уред пред десет години, Галакси С серијата е поим за премиум иновации, овозможувајќи им на корисниците неверојатно искуство и можност да го
пронајдат уредот кој е вистински за нив. Галакси С10 го надградува ова извонредно наследство, носејќи неверојатни иновации кај екранот, камерата и перформансите. Со четири премиум уреди, секој создаден имајќи ги предвид уникатните потрошувачи, Самсунг ја продолжува деценијата на лидерство во индустријата зачекорувајќи во нова ера на технологијата за паметни уреди“, изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и Мобилна Комуникација во компанијата Самсунг Електроникс.

Нов Динамичен АМОЛЕД екран (Dynamic AMOLED display): Искуство преку целосен екран со Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци (Ultrasonic Fingerprint Scanner)

Галакси С10 е направен со најдобриот Самсунг екран досега – првиот во свет, Динамичен АМОЛЕД (Dynamic AMOLED) екран. Како прв “HDR10+“ сертифициран смартфон, неговиот екран
прикажува кристално јасна дигитална содржина, а со динамичното мапирање на тонови, корисниците ќе може да гледаат поголем опсег на бои за брилијантна, реална слика. Динамичниот АМОЛЕД екран на Галакси С10 е исто така “VDE“ сертифициран за живи светли бои и за извонреден сооднос на контраст за уште подлабоки нијанси на црно и уште посветли нијанси на бело.

Верифициран од страна на “ДисплејМејт“ (DisplayMate), корисниците ќе може да уживаат во исклучителни бои на нивниот мобилен уред– дури и при услови на висока сончева светлина. Дополнително, Динамичкот АМОЛЕД екран исто така ја намалува сината светлина преку неговиот “TÜV Rheinland“ сертифициран екран за удобност на очите, без притоа да влијае на квалитетот на сликата или да додава филтер.

Резултат на неверојатниот инженерски процес, уникатниот “Innity-O“ екран на Галакси С10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот, овозможувајќи им на корисниците на овој начин да ја зголемат работната површина на екранот без дистракции.

Динамичниот АМОЛЕД екран на Галакси С10 исто така го вклучува и првиот Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци сместен на самиот екран, кој ги вчитува 3Д контурите на физичкот отисок на корисникот, наместо 2Д сликата од отпечатокот, за подобрена технологија за одбрана од измами и напади на софтвер. Со првата во свет, “FIDO Alliance Biometric Component“ сертификација, ова ново ниво на биометриска проверка овозможува безбедност на ниво на трезор, допринесувајќи уредот да биде навистина безбеден.

Професионално ниво на Камера

Надополнувајќи го лидерството на Самсунг во областа на камерите за првите “Dual Pixel“ и “Dual Aperture“, Галакси С10 претставува нова технологија на камери и напредна интелигенција која го поедноставува начинот на креирање врвни фотографии и видеа:

• Ултра–Широки Леќи: За прв пат во рамки на С серијата, Галакси С10 овозможува Ултра-Широки Леќи со 123 степени поле на гледање, како човековото око, односно она што го гледате е она што е во рамка. Совршен за импресивни пејсажни фотографии, големи панорами, па дури и семејни портрети од поширокото семејство, Ултра-Широката Леќа овозможува секогаш да ја фотографирате целосната сцена.

• Супер стабилно видео снимање со висок квалитет: Галакси С10 овозможува супер стабилно снимање со помош на технологијата за дигитална стабилизација на сликата. Без разлика дали корисникот танцува во екот на неверојатен концерт или пак сака да го сними секој детаљ при велосипедско возење на нерамна површина, функцијата за супер стабилност овозможува да го зачувате секој миг. И предната и задната камера може да креираат снимки со квалитет до “UHD“, а за прв пат во индустријата, задната камера овозможува флексибилност за креирање снимки во “HDR10+“.

