Забава
Крвната група го одредува карактерот на човекот, влијае на животот, работата и на љубовта
Заборавете на хороскопот, Јапонците открија дека карактерот на човекот се одредува според крвната група.
Во првата деценија на 20 век австрискиот лекар Карл Ландштајнер ја подели човечката крв на четири типа, денес познати како крвни групи 0, А, Б и АБ. Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на луѓето и секоја има свои специфики.
На пример, во земјата на изгрејсонцето постои верување дека крвната група го одредува карактерот, влијае на животот, работата и на љубовта.
Луѓе со крвна група 0
Луѓето со крвна група 0 се организирани и одлучни. Тие уживаат во чувството на моќ. Кога ќе го стекнат, не се двоумат да го користат. Тие се конкурентни и ќе направат сѐ за да ги постигнат своите цели. Тие се подобри во правењето пари отколку да градат пријателства.
Идеални работни места за крвна група 0: политичар, банкар, министер, брокер, професионален спортист, менаџер, претприемач.
Луѓето со крвна група А
Оние луѓе што имаат крвна група А често се упорни, доверливи и сакаат да имаат ред во својата работна средина. Тие се педантни, но не се склони кон занимања во кои се бара креативно размислување. Тие се добри тимски играчи и лоши менаџери. За разлика од луѓето со крвна група 0, кои често се нервозни и нетрпеливи, луѓето со крвна група А се многу мирни и трпеливи.
Идеални работни места за крвна група А: сметководител, економист, библиотекар, програмер.
Луѓе со крвна група Б
Луѓето со крвна група Б се придружени со глас на исклучително креативни, искрени и вредни луѓе. За жал, поради нивната послушност и недостиг на потфат и желба да преземат иницијатива – тие полека напредуваат. Тие ги прават работите на свој начин, дури и ако понекогаш ги прекршуваат правилата.
Идеални работни места за крвната група Б: детектив, уметник, занаетчија, психијатар, готвач, фризер.
Луѓе со крвна група АБ
Луѓето со крвна група АБ се исклучително чувствителни и лесно се повредуваат. Тие се најдобри во областите на стратешкото планирање, дипломатијата и правото. Тие се добро организирани и одлични преговарачи и се идеални кога треба да застанат меѓу два огна.
Идеални работни места за крвна група АБ: учител, адвокат, консултант, келнер, уметник, продавач/продажен патник, социјален работник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.