Забава
Најскапата куќа во светот: Има 40 спални соби, осум гаражи, тениско игралиште, сауна
Лондонската „Холм“ е најскапата куќа во светот која што во моментот е на продажба, пишува „Фајненшл тајмс“. Според нивните сознанија, се продава за неверојатни 300 милиони фунти.
„Холм“ е замок стар 205 години во Риџентс Парк, Лондон. На пазарот беше пуштена откако беше преземена од член на саудиското кралско семејство. Ако ја достигне бараната цена, ќе стане најскапиот имот што некогаш бил продаден во Обединетото Кралство.
London’s most valuable house is up for sale for £300 million.
The Holme, a mansion inside Regent's Park with four acres of land. pic.twitter.com/pj4HUt9ffp
— MTZ (@Tobeech) March 2, 2023
„Холм“ го симна од тронот трикатниот пентхаус во Њујоршкиот Централ парк, кој беше пуштен на пазарот во септември за 250 милиони долари.
Оваа лондонска палата е изградена од Џејмс Бартон уште во 1818 година. Прво, во палатата живеело неговото семејство, а потоа замокот се користел за колеџот Бедфорд. Таа стана приватна резиденција во 1980-тите.
Вилата има 40 спални соби и се простира на четири хектари парк во близина на срцето на Лондон. Покрај бројните соби, има осум гаражи, тениско игралиште, сауна, библиотека и голема трпезарија.
Поради нејзината фасада и големина, многу луѓе ја споредуваат оваа вила со Белата куќа во Вашингтон. „Холм“ го привлекува интересот на странските инвеститори, исто како и другите куќи во скапите лондонски области. Имено, 48 отсто од куќите во најскапите делови на Лондон во првите шест месеци од 2022 година биле продадени на меѓународни купувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хајди Клум: Лута сум на Софија Вергара поради Гризелда
Хајди Клум изјави за Entertainment Tonight дека е лута на колешката, судијката на America’s Got Talent, Софија Вергара, затоа што актерката не успеала да и даде улога во нејзината нова серија на Нетфликс, Гризелда.
„Бев вознемирена, па ја прашав: „Зошто не можев да бидам една од твоите роднини? Можев да бидам братучетка што не зборува, бидејќи очигледно не зборувам шпански“, рече 50-годишниот легендарен, германски модел.
Да потсетиме, биографската криминалистичка драма Гризелда за кумата на кокаинот, озлогласената нарко шефица Гризелда Бланко ги маѓепса гледачите ширум светот.
Забава
Алберт од Монако проговори за сопругата: „Многу е вознемирена поради тоа што се пишува“
Принцот Алберт од Монако во ново интервју, по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности. Сепак, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е многу вознемирена поради се.
Принцот Алберт зборуваше за Paris Match два месеци откако сметководителот Клод Палмеро откри дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од 1 милион евра годишно.
„Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи кои излегоа во медиумите. Се поддржувавме еден со друг. Таа се врати на многу нејзини активности, презема повеќе јавни ангажмани, на општо задоволство на сите“, рече тој.
Протечените документи го обвинуваат и кралското семејство дека вработува илегални имигранти. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кралското семејство повеќе од две децении, но се повлече во јули.
Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“ затоа што речиси никогаш не се насмевнува во јавност. Нејзиниот брак со Алберт често се зборуваше дека е во криза, но парот продолжува да се појавува заедно во јавноста.
Забава
Италијански модел: Толку сум убава што луѓето мислат дека сум вештачка интелигенција, тоа е фрустрирачки
Италијанската манекенка Инес Трокија има 1,6 милиони следбеници на Инстаграм и ги израдува обожавателите со своите фотографии. 29-годишната инфлуенсерка од Неапол соработувала со многу познати имиња во светот на модата, од Филип Плејн до Долче и Габана, а со своите следбеници често споделува фотографии кои собираат стотици илјади лајкови.
View this post on Instagram
Сепак, убавата Италијанка се соочува со малку бизарни обвинувања. Имено, Инес тврди дека е толку убава што луѓето често ја обвинуваат дека е модел со вештачка интелигенција, пишува New York Post.
View this post on Instagram
„Исклучително е фрустрирачки што луѓето мислат дека сум модел со вештачка интелигенција. Тоа е сосема лудо за мене”, се пожалила Инес, која со години позира пред камерите и го усовршува својот талент.
View this post on Instagram
„Шокантно ми е тоа што некои луѓе се прашуваат дали сум реална. Мислам дека мојот профил не личи на бот-профил. Секогаш можеш да кажеш кога се користел модел со вештачка интелигенција бидејќи тие го имаат истиот тажен израз на секоја фотографија и видео“, објасни таа.
Покрај тоа, таа објасни дека измамниците често и прават фотографии и видеа, а потоа и фотошопираат друго лице на нејзиното тело.
View this post on Instagram
„Некој од бот профил ми украде едно од видеата и таму доби повеќе прегледи отколку на мојот профил. Разговарав со некои мои колеги и пријатели од индустријата и тие го имаат истиот проблем“, објасни Инес, на која не и се допаѓаат модели со вештачка интелигенција.
View this post on Instagram
„Некои од профилите со вештачка интелигенција што ги видов поставуваат невозможни стандарди. Моделите со вештачка интелигенција имаат тенденција да имаат супер бебешки лица со гради и црти на лицето непропорционални со нивните тела“, заклучи таа.
View this post on Instagram
Инаку, моделите со вештачка интелигенција неодамна станаа хит на Инстаграм, а една од нив е виралната сензација Емили Пелегрини, која го привлече вниманието на милионерите и спортистите. Единствениот проблем е што, за разлика од Инес, таа не е вистинска.