Забава
Ким Кардашјан критикувана за „скромната“ роденденска забава на приватен остров
Ким Кардашјан-Вест се соочува со критики на социјалните мрежи кога се пофали со раскошниот тропски одмор со семејството и пријателите на својот роденден во време на пандемија.
Таа го прослави својот 40-ти роденден на приватен остров со голема група семејство и пријатели.
А неколку дена потоа реалната sвездата наиде на остри критики, па дури и исмевање, за организирање раскошна забава, без социјално дистанцирање или маски среде пандемија на Ковид-19.
Таа тврди дека патувањето го организирала по низа здравствени прегледи, кои траеле две недели, и дека побарала од сите поканети да бидат во карантин пред да дојдат.
Објавувајќи фотографии од забавата на „Твитер“, Кардашијан-Вест вели „понизно се потсетувам на тоа колку е мојот живот привилегиран“.
Во обид да се оправда за непочитувањето на препораките, Кардашјан-Вест напиша серија твитови. „Пред Ковид-19 мислам дека никој од нас навистина не ценеше каков обичен луксуз беше да се патува и да се биде заедно со семејството и пријателите во безбедно опкружување“.
„Откога поминав две недели на здравствени прегледи и побарав од сите да се стават во карантин, го изненадив мојот најблизок круг луѓе со патување на приватен остров, каде што можеше да се преправаме дека работите се нормални барем на картко“.
„Танцувавме, возевме велосипеди, пливавме покрај китовите, возевме кајак, гледавме филм на плажа и многу повеќе“, напиша таа во серија твитови.
Коронавирусот уби повеќе од 1,1 милион луѓе и предизвика економски пустош во светот. Во САД рекорден број луѓе побараа надоместоци за невработеност оваа година како резултат на загуба на работното место поради пандемијата, коментираат весниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.