Контакт

Забава

Лејди Гага и Глен Клоуз им се придружија на принцот Хари и на Опра во ТВ-серија за ментално здравје

Објавено пред

Британскиот принц Хари и американската водителка и продуцентка Опра Винфри премиерно ќе ја прикажат својата документарна серија за ментално здравје подоцна овој месец, а меѓу личностите што придонесоа за овој проект се пејачката Лејди Гага и актерката Глен Клоуз.

dobivaj vesti na viber

ТВ-серијата The Me You Can’t See, која заедно ја креираат и продуцираат Хари и Винфри, ќе содржи приказни од гости од висок профил и гости од целиот свет на тема ментално здравје и емоционална благосостојба, „Епл ТВ-плус“, стриминг-платформата што ќе ја емитува програмата од 21 мај, соопшти во понеделникот.

Винфри нагласи дека документарната серија има цел да предизвика глобален разговор и да го замени срамот во врска со менталното здравје со мудрост и сочувство. Меѓу учесниците ќе бидат и кошаркарите Димар Дироузен од San Antonio Spurs и Ленгстон Галовеј од Phoenix Suns, соопшти „Епл“.

„Секој од нас носи некаква форма на нерешена траума, загуба или тага, која се чувствува и е многу лична“, рече принцот Хари, внук на британската кралица Елизабета.

„Сепак, изминатава година ни покажа дека сите сме во ова заедно. Јас се надевам оваа серија ќе покаже дека постои моќ во ранливоста, поврзаност во емпатијата и сила во искреноста“, додаде Хари.

Забава

(Видео) „Едвај ги чекам коментарите дека ова не е Кејт и е двојник“: дел од коментарите за најновата снимка на принцезата од Велс

Објавено пред

Во последно време на социјалните мрежи кружат многубројни теории, а се однесуваат на здравствената состојба на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која пред три месеци се повлече од јавноста поради закрепнувањето по операцијата.

dobivaj vesti na viber

Јавноста беше прилично загрижена за нејзината состојба и оттаму многуте теории. Сепак, сè пропадна бидејќи Кејт била видена додека пазарелa. Сега се појави видео, кое покажува дека Кејт е сосема добро.

Во тренирка, без шминка и со пуштена коса, таа одеше покрај Вилијам носејќи чанта од продавницата. Безгрижно разговарале, а според говорот на телото, изгледале прилично опуштено и безгрижно.

Секако, веднаш под видеото имаше коментари на луѓе што тврдат дека Кејт на видеото не оди покрај принцот Вилијам.

„Едвај ги чекам коментарите дека ова не е Кејт и е двојник, лош фотошоп и слично.

„Ова не е Кејт“, беше друг коментар.

„Ова е нејзиниот двојник!

„Таа навистина не личи на неа!

„Изгледа како старо видео!

Луѓето очигледно не може да се смират, ниту да се задоволат, па сигурно ќе има многу вакви коментари додека војвотката официјално не се појави во јавноста, што се очекува во текот на велигденската недела.

Прикажи повеќе...

Забава

Кралското семејство има доверба од граѓаните и покрај теориите на заговор, покажува анкета

Објавено пред

Повеќе од половина од луѓето во Велика Британија виделе теории на заговор на социјалните мрежи за отсуството на Кејт Мидлтон од јавниот живот, но тоа не ја поткопа довербата на јавноста во кралското семејство, покажуваат анкетите на YouGov.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето покажува дека 51 процент од луѓето на интернет виделе дискусии за теории за нејзиното отсуство, 44 отсто велат дека не виделе, а 5 отсто од испитаниците тврдат дека тоа не е сигурно.

На социјалните мрежи Katespiracies (Заговори за Кејт) варираат тврдења дека таа закрепнува. Некои се пошегуваа дека била исфрлена од кралското семејство.
Други теоретичари на заговор, како што тврди „Дејли мејл“, ги користеле социјалните мрежи за да ја наклеветат принцезата, па дури и американската старлета Ким Кардашјан објавила фотографија со натпис „На пат да ја најдам Кејт“.

Кејт се појави во јавноста откако претходно јавно се извини за преработената фотографија, која беше објавена на Денот на мајката, што исто така предизвика бес и разни теории на заговор во медиумите и на интернет.

Според „Скај њуз“, кралското семејство сепак ја задржало довербата на жителите на Велика Британија.

Девет отсто од анкетираните велат дека помалку ѝ веруваат на принцезата од Велс бидејќи таа отсуствува од јавниот живот, но исто толку ѝ веруваат повеќе од порано.

Многу повеќе испитаници, 68 отсто, тврдат дека нивното мислење не е променето во последните месеци.

Во текот на викендот принцот и принцезата од Велс беа видени како купуваат во продавница на помалку од еден километар од нивната резиденција во близина на замокот Виндзор.

