Забава
„Лакалут“-натпревар: Разоткриј ги чудовиштата на твојот заб и освој годишна резерва производи
Колку знаете за плакот што се создава на забите на децата и што треба да преземете за темелно да го отстраните? Ексклузивниот застапник за линијата „лакалут“, „Натусана Македонија“, подготви кампања за да ги едуцира родителите за правилната орална хигиена кај децата со цел отстранување на плакот, што е потребно за да се заштитат нивните заби, која храна треба да се јаде, а која да се одбегнува и други важни совети.
Во склоп на кампањата „Натусана“ организира и голем награден натпревар на kids.lacalut.mk, во кој учество ќе може да земат семејства со дечиња над четиригодишна возраст, кои ќе го купат специјалното пакување од детските пасти за возраст од 4 до 8 и 8+ со гратис раствор за отстранување на плакот.
Детектирајте го плакот кај децата со новото специјално пакување Lacalut
Малите невидливи чудовишта (производ на храната и пијалаците што се консумираат секојдневно) се присутни на површината на забите и многу често се случува поради неправилна техника на четкање, овие остатоци да формираат плак што останува на забите и може да предизвика кариес. Специјалните нови пакувања од детската линија „лакалут“, наменети за возраст од 4 до 8 и 8+, кои во себе вклучуваат гратис раствор за детектирање на плакот, ќе им помогнат на родителите и дечињата лесно да го детектираат плакот, а со тоа да се погрижат најмалите членови во семејството да практикуваат темелна орална хигиена. На родителите сите информации потребни за правилна и темелна хигиена и отстранување на плакот им се достапни на kids.lacalut.mk.
Вклучете се во натпреварот
Во склоп на кампањата, на kids.lacalut.mk од 17 септември почнува и голем награден натпревар кој ќе трае два месеца. Во овој период учесниците ќе треба да ја покажат својата креативност преку прикачување фотографија со специјалните пакувања наменети за возраст од 4 до 8 и 8+, растворот што доаѓа гратис во овие пакувања, како и да напишат мисла со која ќе опишат како тие ги разоткриле чудовиштата на забот (симбол за остатоците што остануваат на забите и го создаваат плакот).
Најкреативните десет учесници ќе освојат годишна резерва на производи „лакалут“ за целото семејство!
За повеќе информации, следете ја фан-страницата на Четко Четковски!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.