Забава
Командант Крег: Ѕвездата од серијалот 007 стана почесен офицер на кралската морнарица
Британската кралска морнарица во петокот соопшти дека sвездата на серијалот Џејмс Бонд, Даниел Крег, е прогласен за почесен командант во службата – истиот чин што го има и измислениот таен агент.
Во шпионските трилери на Јан Флеминг, кои всушност ја создадоа филмската сага, Бонд е поморски ветеран од Втората светска војна, кој работи за британската тајна служба со дозвола за убивање.
Крег беше прогласен за почесен поморски офицер пред лондонската премиера на No Time To Die, негово петто и, најверојатно, последно појавување како 007.
Од почетокот на серијалот во 60-тите, Бондовите трилери донесоа добредојден иако неофицијален и фиктивен публицитет за британските воени и разузнавачки служби. Вооружените сили на Велика Британија дозволија да се користат бази и персонал за потребите на најновиот филм „Не е време за умирање“.
Првиот лорд адмирал Тони Радакин, началник на Кралската морнарица, која соработуваше со Даниел и екипата на најновиот филм, рече дека Крег е познат по тоа што во последните 15 години беше командант Бонд – поморски офицер, кој ја чува Британија безбедна преку мисиите во светот, додавајќи дека тоа го прави и Кралската морнарица секој ден користејќи иста технологија и вештина.
Почесните поморски офицери се всушност амбасадори на службата.
„Воодушевен сум што можам да му посакам добредојде на почесниот командант Даниел Крег во Кралската морнарица. Нашите почесни офицери дејствуваат како амбасадори на службата споделувајќи ги своето време и стручност во пренесување порака за она што нашата глобална, модерна кралска морнарица го прави во целиот свет“, рече адмиралот.
„Даниел Крег во последните петнаесет години беше командант Бонд – поморски офицер, кој ја чува Британија безбедна преку разни мисии. Тоа го прави вистинската Кралска морнарица секој ден, користејќи технологија и вештина како и самиот Бонд“.
53-годишниот актер изјави дека се чувствува привилегиран и почестен што ја доби титулата, што му доделува ист ранг како и неговиот најпознат лик, Џејмс Бонд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Фустаните на принцезата Дијана изложени во Хонг Конг пред аукцијата
Светложолтата јакна обложена на рамениците и украсена со блескави златни копчиња, која ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња изложени во поранешната британска колонија пред аукцијата закажана за јуни.
Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена од четврток пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата секогаш кога се облекуваше и излегуваше, рече Мартин Нолан, директор на аукциската куќа „Џулиен“ со седиште во Калифорнија.
Познатата јакна од нарциси на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, а синиот вечерен фустан со ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.
Изложени е и вечерната тоалета со свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн и цветната тоалета на Кетрин Вокер, што Дијана ја носеше во 1991 година.
Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се присетува како толпата се насобрала на улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. „Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг“, вели Фунг.
Во 2023 година аукциската куќа „Џулиен“ продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милион долари.
Забава
Најдобри љубовници во зодијакот: четири знаци што немаат конкуренција
Дали сте љубопитни кои хороскопски знаци се огнени во креветот и маѓепсуваат со својот неодолив шарм и магнетна привлечност? Астрологијата ги открива тајните на сексуалната компатибилност.
Без разлика дали барате огнена страст или сензуална интимност, разбирањето на астролошките особини на вашиот партнер може да го однесе вашиот љубовен живот на нови височини.
Овие четири хороскопски знаци се познати по своите извонредни вештини во областа на интимноста:
1. Шкорпија
Шкорпиите се олицетворение на интензитет и страст. Со ненаситен апетит за задоволство ги оставаат без здив партнерите со своите заводливи вештини.
Нивната магнетна привлечност ги вовлекува другите во нивната мрежа на желби, каде што секој нивни допир го разгорува пламенот на страста. Во спалната соба Шкорпиите се бестрашни истражувачи, кои не се плашат да се нурнат во најдлабоките зони на интимност. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат желбите на партнерот создавајќи врска што го надминува физичкото.
2. Лав
Лавовите зрачат со самодоверба и во и надвор од спалната соба. Со својата магнетна харизма и енергија тие ги освојуваат партнерите со својот разигран и авантуристички дух. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а нивниот ентузијазам за задоволство нема граници. Во спалната соба тие зрачат со страст и креативност, а секоја средба ја претвораат во возбудлив спектакл. Со Лавовите очекувајте огномет и незаборавно искуство, кое ќе ве натера да сакате повеќе.
3. Бик
Бикот е синоним за сензуалност и уживање.
Како земјени знаци, тие се длабоко поврзани со физичкиот свет и уживаат во задоволствата што ги нуди. Бикот одлучно пристапува кон интимноста уживајќи во секој момент и препуштајќи им се на пофините работи во животот. Во спалната соба тие се внимателни љубовници, кои одвојуваат време да ја истражат секоја сензуалност и да ги исполнат желбите на партнерот. Со Бикот очекувајте фантастично искуство во креветот.
4. Вага
Вагите се мајстори за хармонија и рамнотежа. Со нивното шармантно однесување и силно чувство на емпатија тие без напор се поврзуваат со своите партнери на длабоко емотивно ниво. Во спалната соба Вагите им даваат приоритет на комуникацијата и заедничкото задоволство и создаваат безбедна и стимулативна средина за истражување. Тие се внимателни љубовници, кои секогаш се трудат да создадат чувство на хармонија и поврзаност што ја надминува физичката област.
Забава
Воз во Јапонија задоцнил 17 минути
Во Јапонија времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) воз доцни неколку минути, патниците веднаш добиваат формално извинување.
Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот навреме пристигнал во Токио од Нагоја, но поаѓањето за Осака било привремено прекинато, а причината е повеќе од бизарна.
Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како се влече на подот во еден од вагоните.
Повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.
Властите истражуваат како таа завршила во возот.
„Тешко е да се замисли дека змија ќе влезе во вагон на една од станиците. Имаме правила, кои забрануваат внесување диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, беше соопштено.