Hitech
Како да го активирате темниот режим на „Фејсбук месинџер“
Минатиот октомври „Фејсбук“ соопшти дека наскоро ќе овозможи Dark Mode или темен изглед на својата апликација за допишување – „месинџер“.
Сепак, четири месеци по ваквото соопштение, компанијата сè уште официјално не ја објави достапноста на ваквата функција.
Сепак, иако нема официјална објава, во апликацијата постои една кратенка која им овозможува на корисниците да го активираат темниот изглед.
Темниот режим на „Фејсбук месинџер“ може да го активирате со испраќање емоџи од полумесечина во некој од вашите разговори. Веднаш откако ќе го испратите ова емоџи, би требало да се појави известување You Found Dark Mode!. Под него ќе има и опција што овозможува да се активира режимот, со назнака Turn on in Settings.
Со притискање на ова копче, корисникот ќе биде пренасочен кон менито за поставки во „Фејсбук месинџер“, каде што можете да се пронајде и опцијата Dark Mode.
Откако темниот изглед на апликацијата ќе биде вклучен, се појавува порака дека „Фејсбук“ сè уште работи на оваа функција, па поради тоа режимот не е видлив секаде. Во овој момент не е познато дали методот функционира во сите земји и платформи, но во секој случај наскоро се очекува во неговата официјална форма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) Neuralink покажа како човек го движи курсорот на глувчето на екранот со своите мисли
Стартапот на Елон Маск, Neuralink, покажа како 29-годишен неподвижен човек, кому неодамна му бил вграден првиот чип во мозокот, игра шах на интернет преку своите мисли.
Целосно парализираниот Нолад Арбог играше шах на својот лаптоп движејќи го курсорот на глувчето со умот. Имплантот на стартапот на Маск му беше вграден пред два месеца.
— Neuralink (@neuralink) March 20, 2024
„Моето име е Ноланд Арбо, имам 29 години, имав нуркачка несреќа пред осум години и оттогаш сум квадриплегичар. Сакам да играм шах и тоа е една од активностите што ми ги овозможивте, нешто што не можев да го направам во изминатите неколку години, особено не вака. Порано користев глушец, но сега правам сè со мојот мозок“, изјави, меѓу другото, Ноланд.
Чипот на Neuralink е дизајниран да ја чита мозочната активност, да дешифрира какво движење има намера да направи личноста, а потоа да активира команда за извршување на таа акција. Арбо рече дека првично вежбал да се обидува да ја движи раката додека не станало интуитивно да се замисли како го движи курсорот.
Hitech
Остар пад на продажбата на „ајфон“ во Кина
Продажбата на „ајфон“ на „Епл“ во Кина падна 24 отсто во првите шест недели од оваа година во споредба со почетокот на 2023 година, според истражувачката компанија „Контерпоинт“, како одраз на се посилната конкуренција.
Американскиот технолошки гигант се соочува со жестока конкуренција од кинеските ривали. Така, продажбата на „хуавеј“ скокнала 64 отсто во истиот период, се наведува во извештајот.
Ниту „Ајфон“ ниту „Хуавеј“ веднаш не одговорија на барањето на Би-би-си за коментар на податоците.
Покрај обновениот раст на продажбата на „хуавеј“ во сегментот на поскапи телефони, „Епл“ е под притисок и од агресивната ценовна политика на кинеските „Опо“, „Виво“ и „Ксијаоми“, напиша Менгменг Џанг од „Контерпоинт рисрч“.
Според извештајот, падот на кинескиот пазар во целина е седум проценти. Кина е еден од најголемите пазари на „Епл“.
„Хуавеј“ со години е измачуван од американските санкции, но неговата продажба порасна кога во август минатата година ја лансира серијата 5Г-мобилни телефони „мате 60“, што ги изненади аналитичарите бидејќи му беше забранет пристапот до клучните чипови и технологијата потребни за 5Г-мобилен интернет.
Заедно со „Хуавеј“, само „Хонор“ забележа раст на продажбата меѓу првите пет брендови, според извештајот на „Контерпоинт“. Според „Контерпоинт“, „Виво“, „Ксијаоми“ и „Опо“ продале помалку мобилни телефони отколку во првите шест недели од 2023 година.
Извештајот исто така покажа дека уделот на „Епл“ на кинескиот пазар на паметни телефони паднал на 15,7 отсто од 19 отсто минатата година, што значи дека паднал од второто на четвртото место.
„Хуавеј“ се искачи на второто место, со пазарен удел од 16,5 отсто, речиси двојно повеќе од пред една година.
„Виво“ ја задржа позицијата на производител со најмногу продадени мобилни телефони и покрај падот на продажбата од 15 проценти.
Hitech
Илон Маск ги исмеа Инстаграм и Фејсбук: „Ако ја читате оваа објава…“
Сопственикот на апликацијата „Икс“ Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради неуспехот на Фејсбук и Инстаграм.
По цел ден корисници на Фејсбук, Месинџер и Инстаграм се жалеа дека не можат да пристапат до нивните сметки, медиумите објавија дека има дефект и дека не се знае кога ќе биде отстранет.
If you’re reading this post, it’s because our servers are working
— Elon Musk (@elonmusk) March 5, 2024
Поради оваа вест и прашањето на многумина, што всушност се случува, се огласи Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), на кого корисниците на оваа мрежа масовно му поставуваа прашања за падот на апликациите на Мета.
— Elon Musk (@elonmusk) March 5, 2024
„Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат“, напиша Маск на својот „Икс“ профил.