• Камера со Вештачка Интелигенција: Галакси С10 ги прави веќе паметните карактеристики уште попрецизни со единиците за неврална обработка (Neural Processing Unit – NPU) што допринесува за креирање на фотографии на професионално ниво кои се вредни за споделување без притоа корисникот мануелно да ги селектира напредните поставки на камерата. Оптимизаторот на сцена сега може да препознае и уште попрецизно да ги процесира дополнителните сцени благодарение на единиците за неврална обработка. Дополнително, со функцијата за сугерирање при фотографирање, Галакси С10 овозможува автоматски препораки за композицијата, за подобро врамување на сликата.

Функции за интелигентен перформанс кои овозможуваат максимална употреба на вашиот смартфон

Галакси С10 е создаден со премиум хардвер и софтвер базиран на машинско учење, кој работи наместо вас. Од целосно нови можности за споделување на енергија до зголемување на
перформансите овозможено од вештачка интелигенција, па сѐ до интелигентна безжична конекција, Галакси С10 е најинтелигентниот уред на Самсунг досега на секое поле.

• Безжично споделување на енергија: Самсунг го претставува безжичното споделување на енергија (Wireless PowerShare) на Галакси С10, овозможувајќи едноставно полнење на “Qi“ сертифицирани паметни телефони и на компатабилни уреди за носење. Дополнително, Галакси С10 е способен истовремено да се полни самиот себеси и да полни и втор уред, преку ова безжично споделување на енергија, додека е поврзан со обичен полнач, овозможувајќи им на корисниците со нив да понесат само еден полнач кога патуваат.

• Интелигентен перформанс: Новиот софтвер на Галакси С10 со вештачка интелигенција автоматски ја оптимизира батеријата, процесорот, работната меморија, па дури и температурата на уредот, врз основа на тоа како се користи телефонот, продолжувајќи да ги учи навиките на корисникот и подобрувајќи се со текот на времето. Користејќи ги способностите на вештачката интелигенција, Галакси С10 преку учењето на начинот на користење на уредот, побрзо ги вклучува апликациите кои се најчесто користени.

• Интелигентна безжична поврзаност: Галакси С10 пристигнува со интелигентна безжична поврзаност која овозможува непрекината и безбедна конекција со беспрекорен премин од “Wi-Fi“кон “LTE“ и обратно, воедно известувајќи го корисникот за потенцијално ризични безжични конекции. Галакси С10 го поддржува и новиот “WiFi 6“ стандард, овозможувајќи подобри “Wi-Fi“ перформанси кога е конектиран на компатабилен рутер.

• Бигзби Рутини: Преку Галакси С10, Бигзби ги автоматизира рутините на корисникот и обезбедува персонализирани препораки олеснувајќи го корисничкото секојдневие. Со претходно поставени и персонализирани рутини, како рутини при “Возење“ и “Пред Спиење“, кои се прилагодени на навиките на корисникот, Галакси С10 ги прави нештата поедноставни автоматски намалувајќи го допирањето на уредот или пак броењето на чекорите во рамки на денот на корисникот.

Нова ера на 5Г поврзаност

Токму онака како што направи и со 2Г, 3Г и 4Г, Самсунг го води патот и со 5Г технологијата – работејќи со најголемите добавувачи на развивање и распоредување на 5Г мрежната технологија. Сега, Самсунг ја носи моќта на 5Г технологијата во рацете на корисниците преку својот Галакси С10 5Г уред – првиот Самсунг “флегшип“ 5Г паметен телефон. Со Галакси С10 5Г, корисниците преку 5Г мрежа можат да симнат цела сезона од ТВ шоу во неколку минути, да играат “cloud“ игри со богата графика речиси без заостанување, да уживаат во подобрени искуства со виртуелна и аугументирана реалност и да останат во контакт со пријателите и семејството преку 4К видео повици во реално време. За максимално уживање во предностите на 5Г поврзаноста, Галакси С10 5Г пристигнува со најголемиот досега екран во Галакси С серијата – 6,7 инчниот “Innity-O“ екран. Воедно, Галакси С10 5Г поседува и тридимензионална Самсунг длабинска камера за креирање 3Д фотографии преку функциите “Video Live focus“ и “Quick Measure“, а е напојуван од 4,500mAh батерија со супер брзо полнење од 25W.

