Забава
Кинеските социјални медиуми ја напаѓаат Карен Мок за поддршка на забраната за јадење кучиња и мачки
Хонгкошката пејачка-актерка Карен Мок се најде под оган на социјалните медиуми во Кина откако изрази поддршка за претстојната забрана за консумирање мачки и кучиња во јужниот кинески град Шенжен.
Овој потег на Шенжен уследи по резолуцијата донесена од постојаниот комитет на Националниот народен конгрес за забрана на тргување и консумирање диви животни, практика за која се смета дека помага во ширењето на коронавирусот што предизвикува Ковид-19.
Забраната на Шенжен исто така опфаќа и други видови што редовно се консумираат во Кина, како што се змии, желки и жаби, а влегува во сила од 1 мај.
Мок, позната активистка за права на животните, редовно ја подига свеста на социјалните медиуми за загрозените видови и разните непрофитни организации кои се фокусираат на зачувување на животните. Таа е исто така амбасадор во азиската Фондација за животни и хонгкошката асоцијација за спречување на суровост врз животните.
„Оваа вест е навистина инспирирачка. Со нетрпение очекувам во блиска иднина целата земја со закон да ја забрани потрошувачката на мачки и кучиња,“ Мок напиша на Веибо, кинески сајт за микро-блогирање.
Но, Мок – која има повеќе од 14 милиони следачи на Веибо, беше остро критикувана од кинеските нетџии (корисници на интернет) кои се спротивставуваат на забраната. Тие ја обвинуваат Мок дека ја прикажува Кина како нецивилизирана.
„Дебатата за да не им се дозволи на луѓето да јадат кучешко месо отсекогаш била вжештена. И само заради тоа што во развиените западни земји луѓето не јадат кучешко месо. Ова е смешно … дали ова значи дека Кина не е модерна или цивилизирана? ” пишуваат блогерите во Кина како што пренесува „Саут Чајна Морнинг Пост“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.