 

Прикажи повеќе...

Забава

„Меган Маркл е нарцис кој го контролира принцот Хари“

Објавено пред

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, е нарцис кој контролира и доминира над слабиот принц Хари, според биографот на британското кралско семејство, Сали Бедел Смит.

dobivaj vesti na viber

Во својата нова книга „Џорџ VI и Елизабет: Бракот што ја спаси монархијата“, Бедел Смит ја спореди Меган со Американката Волис Смит, која го натера кралот Едвард VIII да абдицира во 1936 година бидејќи не можеше да се ожени со двапати разведената Смит, пишува „Тајмс“.

Едвард потоа беше наследен од Џорџ Шести, татко на кралицата Елизабета Втора, а кралското семејство никогаш не му прости за неговата абдикација, што, според Бедел Смит, тие го сметаа за предавство.

Авторот ги споредил ситуациите на кралевите Едвард и Џорџ со несогласувањата меѓу принцот Вилијам и принцот Хари и истакнал дека и во двата случаја „се појавила Американка што ја променила динамиката“. Меган наводно се судрила со Вилијам откога се омажила за Хари во 2018 година.

„Во некои аспекти, Меган и војвотката од Виндзор, Волис Смит, имаат слични квалитети: многу нарцисоидни, контролирачки и доминантни. И ако ги прочитате писмата на Дејвид (Едвард) до неговата претходна љубовница, можете да видите колку е слаб и колку му требаше доминантна жена, а Хари е донекаде ист“, тврди Бедел Смит.

„Тајмс“ пишува дека врската меѓу Вилијам и Хари е сериозно затегната откога тие наводно одбиле да се појават заедно на церемонијата на доделување награди во чест на принцезата Дијана минатата недела. Џорџ и Едвард, како Вилијам и Хари, беа блиски извесно време, но односите меѓу нив се заладија по абдикацијата и наводното поврзување на Едвард и Волис со нацистите, вели биографот.

„Поинаку е. Хари никогаш нема да биде крал. Но, мислам дека има слични чувства на предавство, кои водат до тоа Вилијам да му биде особено лут на својот брат и тоа со добра причина“, вели американската авторка.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ44 минути

Починато бебе: автомобилот во кој било превезувано излетал од патот помеѓу селата Босилово и Турново

Вчера, околу 12.50 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата...

Топ1 час

Допирал по телото малолетно девојче: уапсен 50-годишен маж од Албанија

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер, околу 20 часот, на улицата  Гоце Делчев во...

Македонија3 часа

Демири со „Баланс МК“ разговараше за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за мерење на гликемијата

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, вчера, оствари средба со претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“. На средбата...

Скопје3 часа

(Видео) Утрово се уриваше дивоградба во Ѓорче Петров: законот мора да важи еднакво за сите

Утрово, во скопско Ѓорче се уриваше дивоградба. Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општината, Александар Стојкоски, кој...

Македонија4 часа

За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси – дали и анкетите и стратегиите за кампањата се платени со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања,...

Свет4 часа

Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник, затрупани 13 лица

Во Амурската област на рускиот далечен исток воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“ во областа...

Свет5 часа

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за...

Свет5 часа

Дваесет загинати во израелски воздушни напади

Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа,...

Македонија16 часа

Јакимовски за ставањето на црната листа: Ниту Американци, ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија

Градоначалникот и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција изјави дека е изненаден од одлуката на...

Македонија20 часа

На црната листа на САД, Стевчо Јакимовски и Катица Јанева

Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот...

Македонија1 ден

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

„Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за...

Топ1 ден

Марихуана, повеќе видови таблети и мобилен телефон пронајдени при претрес во затворот во Битола

Вчера вечер, во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес...

Македонија1 ден

Запленети 22 автомобила при заедничка акција на Царината и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Министерството за внатрешни работи запленети се...

Македонија1 ден

Поштари нема, ама затоа за секој работник има по еден шеф – вработените во „Македонска пошта“ на протест повикаа на реорганизација

Вработените во Македонска пошта денес излегоа на протест од каде што повикаа на целосна реорганизација и систематизација на друштвото кое...

Македонија1 ден

Децата што ги имаат примено трите дози дитепер од денес може да одат во градинка

Децата кои имаат примени три дози вакцина дитепер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со...

Македонија1 ден

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. ДИК апелира до...

Свет1 ден

Бајден: Има двајца кандидати за претседател, но едниот е премногу стар и ментално неспособен

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е...

Македонија1 ден

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба...

Македонија1 ден

„Непотизмот во Охрид поврзан со Пецаков е потврда дека нема промена во ДПМНЕ“, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и...

Европа1 ден

Путин: Целиот свет се смее на она што се случува во Америка, тоа е катастрофа

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата „изборна победа“ покажува дека Москва е во право што му се спротивстави на...