Најдоброто сега е стандард: Галакси основи и екосистем на ново ниво

Галакси С10 серијата овозможува сѐ што досега беше очекувано од неа и повеќе – вклучувајќи Брзо Безжично Полнење 2.0, “IP68“ отпорност на вода и прашина, процесор од нова генерација и Самсунг услуги како Бигзби, Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Плаќање (Samsung Pay) и Самсунг Декс (Samsung DeX). Воедно, корисниците може да користат највисок капацитет за зачувување на податоци – Галакси С10+ пристигнува со 1 терабајт вградена меморија и можност за зголемување на истата преку 512 GB микро СД картичка до 1.5TB.

• Брзина: Галакси С10 овозможува пристап до новата генерација “Wi-Fi 6“, која овозможува приоритетен и четири пати побрз пристап за разлика на оној на другите корисници во оптоварените предели, како аеродроми. На овој начин корисниците може да искусат молскавично брза “LTE“ поврзаност за зачувување на податоци и датотеки од интернет, или пак за пребарување со способност до 2.0 Gbps за прв пат до сега.

• Играње игри: Создаден за најдобро до сега “гејминг“ искуство, Галакси С10 има вграден софтвер за оптимизација на перформансите при играње кој се базира на вештачка интелигенција. Воедно, пристигнува со премиум хардвер кој вклучува “Dolby Atmos“ за режим на играње и систем за ладење со комора за пареа. Галакси С10 е исто така и првиот мобилен уред кој е оптимизиран за игри креирани на “Unity“ платформата.

• Безбедност: Галакси С10 е создаден со безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox), како и безбеден простор за зачувување податоци, поддржан од хардвер, каде се зачувани корисничките приватни “клучеви“ за мобилните услуги овозможени со “blockchain“ технологија.

Достапност и нарачки на Галакси С10

Новите Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е ќе бидат достапни во Призма Бела, Призма Црна, Призма Зелена, Призма Сина, Канаринско Жолта и Фламинго Розева боја. Галакси С10+ исто така ќе биде достапен и во два, целосно нови, премиум керамички модели со Керамичко Црна и Керамичко Бела боја.

Новите Галакси С10, Галакси С10+ и Галаски С10е ќе бидат достапни за продажба започнувајќи од 8. Март 2019 година во рамки на селектирани пазари, со препорачани продажни цени започнувајќи од 54.999 денари за Галакси С10 (128GB) односно 69.999 денари за Галакси С10 (512GB), 60.999 денари за Галакси С10+ (128GB), 75.999 денари за Галакси С10+ (512GB), 97.999 денари за Галакси С10+ (1TB) и 44.999 денари за Галакси С10е. Можноста за нарачка на моделите Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е започнува од утре, 21 февруари 2019 година. Сите оние кои во однапред определен временски период ќе го нарачаат својот Галакси С10 или Галакси С10+ ќе добијат пар Галакси слушалки (Galaxy Buds), целосно бесплатно. На овој начин, корисниците ќе може да ја слушаат својата омилена музика додека се во движење и додека вежбаат, притоа уживајќи во својот Галакси С10 пред сите останати.

Од нашиот известувач од Сан Франциско
Никола Бурагев

 

Hitech

(Видео) Neuralink покажа како човек го движи курсорот на глувчето на екранот со своите мисли

Објавено пред

Стартапот на Елон Маск, Neuralink, покажа како 29-годишен неподвижен човек, кому неодамна му бил вграден првиот чип во мозокот, игра шах на интернет преку своите мисли.

dobivaj vesti na viber

Целосно парализираниот Нолад Арбог играше шах на својот лаптоп движејќи го курсорот на глувчето со умот. Имплантот на стартапот на Маск му беше вграден пред два месеца.

