Забава
Метју Меконахи навестува можно враќање во „Магичен Мајк“
Метју Меконахи неодамна откри дека сака да се врати во серијалот „Магичен Мајк“ во пресрет на третото продолжение.
52-годишниот оскаровец во разговор со „Вараети“ призна дека не слушнал ништо конкретно за сценариото на филмот, кој ќе го носи насловот „Последниот танц на магичниот Мајк“ (Magic Mike’s Last Dance).
Тој одигра голема споредна улога во оригиналниот филм од 2012 година како Далас, стриптизер што стана сопственик на клуб.
Сепак, тој одлучи да не ја репризира својата улога во продолжението од 2015 година Magic Mike XXL („Магичен Мајк Икс-икс-ел“).
Се чини дека Меконахи се чувствува попозитивно во врска со комичната драма пред нејзиниот трет дел за кој Стивен Содерберг повторно ќе ја земе режисерската палка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Синхронизираната авантура за деца „Смрдушковци“ од денеска во повеќе од 10 кина низ републиката
Германскиот детски филм синхронизиран на маедонски и албански јазик „Смрдушковци“, во режија на Јенс Мулер и Тоби Генкел, од денеска почнува да се прикажува во повеќе од 10 кина низ земјава. Во Скопје се прикажува во Кинотека, кината „Синеплекс“, „Милениум“ и „Киноверзум“, во Битола во Центарот за култура и киното „Манаки, во НУЦК „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, Дом на култура „Крсте Петков Мисирков“ Свети Николе, кината „Киноверзум“ во Велес и Штип и НУЦК „Бели Мугри“ Кочани, НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево.
Филмот се фокусира на проблемите на семејството Смрдушковци, мали зелени суштества кои живеат на депонија и јадат ѓубре, и има пораки погодни за децата за рециклирање, емпатија и инклузија.
Во потрага по својот нов дом, Смрдушковци се наделуваат во Смрдвил, едно прекрасно и весело селце. На жалост, во Смрдвил има еден гаден проблем: локалната депонија ја згадува целата околина. Нешто мора да се превземе! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдушковци на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдушковци, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдушковци сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.
Филмот беше прикажан на најголемите фестивали за детски и фамилијарни филмови како Џифони Италија, Интернационалниот фестивал за деца и млади во Бусан, Интернационалниот филмски фестивал во Сан Себастијан, Германскиот медиа фестивал за деца „Голденер Шпац“ и други.
Дистрибутер на филмот е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е помогната од German Films, како и од МЕДИА Креативна Европа преку меѓународниот проект KidSquare (Детско катче). Од крајот на месецов филмот ќе биде достапен онлајн на платформата cinesquare.net.
Забава
(Видео) „Его“ – нова песна, но и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi
„Его“ е новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текстот е напишан од Дади, а спотот е во продукција на TAKAT STUDIOS.
Станува збор за динамична поп-мелодија, која е надополнета со интересен спот, во кој доминираат двајцата аристи. Спотот е во режија на Генц Халими.
„Среќна сум што навистина по повеќе години објавувам песна, која е дует – соработка со друг артист. Дади е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ми се допаѓа неговата работа и секогаш сакам да дадам поддршка на наши домашни млади артисти. Снимањето на спотот го завршивме за еден ден. Снимавме цел ден и навистина уживав во креирањето на целиот проект“, вели Тамара за создавањето на „Его“.
Текстописец на „Его“ е самиот Дади, кој истакна дека секогаш пишува за моменти во кои учествувал. Преку зборовите сака да пренесе свои лични искуства и тоа е причина повеќе за да верува во песната.
„Ова е прва моја соработка со музичар како Тамара Тодевска, која е една од нашите најдобри и најпродуктивни пејачки – активна десетици години на македонската и регионалната музичка сцена. Можам да кажам дека е навистина убаво и поинакво искуство за мене. Како во процесот на снимање на песната во студио така и во продукцијата на самиот спот. Верувам дека песната ќе биде хит и ќе го одбележи овој период пред летото“, изјави Дади.
Песната ќе биде достапна и на сите музички платформи.
Забава
На новата листа на најубави плажи во Европа, дури четири се хрватски, само една е грчка
Ако ги барате најдобрите плажи во Европа, некои се, всушност, многу блиску, во нашето соседство.
Дури четири хрватски плажи се најдоа на листата на најубави во Европа составена од Book Retreats, популарна онлајн-платформа за барање специјализирано сместување, пренесува Punkufer.hr.
„Во нашата анализа за најдобрите европски плажи за 2024 година Шпанија се покажа како главна европска дестинација за уживање во сонцето, морето и прекрасниот брег. Италија и Португалија не заостануваат, а не треба да се занемари ниту Хрватска со четирите идилични плажи“, пишува Book Retreats.
Најдобрите европски плажи во 2024 година
1. La Concha, Шпанија
2. Praia da Falésia, Португалија
3. Плажа Пасјача, Хрватска
4. Las Canteras, Шпанија
5. Lama Monachile, Италија
6. Cala Comte, Шпанија
7. Tuerredda, Италија
8. Галебове стјене, Хрватска
9. Плажа Мала Радуча, Хрватска
10. Marinha, Португалија
11. San Juan Playa, Шпанија
12. Spiaggia dei Conigli, Италија
13. Cala Saladeta, Шпанија
14. Playa de Mónsul, Шпанија
15. Ponta da Calheta, Португалија
16. Seitan Limania, Грција
17. Praia da Armona, Португалија
18. Опрна, Хрватска
19. Spiaggia di Mari Pintau, Италија
20. Praia do Garajau, Португалија
21. Warnemünde Strand, Германија
22. Primera Playa del Sardinero, Шпанија
23. Terra Estreita, Португалија
24. Porto Giunco, Италија
25. Cala Capreria, Италија