Забава
Кендис Овенс ја нарече Меган Маркл левичарски нарцис поради тврдењата за расизам
Коnтроверзната конзервативка Кендис Овенс ја исмеја Меган Маркл за тврдењата дека нејзиниот син бил жртва на расизам, нарекувајќи ја војвотката „типичен левичарски нарцис“.
„Ако сте виделе фотографија од Арчи и верувате дека претрпел антицрнечки расизам, тогаш јас сум нигериски принц и дајте ми податоци за вашата кредитна картичка“, му рече таа на Шон Ханити, водителот на „Фокс њуз“ во средата.
„Толку е смешно“, инсистираше Овенс, која неодамна навести можна претседателска трка за 2024 година.
Овенс (31) била особено огорчена што војвотката од Сасекс, наводно, поднела формална жалба за ТВ-водителот Пирс Морган, што на крајот довело до тоа поранешниот водител на Си-ен-ен да ја изгуби работата.
„Нејзиниот телефонски повик за да го замолчат неговиот глас затоа што не е задоволна од печатот… таа е типичен левичарски нарцисоид“, рече Овенс во емисијата.
„Ова навистина нема врска со кралското семејство, туку со левичарскиот прогресив во Холивуд“, се пожали таа, велејќи дека сега станува збор за клише за означување на што било со историја како расистичко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.