Забава
Докажано е дека луѓето со оваа крвна група се најдобри љубовници
Тие уживаат во сè што прават во креветот и може да водат љубов со часови. Тоа се луѓето со крвната група 0, кои се познати како великодушни сексуални партнери на кои задоволството на другата страна им е исклучително важно. Понекогаш тие ќе си го скратат задоволството само за другата страна да ужива уште повеќе.
Инаку, нулта групата не само што е најчеста крвна група кај човечката популација, туку историски докажано е и најстара – истражувачите и историчарите посочуваат дека носителите на оваа крвна група беа, всушност, првите луѓе во светот.
Што се однесува до сексуалното задоволство што го обезбедуваат, може да се каже дека овој дел од населението се смета за дел што најдобро се снаоѓа во ситуации каде што се бара логично размислување и расудување, но и дека овие луѓе се најамбициозни, според порталот Nature and society magazine.
Луѓето со крвна група 0 се природно оптимистични, одговорни и совесни. Сепак, и тие имаат свои слаби точки, а тоа се стрес и здодевност. Тоа ги убива во поим и понекогаш предизвикува деструктивно однесување. Адреналинот е она поради што се чувствуваат живи – колку се поактивни, толку повеќе се полни со позитивна енергија.
Научниците од Универзитетот „Орду“ во Турција не открија толку добри вести за некои мажи. Тие тврдат дека од крвната група зависи каква им е потенцијата. Во нивната студија мажите со крвните групи А, Б и АБ имаат четирипати поголема веројатност да закажат во кревет, односно да страдаат од еректилна дисфункција во одреден период од својот живот.
Тие велат дека мажите со група 0 се вистински среќници затоа што мали се шансите дека ќе ја остават жената разочарана по сексот. За споредба, од мажите опфатени со истражувањето, 42 отсто од оние што имаат крвна група А имаат проблеми и само 16 проценти од нив со група 0. Научниците велат дека не е им е јасно како крвната група може да влијае на потенцијата, пренесува „Дејли мејл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.