„Моето име е Ноланд Арбо, имам 29 години, имав нуркачка несреќа пред осум години и оттогаш сум квадриплегичар. Сакам да играм шах и тоа е една од активностите што ми ги овозможивте, нешто што не можев да го направам во изминатите неколку години, особено не вака. Порано користев глушец, но сега правам сè со мојот мозок“, изјави, меѓу другото, Ноланд.

Чипот на Neuralink е дизајниран да ја чита мозочната активност, да дешифрира какво движење има намера да направи личноста, а потоа да активира команда за извршување на таа акција. Арбо рече дека првично вежбал да се обидува да ја движи раката додека не станало интуитивно да се замисли како го движи курсорот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Остар пад на продажбата на „ајфон“ во Кина

Објавено пред

Продажбата на „ајфон“ на „Епл“ во Кина падна 24 отсто во првите шест недели од оваа година во споредба со почетокот на 2023 година, според истражувачката компанија „Контерпоинт“, како одраз на се посилната конкуренција.

dobivaj vesti na viber

Американскиот технолошки гигант се соочува со жестока конкуренција од кинеските ривали. Така, продажбата на „хуавеј“ скокнала 64 отсто во истиот период, се наведува во извештајот.

Ниту „Ајфон“ ниту „Хуавеј“ веднаш не одговорија на барањето на Би-би-си за коментар на податоците.

Покрај обновениот раст на продажбата на „хуавеј“ во сегментот на поскапи телефони, „Епл“ е под притисок и од агресивната ценовна политика на кинеските „Опо“, „Виво“ и „Ксијаоми“, напиша Менгменг Џанг од „Контерпоинт рисрч“.

Според извештајот, падот на кинескиот пазар во целина е седум проценти. Кина е еден од најголемите пазари на „Епл“.

„Хуавеј“ со години е измачуван од американските санкции, но неговата продажба порасна кога во август минатата година ја лансира серијата 5Г-мобилни телефони „мате 60“, што ги изненади аналитичарите бидејќи му беше забранет пристапот до клучните чипови и технологијата потребни за 5Г-мобилен интернет.

Заедно со „Хуавеј“, само „Хонор“ забележа раст на продажбата меѓу првите пет брендови, според извештајот на „Контерпоинт“. Според „Контерпоинт“, „Виво“, „Ксијаоми“ и „Опо“ продале помалку мобилни телефони отколку во првите шест недели од 2023 година.

Извештајот исто така покажа дека уделот на „Епл“ на кинескиот пазар на паметни телефони паднал на 15,7 отсто од 19 отсто минатата година, што значи дека паднал од второто на четвртото место.

„Хуавеј“ се искачи на второто место, со пазарен удел од 16,5 отсто, речиси двојно повеќе од пред една година.

„Виво“ ја задржа позицијата на производител со најмногу продадени мобилни телефони и покрај падот на продажбата од 15 проценти.

Прикажи повеќе...

Hitech

Илон Маск ги исмеа Инстаграм и Фејсбук: „Ако ја читате оваа објава…“

Објавено пред

Сопственикот на апликацијата „Икс“ Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради неуспехот на Фејсбук и Инстаграм.

dobivaj vesti na viber

По цел ден корисници на Фејсбук, Месинџер и Инстаграм се жалеа дека не можат да пристапат до нивните сметки, медиумите објавија дека има дефект и дека не се знае кога ќе биде отстранет.

Поради оваа вест и прашањето на многумина, што всушност се случува, се огласи Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), на кого корисниците на оваа мрежа масовно му поставуваа прашања за падот на апликациите на Мета.

„Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат“, напиша Маск на својот „Икс“ профил.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион26 минути

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ42 минути

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија59 минути

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ3 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија3 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија4 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион5 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион6 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа6 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет6 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа6 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија18 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија20 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија22 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија23 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...