Забава
Женското жири на Канскиот фестивал се надева на крај на родовата дебата
Жените ќе бидат помногубројни од мажите во жирито на Канскиот филмски фестивал оваа година, а членовите, вклучително и француската актерка Мелани Лорен, во вторникот изјавија дека сонуваат за време кога женското претставување веќе нема да биде вест во киноиндустријата.
Најголемиот светски филмски фестивал, заедно со ривалските витрини, како Венеција, веќе подолго време е под лупа поради малиот број жени режисери во трката за главни награди или на влијателни позиции.
Филмската екстраваганција на француската ривиера почна во вторникот (6 јули) со премиера на мјузиклот Annette на Леос Каракс, а американскиот режисер Спајк Ли го предводи жирито што ќе го избере добитникот на главната награда Palme D’Or („Златна палма“), прв Афроамериканец што ќе го стори тоа.
Пет жени ќе го сочинуваат панелот од девет члена – меѓу нив француската актерка Мелани Лорен, американската актерка Меги Гиленхал, филмските режисерки Џесика Хауснер и Мати Диоп и пејачката Милен Фармер.
„Мојот сон би бил ова да биде прв и последен фестивал каде што има дебата за жени“, рече Лорен на прес-конференција на француската ривиера, придружувана од членови на жирито, со маски за лице во услови на силни контроли против Ковид-19.
Диоп, чиј дебитантски филм „Атлантикс“ ја освои главната награда на Кан во 2019 година, изрази надеж киносветот да биде ослободен од ваквите дистинкции.
„Не знам дали во текот на нашиот живот ќе излеземе на сцената кога веќе нема да мора да се користи терминот жена режисер, однсно кога нема да ставаме ‘жена’ пред ‘режисер’“, рече Диоп.
Само четири филма во режија на жени беа избрани меѓу 24-те што се борат за „Златната палма“ оваа година, иако бројот на режисерки присутни на други паралелни настани и натпревари е зголемен, соопштија организаторите.
„Ова отсликува дека нашето општество сега е подготвено за одредена промена што требаше да се случи порано“, рече австриската режисерка Џесика Хауснер, чиј игран филм Little Joe („Малиот Џо“) беше избран да се натпреварува за „Златната палма“ во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.