Забава
Животната приказна на Бери Кеган: од загрижувачки семејства до номинација за „Оскар“
Ирскиот актер Бери Кеган е номиниран за „Оскар“ во категоријата најдобра споредна машка улога.
Младиот талентиран ирски актер глумеше во The Batman, Eternals, American Animals, Dunkirk и Chernobyl, а неодамна доби и „Златен глобус“ за улогата во трагикомедијата The Banshees of Inisherin, која му донесе номинација за „Оскар“.
Сепак, патот до успехот на актерот не беше лесен.
Бери, роден во Даблин, како дете живеел со 13 згрижувачки семејства бидејќи мајка му починала од предозирање со хероин на 30-годишна возраст, пишува „Дејли мејл“.
„Секое семејство беше добро со мене. Не знаеш што се случува кога си дете. Се врзуваш и потоа мораш да заминеш. Чудно е. Кога ќе созрееш, ќе погледнеш назад и ќе сфатиш што се случувало“, рече во една пригода Кеган, кој имал 12 години кога починала мајка му.
Подоцна за Бери и брат му Ерик се грижела нивната постара сестра Џема, а и неговите баба и тетка.
Младиот актер признава дека бил проблематичен во средно училиште, а не ги избегнал неволјите ниту надвор од училиштето. Тој раскажа како еднаш влегол без билет во локалното кино и долго гледал филмови. Персоналот го открил и го избркал, а му забраниле да влезе во киносалата.
Сепак, Бери немал поим дека години подоцна еден од неговите филмови ќе има посебна премиера токму во тоа кино.
Вели дека глумата отсекогаш го привлекувала и му помагала да ја надмине болката што ја трпел во текот на детството“. Во 2020 година тој беше наведен на 27. место на листата на „Ајриш тајмс“ на најдобри ирски актери.
Кеган пред две години за „Даблин лајв“ изјави дека се надева оти неговата приказна ќе инспирира многу млади луѓе да ги следат своите соништа.
„Ако сте поминале низ 13 згрижувачки семејства, тоа не значи дека нема да ви оди добро во животот“, рече актерот. Инаку, Бери е во врска со стоматологот Алисон Киеранс, со која го има синот Брандо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.